дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Lancia > Lancia Ypsilon > Краток опис за моделот
Lancia Ypsilon Lancia Ypsilon
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 13500
веќе од 225 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
5.1
Изглед
6.5
Перформанси
3.5
Возна динамика
4.7
Зад управувачот
5.7
Удобност
4
Простор и практичност
3.5
Квалитет и доверливост
4.5
Цена/Опрема
5.5
Трошоци за користење
5.7
Безбедност и сигурност
7
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Рубин, Смарагд, Сафир, Lancia Ypsilon…

Ако Mini е за љубителите на ретрото и спортските перформанси, A1 за оние кои сакаат германска прецизност, а DS3 за приврзаниците на модерната француска екстраваганција, тогаш за љубителите на безвременската убавина и високиот стил, изборот секогаш доаѓал од чизмата... Помеѓу сите автомобили од премиум ниската класа, Lancia Ypsilon е како скапоцен камен.


Иако наизглед сличен на претходникот, без преголеми промени во дизајнот, Ypsilon и натаму е еден од најекстравагантните модели кој ќе се тркала по улиците и со сигурност ќе привлече многу погледи. Мајсторијата на дизајнерите се гледа и во способноста да се скрие задниот пар на врати – главните конкуренти имаат само три, а однадвор тоа и не се забележува.

Моторизацијата ја сочинуваат два бензинци и еден дизел мотор. Дијамантот во понудата е 0,9 литарскиот TwinAir бензинец со два цилиндари и 85 КС, кој е исклучително економичен и нуди одлични перформанси. Дизелот го каратеризира повлекувањето од ниски вртежи, додека основниот 1,2 бензинец со 65 КС е наменет за оние кои бараат лежерно возење.

Ypsilon вози задоволително стабилно, но, пред се поради високата каросерија, се навалува малку повеќе во свиоците, а и нема особено прецизно и директно управување. Сепак, што веројатно е и позначајно, возењето низ град е вистинска леснотија – педалите се меки, управувањето лесно, менувачот прецизен... Ypsilon е навистина брилијантен во секојдневното возење. Покрај тоа, Ypsilon е и значително поудобен од „спортски“ ориентираните конкуренти, иако и натаму не може да конкурира на најудобните во нормалната ниска класа на автомобили.

Иако еден од најкратките, благодарение на високата каросерија, Ypsilon е најспростран модел во премиум класата. Исто така, благодарение на вратите во задниот дел, повисока е и практичноста, но не очекувајте многу отвори за ситници во внатрешноста или којзнае колку голем багажник – брои просечни 245 литри. Високо поставениот менувач пак е вистинското решение за еден градски автомобил – секогаш е близу на дофат на раката. Сепак, за целосно удобна позиција зад управувачот недостасува потпирач за рацете во средина, а и командите на централната конзола, иако убави на изглед, не се доволно интуитивни и бараат често тргање на погледот од патот.

Некако премиум производителите не навикнаа на малку опрема во основните модели, но кај Ypsilon тоа не е случај. Италијанскиот модел е опремен со целосна електрика, клима, аудио уред со CD+MP3, Start&Stop и волан и менувач во кожа... Сепак, во однос на „нормалните“, односно непремиум конкуренти, опремата е послаба. Ценовно, Ypsilon влегува во рангот на компактната класа. И покрај тоа, поповолен е од многу од премиум малите конкуренти. Lancia ветува и ниски трошоци за одржување, а многу од резервните делови имаат слична цена на оние на Fiat. Новиот 0,9 бензинец го карактеризира и исклучително ниска потрошувачка, просечно под 6 литри на 100 km, а дизелот може да се задржи и под 5. Истото не важи и за основниот бензинец, кој троши околу 7,5 литри во просек.

Ypsilon e вистински автомобил со срце и душа за перчење низ урбаната џунгла. Можеби нема да го разбуди тркачот во вас, но италијанскиот премиум малечок е вистински автомобилски шармер, забавен и привлечен на свој посебен начин... Висока препорака за сите млади кои сакаат да го искажат својот афинитет кон уметничкото и екстравагантното.

ПРЕДНОСТИ
• Исклучително допадлив и екстравагантен дизајн
• Попространа кабина во однос на премиум конкурентите
• Заден пар врати (+ во однос на премиум конкурентите)
• Удобен и рафиниран
• Лесен за возење низ град
• Добро поставен менувач
• Висок квалитет на материјали и изработка
НЕДОСТАТОЦИ
• Нешто повисока потрошувачка од 1,2 моторот
• Послаба ергономија - недоволно јасни команди
• Возните својства не се на ниво на конкуренцијата


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Lancia Ypsilon  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Audi A1
 
Audi A1
17362 - 23913
Fiat 500
 
Fiat 500
9950 - 15600
MINI Cooper Coupe
 
MINI Cooper Coupe
22900 - 36900
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Премиум мали
 
Alfa Romeo Mi.To15500 €
Audi A117362 €
Citroën DS315690 €
Fiat 5009950 €
MINI Cooper Coupe22900 €
Opel Adam12458 €
Opel Adam Rocks *15851 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
МИНИ АВТОМОБИЛИ       НИСКА КЛАСА       ПРЕМИУМ - МАЛИ       НИСКА КЛАСА СЕДАНИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Lancia

www.automobilesk.com.mk

Импортер за Македонија
Аутомобиле СК

Тел: 02 / 3093 - 100

Адр: ул. Скупи бб

Работно време:  08:30 – 18:00
сабота:  09:00 – 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Lancia модели
Delta Ypsilon





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook