дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Alfa Romeo > Alfa Romeo Giulia 2019 > Краток опис за моделот
Alfa Romeo Giulia 2019 Alfa Romeo Giulia 2019
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 38800
веќе од 646 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Alfa Romeo Giulia – противотров за досадната премиум конкуренција

Кога Alfa Romeo најави дека повторно развива конкурент на BMW 3 Series и Mercedes C Class, многумина беа скептични. И со право – претходникот 159 не беше на нивото на кое не имаше Alfa Romeo навикнато во минатото. Сепак, новиот модел не само што ја врати Alfa Romeo на мапата на купувачите, туку инјектираше нова енергија во средната премиум класа, правејќи останатите модели да делуваат досадно и застарено.


И тука не мислиме само на карактеристичниот италијански дизајн кој привлекува многу погледи од околината. Giulia е автомобил кој го разигрува срцето и кога ќе влезете во ентериерот и кога за прв пат ќе ги ставите дланките на спортскиот волан со отсечен долен дел и ќе пробате како прецизно менувачот поминува низ степените на пренос. Едноставно, Giulia зрачи со возачка енергија како ниту еден друг модел во сегментот.

Органска синергија меѓу возачот и машината
И ова не е само првичен впечаток. Во возење, Giulia се однесува исклучително динамично и агилно, како ниту еден друг модел во класата. Едноставно, Италијанците постигнале толкава перфекција во тоа како вози овој седан, што чувството кога ќе го завртите воланот е како да се наоѓате во тркачки автомобил – носот секогаш одговорно влегува во кривината, а задниот крај лесно се задржува залепен на земјата. 
 
И не само тоа – Giulia комуницира со возачот преку воланот како ретко кој друг во автомобилската индустрија, како да се поврзувате со него на органско ниво ниво со него. Тука секако помага и извонредната поставеност зад управувачот – нозете се испружени, а тој е близу до рацете, како во болид. Управувањето на Giulia не само што е органско, туку и удобно – никој не би се бунел да извози и 1.000 km во овој автомобил, особено ако изберете помек мод на возење со DNA џојстикот (D е најдинамичен, A е најкомфорен).
 
Високо ниво на комфор и удобност за патниците
Експертизата на Alfa Romeo во правењето на спортски автомобили за купувачите кои сакаат и функционален автомобил, позната низ нивната богата историја, не се покажува само преку возните својства. Напротив, скоро секоја легендарна Alfa Romeo низ историјата е и добар модел за долги патувања, за сите патници. Giulia е веројатно бенчмаркот кога е во прашање балансот меѓу возните својства и удобноста – суспензијата го држи автомобилот да не се навалува во кривините, а воедно и суверено ги впива сите дупки од патиштата. 
 
Покрај тоа, во кабината има доволно простор за возрасни патници до 180 cm и на предните и на задните седишта, во рамките на класата. Багажникот пак има 480 литри, што се чини е доволно за потенцијалните купувачи и слично на другите премиум конкуренти. Сепак, моделите со дизел мотор имаат се побучни од карактеристичното во класата и самите мотори работат со малку повеќе вибрации. Од друга страна, покрај прецизните мануелни менувачи со 6 степени, Giulia се нуди и со одлични 8-степени автоматски менувачи, кои меко и брзо ги менуваат степените на пренос.
 
Понизок квалитет на ентериерот, просечен мултимедијален систем
Деталната инспекција на ентериерот на Giulia открива дека главниот фокус на инженерите бил во механиката. Ентериерот не евтин, но е далеку од нивото на другите премиум конкуренти. Едноставно, на многу делови има пластика која не припаѓа на модел од премиум класата, а воедно и прецизноста во изработката не е на посакуваното ниво.
 
Работите се подобруваат кај мултимедијалниот систем, кој доаѓа со голем централно поставен 8,8 инчен дисплеј, но и кај него има некои нејасности во корисничкиот интерфејс. Германците дефинитивно имаат подобри мултимедијални системи, со кои полесно се оперира, но ниту тој во Giulia не е тежок. Би рекле дека ќе се навикнете со време.
 
Коректно поставена цена и ниска потрошувачка од дизел моторите
Во поглед на цената, Giulia е поставена малку пониско од германските конкуренти, а и моделите доаѓаат со повеќе стандардна опрема. Исто така, доплатите за повисоките нивоа и поединечните ставки на опрема се помали отколку кај германските модели, што е одлична вест.
 
Уште подобра вест е што дизел моторите знаат да бидат исклучително штедливи. Ние го препорачуваме оној со 180 КС, кој има одличен баланс меѓу перформансите и потрошувачката. Поточно, тој троши околу 9-10 литри во град со поспортско возење, но може да се спушти и под 8 литри со дефанзивно возење, а на отворен пат троши под 6 литри гориво. Засега единствениот достапен бензинец кај нас е во супер спортскиот модел QV, кој е вистинска „посластица“ за возење и развива 510 КС, овозможувајќи максимална брзина од 307 km/h!
 
Вљубениците во спортските седани конечно добија нов миленик
Додека останатите модели во средната премиум класа омекнаа, за да заинтересираат поширок круг на купувачи, Alfa Romeo ја задржа спортската ДНК во нивниот нов модел. Giulia овозможува извонредно возачко доживување, а во манирот на добар премиум седан, нуди и високо ниво на комфор во ентериерот и одлична удобност. И иако малку поевтиниот ентериер не потсетува дека во светот ништо не е совршено, срцето, кое и натаму се забрзува кога ќе се потсетиме на километрите поминати со овој автомобил, не ни дозволува широкоградо да не ја препорачаме Giulia. Со неа, сигурни сме дека ќе бидете целосно среќни!
ПРЕДНОСТИ
• Најдобра динамика и возни својства во класата
• Супер прецизно и директно управување
• Воланот враќа еден тон информации од патот
• Одлична возачка позиција со високо ниво на ергономија
• Комфорна внатрешност за 4 возрасни патници
• Суспензијата одлично ги впива нерамнините од патот
НЕДОСТАТОЦИ
• Ентериерот не остава премиум впечаток
• Дизел моторите се побучни од конкуренцијата
• Мултимедијалниот систем е малку потежок за употреба


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Alfa Romeo Giulia 2019  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Audi A4
 
Audi A4
31660 - 57921
BMW Серија 3
 
BMW Серија 3
31170 - 53160
Mercedes-Benz C-Class
 
Mercedes-Benz C-Class
33990 - 99790
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Премиум седани
 
Audi A431660 €
Audi A5 Sportback38777 €
BMW Серија 331170 €
Citroën DS529900 €
Lexus IS 38500 €
Mercedes-Benz C-Class33990 €
Peugeot 508 - 201933620 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
СРЕДНА КЛАСА       ПРЕМИУМ - СРЕДНА КЛАСА       СРЕДНО - ВИСОКА КЛАСА       ВИСОКА КЛАСА       
 

Одберете друг автомобил
     

Alfa Romeo

www.automobilesk.com.mk

Импортер за Македонија
Аутомобиле СК

Тел: 02 / 3093 - 100

Адр: ул. Скупи бб

Работно време:  08:30 - 18:00
сабота:  09:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Alfa Romeo модели
4C 2019 4C Spider 2019
Giulia 2019 Giulia QV 2019
Giulietta 2019 Mi.To
Stelvio 2019 Stelvio QV 2019





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook