дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Škoda > Škoda Kodiaq - 2018 > Краток опис за моделот
Škoda Kodiaq - 2018 Škoda Kodiaq - 2018
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 24170
веќе од 402 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Skoda Kodiaq: Седум седишта за купувачите со помал буџет, но со неколку компромиси

Веќе и стана вообичаено да очекуваме од Skoda да понуди повеќе „лим“ и следствено на тоа простор во внатрешноста од еквивалентните модели на Volkswagen и Seat, со кои ја дели платформата. Skoda Kodiaq, нивниот нов SUV е уште еден таков автомобил - ја дели платформата со Tiguan, но додава околу 30 сантиметри на должината и трета клупа во багажникот.


Благодарение на тоа, Kodiaq конкурира на автомобили од типот на Mitsubishi Outlander и Nissan X-Trail, кои се слични по димензии и исто така имаат клупа во багажникот, но се делумно поскапи. Прашањето е, дали Kodiaq има квалитети со кои може да конкурира на тие модели и воопшто, дали навистина ви треба модел со 7 седишта?
 
Кабината е флексибилна, но не е најпространа во сегментот
Skoda Kodiaq е еден од најголемите автомобили во класата и надворешните димензии за среќа се пренесуваат и во внатрешноста. На предните и задните седишта има доволно простор за возрасни патници, иако вреди да се каже дека конкуренцијата со 7 седишта нуди по некој сантиметар повеќе на задната клупа, а истото важи и за многу конкуренти со само 5 седишта (како на пример RAV4, па и Tiguan). Kodiaq мора да се пофали за големиот број на места за одлагање ситници во внатрешноста - пред совозачот на пример има две фиоки.
 
Задната клупа за среќа може да се лизга напред/назад, што им овозможува на патниците да изберат меѓу простор на задната клупа и/или багажен простор, односно простор за патниците на третата клупа. Кога сме кај неа, таа е комфорна само за деца и има доволно простор за колената, но многу ограничен простор за главата. Исто така, со дигнат трет ред на седишта, багажникот брои само 270 литри и реално може да прими само кеси од шопинг.
 
Од друга страна, со спуштена трета клупа, Kodiaq има багажник со зафатнина од 720 литри, што а апсолутен рекорд во класата - толку товар можат да проголтаат само SUV автомобили од високите класи. Според тоа, наша препорака е да го купите Kodiaq не поради тоа што има 7 седишта, туку поради огромниот багажник.
 
Возењето е недоволно удобно, особено на нашите патишта
Со оглед на тоа што се работи за голем, простран SUV, многу е чудна одлуката на инженерите да го направат Kodiaq поспортски за возење, особено што не успеале целосно. Суспензијата е тврдо донесена и придонесува за тоа автомобилот да остане рамен во кривините, но управувањето е многу лесно и непрецизно, а и Kodiaq има повисока тежина која ја намалува динамиката при брзи промени на правецот.
 
Сето ова резултира и со недоволно удобно возење. На патиштата кај нас, кои имаат многу нерамнини и дупки, возењето е особено нервозно и не се смирува дури ниту кога ќе излезете на автопат. Во моментов може да ни текна на цела плејада модели кои ќе бидат поудобни за патување за сите патници, а не само за возачот. Штета, зошто во глобала моторите се тивки и рафинирани, а и звучната изолација добро ја изолира кабината при повисоки брзини.
 
Предната конзола не делува особено луксузно, но е добро изработена и функционална
Дизајнот на предната конзола на Kodiaq е многу конзервативен, а истата е скоро целосно облечена во мека пластика. Ова значи дека е квалитетна и дека нема да крцка, но од друга страна не остава луксузен впечаток како некои од конкурентите, кои вметнуваат и кожа или парчиња метал во предната конзола.
 
Она што ни се допаѓа пак е исклучително добрата поставеност на командите, кои се многу лесни за користење и секогаш достапни на раката. Мултимедијалниот систем со 8 инчен дисплеј на допир е исто така одличен, но се добива само кај поскапите модели - основниот модел има 6,5 инчен дисплеј кој не е толку добар. Како и да е, оној што ќе седи зад воланот нема да има забелешки - седењето е удобно, командите големи и читливи, а прегледноста и напред и назад многу солидна.
 
Skoda веќе не ги добива најновите мотори од VW
Можеби е само прашање на време, но во моментов Kodiaq се нуди со 1,4 литарскиот TSI мотор со 125 КС и 150 КС, а не со новиот 1,5 TSI, додека дизелот е застапен со веќе добро познатиот 2,0 TDI со 150 и 190 КС. Нашиот избор тука паѓа на дизелот со 150 КС, кој добро се снаоѓа со тешката каросерија и повлекува добро уште од пониските вртежи, а троши околу 8,5 до 9 литри гориво во град и 6,5-7 литри на отворено. Потрошувачката кај моделот со погон на сите четири тркала расте околу еден литар. Бензинците пак трошат над 11 литри во град и препорачуваме да ги избегнете.
 
Стартната цена на Kodiaq е еден од најголемите предности во однос на конкурентите. Како и да е, подобро опремените модели се многу поскапи и треба добро да се размисли кое ниво на опрема ќе го одберете. Во сите нивоа, пак, споредено со конкурентите, опремата е прилично богата, а и доплатите не се премногу скапи.
 
Тоа е веројатно и најголемата предност на Kodiaq - нуди повеќе простор, функционалност и флексибилност во поевтино пакување. Ако не прашувате нам, ние не би платиле толку пари за автомобил кој не нуди задоволително ниво на удобност, но нека биде вашата одлука последна - повозете го и проверете и самите дали ќе ви пречи тоа што вози нервозно по честите дупки на нашите патишта. Да го „испеглаат“ Skoda тоа во фејслифт верзијата, ова можеби ќе биде и нашиот избор во оваа класа!
ПРЕДНОСТИ
• Пространа и флексибилна кабина
• Понуда на трет ред на седишта по ниска цена
• Огромен багажник од 720 литри
• Брз и штедлив 2,0 TDI дизел агрегат
• Комфорна возачка позиција и добро поставени команди
• Добра звучна изолација
НЕДОСТАТОЦИ
• Возењето е тврдо и нервозно на патишта со попречни нерамнини
• Управувањето е премногу лесно и ве лаже дека возите полесен автомобил, што не помогнува во кривините
• Внатрешноста не остава „премиум“ впечаток како конкурентите со иста цена


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Škoda Kodiaq - 2018  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Škoda Kodiaq - 2018
 
Škoda Kodiaq - 2018
24170 - 39850
Nissan X-Trail
 
Nissan X-Trail
29990 - 47300
Honda CR-V - 2018
 
Honda CR-V - 2018
37990 - 48990
 
Најпопуларни автомобили
 
 
SUV големи
 
Honda CR-V - 201837990 €
Hyundai Grand Santa Fe37230 €
Hyundai Santa Fe - 201855555 €
KIA Sorento37650 €
Mitsubishi Outlander31980 €
Nissan X-Trail29990 €
Peugeot 5008 - 201825490 €
Subaru Outback49900 €
Toyota RAV4 - 201930990 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
SUV - МАЛИ       SUV - КОМПАКТИ       SUV - ГОЛЕМИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Škoda

www.skoda.com.mk

Импортер за Македонија
Порше Македонија

Тел: 02 / 2 626 - 266

Адр: бул. Босна и Херцеговина бб

Работно време:  08:00 -17:00
сабота:  09:00 -14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Škoda модели
Citigo Fabia
Fabia Combi Karoq - 2018
Kodiaq - 2018 Octavia
Octavia Combi Octavia RS
Rapid Rapid Spaceback
Scala Superb
Superb Combi





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook