дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Citroën > Citroën DS4 > Краток опис за моделот
Citroën DS4 Citroën DS4
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 21490
веќе од 358 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
5.7
Изглед
8
Перформанси
4
Возна динамика
5.7
Зад управувачот
5
Удобност
4.5
Простор и практичност
4
Квалитет и доверливост
6.5
Цена/Опрема
6
Трошоци за користење
5.3
Безбедност и сигурност
8
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Француски имиџ, германски карактер

Досега, за оние што сакаа премиум компакт, изборот паѓаше меѓу BMW 1, Audi A3 и Mercedes A Class… Но, сега има нов фраер во градот, заводник од Франција, кој ќе ве натера да размислите два пати при купувањето на новиот премиум градски автомобил. Новиот DS4 во основа е премиум изведба на С4, но сите сличности завршуваат тука.


Однадвор, смирено, елегантно... Како вистински Французин, DS4 се истакнува пред конкуренцијата од Германија... А внатрешноста е тек друга приказна – се од дизајнот на предната конзола, до деталите, делува светлосни години помодерно од кабините на ладните Германци.

Моторизацијата е застапена со два дизели со 112 и 163 КС и три бензинци со 120, 156 и 200 КС. Сите мотори нудат задоволителни перформанси во целото подрачје на работа, освен најслабиот бензинец кој треба добро да се заврти. Најсилниот мотор пак нуди спортски перформанси, како кај спортски модел од компактната класа.

Всушност, DS4 не е далеку од спортски модел ни кога е во прашање возната динамика – навалувањето во кривините е минимално, а контактот со подлогата одличен. Управувањето е доволно прецизно, но не враќа доволно информации од подлогата. Од друга страна, удобноста е многу слаба – суспензијата е премногу тврдо подесена и автомобилот потскокнува на дупките. Рафинираноста кај моторите е одлична, а истото важи и за звучната изолација.

Зад воланот, ергономијата е солидна и возачот лесно ќе ја најде идеалната позиција, а повисокото седење придонесува за подобрена видливост (освен низ задното стакло). Командите од средната конзола и воланот се секогаш на дофат на раката, иако се чини ги има во преголем број. Пространоста е солидна, иако задната клупа не е пространа како што би се очекувало, веројатно поради купе изведбата на задниот дел. Најголем недостаток е сепак неможноста да се отворат задните стакла (!), бидејќи, како што велат од Citroen, во многу купеа не може. Тоа е точно, но DS4 сепак има пет врати...

Изненадувачки за премиум модел, опремата е богата уште во основниот модел, па така, автоматска клима, целосна електрика, греени ретровизори, патен компјутер, аудио систем со AUX+USB+Bluetooth, 16 инчни алуминиумски тркала, ABS+ESP и 8 воздушни перничиња доаѓаат како стандард. Цената е конкурентна со оглед на опремата, иако, во споредба со нормален компакт е доста повисока.

Квалитетот во внатрешноста е на многу високо ниво, на места подобар и од оној на германските конкуренти. Според последните истражувања за доверливост, Citroen се подобрува, а одличниот сервис кај нас ветува безгрижно одржување. Потрошувачката кај сите мотори е солидна, а особено штедлив е основниот e-HDi дизел, кој се задоволува со 5,2 литри гориво во просек (4,4 фабрички). Основниот бензинец троши 8 литри во просек (6,2 фабрички).

Практичен, доволно простран, забавен за возење и со висок имиџ и персонализација – ако тоа е замислата за вашиот нов премиум автомобил, не барајте понатаму. DS4 е најтоплиот внатре и најкул надвор од конкуренцијата!

ПРЕДНОСТИ
• Одлични возни својства
• Квалитетна кабина
• Пространа кабина
• Солидна ергономија и прегледност
• Потрошувачка кај основниот дизел
• Супер дизајн и надвор и внатре
• Богата опрема
НЕДОСТАТОЦИ
• Тврдо возење
• Задните стакла не се отвораат
• Премногу команди на воланот и средната конзола


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Citroën DS4  

Dajte cena :)))
Напишан од nekoja  пред  околу 104 месеци
Od pozadi mi lici na shirokoto,ama mi se dopagja u picku mater.
Напишан од piratot  пред  околу 106 месеци
Убо колиште уште само да го имам ќе га ицепу. Тие DS4-ке ќе летив низ ауспух. Свака Час добро колиште.
Напишан од Mitre  пред  околу 107 месеци
dizajnot e zakon,za drugoto ce vidime...
Напишан од blazo-b  пред  околу 110 месеци
So stariot model Citroen C4 moze da se kaze deka imase golem problem,Se prodadoa 2500 vozila sekoe vtoro vozilo vo gradovite e C4
Напишан од Masala  пред  околу 110 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 2
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Audi A3
 
Audi A3
23156 - 37183
Audi A3 Sedane
 
Audi A3 Sedane
24567 - 39003
Mercedes-Benz A-Class
 
Mercedes-Benz A-Class
25490 - 52760
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Премиум компактни
 
Alfa Romeo Giulietta 201919500 €
Audi A323156 €
Audi A3 Sedane24567 €
Lancia Delta20900 €
Mercedes-Benz A-Class25490 €
Mercedes-Benz B-Class24930 €
Volvo V4027200 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
КОМПАКТИ       КОМПАКТНИ СЕДАНИ       ПРЕМИУМ - КОМПАКТИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Citroën

www.citroen.com.mk

Импортер за Македонија
Автонова

Тел: 02 / 3093 - 001

Адр: ул. Скупи бб

Работно време:  08:30 - 18:00
сабота:  09:00 – 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Citroën модели
Berlingo - 2019 Berlingo Furgon
Berlingo Multispace Berlingo VAN - 2019
C1 C3
C3 Aircross C4
C4 Cactus C4 Grand Picasso
C4 Picasso - 2014 C5
C5 Aircross - 2019 C-Elysee
DS3 DS4
DS5 Jumper
Jumper Combi Jumpy
Jumpy Multispace





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook