|
Информации за автомобилот
|
|
|

Најспротскиот моноволумен, но не и најсемејниот
|
Веќе стана и очекувано Ford да ги прави најдинамичните и најспортски возила, но, одговара ли таквиот карактер на секоја класа? C-Max вози навистина динамично за еден моноволумен, но му недостасува подобра удобност и функционалност.
|
Поголемиот, Grand модел е опремен со странични лизгачки врати, кои го олеснуваат влегувањето во потесни паркинзи, а има и доволно модуларна внатрешност. Сепак, недостатокот на ваквите врати во обичниот модел е голем минус. Простор има во сите правци, но седењето на средното седиште позади е мошне неудобно. Багажникот брои 550 литри, што е одлична бројка, но со спуштањето на задните седишта не се добива целосно рамен под. Зад воланот, лесно е да се најде идеалната позиција, но прегледноста во предниот е слаба и во предниот и во задниот дел, додека командите не се најинтуитивни за користење.
Во возење, C-Max се однесува исклучително динамично и малку се навалува во кривините, што е особено импресивно бидејќи се работи за висок автомобил. Но, удобноста не е на највисоко ниво, особено на задната клупа, што е голем минус за еден семеен автомобил. Рафинираноста исто така не е на највисоко ниво – EcoBoost и дизел моторите произведуваат многу вибрации, додека четири цилиндричните се бучни. При повисоки брзини се слуша и многу звук од ветерот и тркалата.
Од достапните мотори, основниот бензинец со четири цилиндари мора да се избегне, бидејќи нуди слаби перформанси и многу, многу висока потрошувачка. Новиот EcoBoost турбо бензинец со зафатнина од 1,0 литар е многу подинамичен и троши помалку гориво, односно 8 во град (9 со поагресивно возење). Дизелот со 95 КС нуди просечни перформанси и препорака е посилниот со 115 КС. И дват трошат околу 6,5 литри (преку 7 со поагресивно возење).
Во поглед на квалитетот, инженерите на Ford успеале на местата каде допираат рацете да стават поквалитетни материјали, што сепак не значи дека внатрешноста е квалитетна. Напротив. На тестирањата за доверливост, C-Max е нешто подобар од другите автомобили на брендот, но и натаму не е меѓу најдобрите воопшто.
Основната цена на C-Max се чини коректна, особено со оглед на понудената моторизација, но опремата има многу недостатоци, како на пример најобичен клима уред. Добро опремените модели поминуваат и преку 20.000 евра, што и не е премногу конкурентно.
Ако сумираме, Ford повторно направи еден исклучително возлив автомобил, што нас, како автомобилски новинари, секогаш не импресионира. Сепак, C-Max не е направен за тркачи, туку за семејствата и како таков, има неколку сериозни недостатоци.
НИВОА НА ОПРЕМА
1-во ниво | TREND
- Active City Stop - Систем за автоматско сопирање при брзина до 50 км/час,
- ABS + ESP + EBA,
- Помош при тргнување во нагорнина,
- Светлосна сигнализација при нагло сопирање,
- Предни и странични воздушни перници,
- Воздушни завеси во прв и втор ред,
- ISOFIX,
- Предни и задни диск сопирачки,
- Висински подесиви предни сигурносни појаси прицврстени во 3 точки со предзатегачи и звучен сигнал за ненаместен појас на предните седишта,
- Задни сигурносни појаси прицврстени во 3 точки,
- Централно далечинско заклучување, 2 клуча (1 преклоплив),
- "My Key Gen II",
- Имобилајзер,
- Систем за следење на притисок во гумите,
- Преден и заден браник делумно во боја на каросерија,
- Предна решетка со хромирана рамка,
- Рачки на вратите во боја на каросерија,
- 16" челични фелни со 205/55R16 гуми,
- Сет за поправка на пневматици,
- Тонирани стакла,
- Ел. подесиви предни прозори,
- Ел. подесиви и загревани ретровизори со странични индикатори во боја на каросерија,
- Халогени предни светла со црно куќиште,
- Предни и задни светла за магла,
- Дневни светла,
- Мануелно нивелирање на фарови,
- Мануелен клима уред,
- Темпомат со можност за ограничување на брзината,
- "Regenerative" сопирачки,
- Start/Stop систем,
- Серво управувач подесив по висина и длабочина,
- ICE Pack 1 - (Радио/Am/FM/CD, командии за радио на волан, 4 звучници),
- Централна конзола со 2 отвора за чаши и Powerpoint
- приклучок, Мала горна конзола,
- Кожен волан со 3 краци,
- Кожна рачка на менувачот,
- Џебови во задниот дел од предните седишта,
- Куки во багажен простор,
- Возачко седиште подесиво по висина,
- Лумбална подршка на возачкото седиште,
- Три засебни задни седишта со можност за преклопување на централното,
- Предни велур патосници со Ford лого
2-ро ниво | BUSINESS
Содржи се што има TREND, плус:
- 16" алуминумски фелни со 5x2 краци - Arctic Grey и 215/55R16 гуми,
- Двозонски автоматски клима уред,
- Задни паркинг сензори,
- Централна конзола со наслон за рака,
- Рачна сопирачка во Z форма,
- Отвори за клима во задниот дел,
- Aux приклучок во багажниот дел,
- Задни завеси за сонце за втор ред седишта,
- ICE Pack 2 - (Радио/Am/FM/CD, командии за радио на волан, 4,2" TFT монитор за радиото,SYNC I, Bluetooth и Voice control, USB приклучок, 8 звучници)
3-то ниво | SPORT
Содржи се што има TREND, плус:
- Стартување на возилото без клуч,
- Заден споилер,
- 17" алуминиумски фелни со 215/50R17 гуми,
- Амбиентално LED светло во кабина,
- Ел.на задни прозори,
- Халогени предни светла во алуминиумско куќиште,
- LED дневни светла,
- Автоматски светла,
- "Follow me home" светла,
- Сензор за дожд,
- Задни паркинг сензори,
- Централна конзола со остава,
- Предни спортски седишта со сив пораб,
- Црн тапацир на кров,
- Црн покрив,
- Црни странични ретровизори,
- Предна црна решетка,
- Преден и заден браник во боја на каросерија
4-то ниво | TITANIUM
Содржи се што има BUSINESS, плус:
- Влегување и стартување на возилото без клуч,
- Ел. заклучување на задните врати за заштита на деца,
- Хромирани лајсни на вратите,
- Предна решетка со хромирани хоризонтални лајсни,
- Прагови на предните врати со "Ford" лого,
- 16" алуминумски фелни со 10 краци и 215/55R16 гуми,
- Ел. подесиви задни прозори со глобално отварање и затварање,
- Халогени предни светла во алуминиумско куќиште,
- LED дневни светла,
- Автоматски светла,
- "Follow me home" светла,
- Сензор за дожд,
- Електрохроматски самозатемнуван внатрешен ретровизор,
- Конзола во горниот преден дел со држач за очила,
- Дополнителен ретровизор за набљудување на деца во задниот ред,
- LED амбиентално светло во кабина,
- Задни велур патосници,
- Совозачко седиште подесиво по висина,
- Лумбална подршка на совозачкото седиште,
- Задна лизгачка клупа - дијагонално движење на задните седишта,
- 3 задни поединечни седишта со систем за лесно отстранување,
- Задно централно седиште со "Bunny-hop"
5-то ниво | TITANIUM X
Содржи се што има TITANIUM, плус:
- 17" Premium алуминумски фелни 5x2 краци и 15/50R17 гуми,
- Ел. преклопливи ретровизори,
- Bi-Xenon светла,
- Прскалки на фаровите,
- Автоматско нивелирање на фарови,
- "Static bending" светла,
- Систем за автоматско паркирање,
- Полуавтоматско паралелно паркирање,
- Перпендикуларно паркирање,
- Асистенција при излегување од паркинг место,
- Предни и задни паркинг сензори,
- ICE Pack 36 - Sony - (Sony аудио систем, Радио / ЦД, команди на волан за р/цд, 8" TFT мултифункционален дисплеј осетлив на допир, Bluetooth / Voice control, USB, 9 звучници, двојна AM/FM антена, влез за SD картичка, SYNC III),
- Делумно кожни седишта,
- Загревани предни седишта,
- Ел. подесиво возачко седиште во 6 правци
|
|
ПРЕДНОСТИ
|
|
|
• Одлични возни својства | • Солидни EcoBoost мотори | • Пространа внатрешност | • Голем багажник |
|
|
|
НЕДОСТАТОЦИ
|
|
|
• Недоволно удобно возење | • Слаба рафинираност | • Сиромашна опрема |
|
|

Спореди со предности и недостатоци на друг модел.
|
|
КОМЕНТАРИ - СТРАНА
1 од 1
|
|
Вашето име
Коментар
Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари.
Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.
|

|