дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Audi > Audi A7 Sportback > Краток опис за моделот
Audi A7 Sportback Audi A7 Sportback
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 72424
веќе од 1207 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Малку поголем Sportback

Audi го претстави долго најавуваниот А7, модел кој во гамата ќе се смести над A6, односно ќе биде негова купе изведба...


Однадвор, нема ништо неочекувано. Основната линија е преземена од концептот кој беше претставен на саемот во Детроит претходната година, а измени има само во предниот дел, кој ја доби карактеристичната Audi маска. Се на се, ништо неочекувано од Audi, па следствено на тоа и ништо спектакуларно – А7 Sportback изгледа како поголем А5 Sportback.
 
Сепак, истото не важи и за внатрешноста, која добива третман сличен на онаа од А8. Изменет е дизајнот на предната конзола, со помалку копчиња и прекинувачи и пофлуидни линии. Сега, уште од фотографиите се гледа дека ентериерот на А7 е многу попријатно место за престој отколку оној на А6.
 
Audi ветува дека внатре комфорно ќе можат да се сместат четири патници, благодарение на должината од скоро 5 метри. Импресионира и багажникот, кој брои 535 литри, односно 1.390 литри со спуштање на деливата задна клупа – не е лошо за купе, нели?
 
Од технолошки аспект, А7 го добива новиот MMI систем со 8 инчен екран на допир, кој е преземен од А8. Инженерите од Инголштад ветуваат дека истиот е многу поинтуитивен за работа и не одзема многу внимание, а од дизајнерски причини, мониторот ќе може и да се скрие во предната конзола… Ако на ова го додадеме и премиум аудио системот од ценетиот дански бренд Bang&Olufsen, кој има сила од 1.300 вати распределени на 15 звучници, јасно станува кон кои купувачи цели А7.
 
Моторизацијата ќе ја сочинуваат најнапредните и најсилни агрегати во понудата на Audi. Во почеток, тоа ќе бидат V6 агрегатите со директно впрскување на горивото, и тоа два бензинци и два дизели. Првите ќе бидат претставени со 2,8 FSI моторот со 204 КС, доволни за забрзување до стотка за 8,3 секунди и максимална брзина од 235 km/h, и турбо изведбата 3,0 TFSI со 300 КС, доволни за 5,6 секунди до стотка и ограничена максимална брзина од 250 km/h. Audi ја нагласува и ниската потрошувачка кај новите бензинци – посилниот троши само 8,2 литри на 100 km во просек.
 
Дизел верзиите ќе бидат претставени со еден агрегат, 3.0 TDI, кој ќе доаѓа во две изведби. Послабата верзија ќе има 204 КС (и ќе биде единствена со погон на предните тркала), доволни за забрзување до стотка за 8,1 секунда и максимална брзина од 234 km/h. Овој мотор ќе троши импресивно ниски 5,3 литри на 100 km. Посилната изведба на дизелот има 245 КС, доволни за 6,5 секунди до стотка, односно 250 km/h максимална брзина.
 
Покрај новите мотори, Audi ќе понуди и нови менувачи во понудата. Со најслабиот дизел мотор ќе се нуди Multitronic континуираниот менувач, додека со посилните мотори и Quattro погонот, новиот S-Tronic автоматски менувач со 7 брзини на пренос.
 
За да може сета сила од новите мотори да се пренесе на патот, ќе се грижи новиот Quattro погон, кој е поефикасен од својот претходник, истовремено нудејќи подобри перформанси. Новата суспензија со мултилинк предна оска и трапезоидна задна оска, заедно со погонот на сите четири тркала, ќе треба да овозможи и спортско доживување, во овој очигледно луксузно настроен автомобил.
 
За пребирливите, тука е и Audi Drive Select системот, кој ја подесува суспензијата, одговорот на педалата за гас и осетливоста на управувачот, зависно од тоа каков мод ќе избере возачот, а достапни се четири - "comfort," "auto," "dynamic" и "individual”. Дополнителни модови ќе можат да се изберат, доколку возилото „лебди“ на новата, адаптивна воздушна суспензија...
 
Цените на А7 засега се уште не се познати, но нема да биде чудно ако се доближат многу до оние на А8, со оглед на димензиите, понудениот луксуз и високата технологија.
 
 
 
НИВО НА ОПРЕМА
  • ESP - електронска стабилизациска програма
  • Кожен 4-крак мултифункционален волан
  • Деллива задна клупа
  • Погон на 4 тркала 
  • Електрично затворање на багажната врата
  • Воздушни перничиња за возач и совозач - напред и странични
  • Воздушни перничиња за глава
  • Хромирани лајсни околу стаклата
  • Греени прскалки и ретровизори
  • Наслон за рака напред
  • Start/stop систем
  • Предни и задни патосници
  • ISOFIX подготовка за детско седиште позади
  • LED светла напред
  • LED светла позади
  • Сензор за светло и дожд
  • Електрично подесиви странични ретровизори
  • Автоматски двозонски клима уред
  • Штоф на седиштата
  • Централно заклучување со далечинска команда 
  • Топлотно изолирачки стакла
  • Електронска имобилизација
  • Алуминиумски лајсни на праговите на вратите
  • Декорација на внатрешноста графитно сива
  • Темпомат
  • Audi Drive select 
  • Хромирани издувни цевки
  • 2 x USB приклучоци напред
  • Мало резервно тркало
  • Pre sense City
  • Pre sense Basic
  • Пакет за асистенција : адаптивен темпомат и лимитер на брзина
  • Навигационен систем - medium со Audi Connect
  • Подготовка за детско седиште на предното совозачко седиште
  • Паркинг сензори напред и назад
  • Audi smartphone interface
ПРЕДНОСТИ
НЕДОСТАТОЦИ


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Audi A7 Sportback  

od poazdi me potsekja na ajkula
Напишан од aha  пред  околу 81 месеци
ova nemozi vo nikoj slucaj da se tokmi so mercedes CLS inace e super kola :D
Напишан од cls nema podobra  пред  околу 98 месеци
Neznam mislam deka nema podobro nesto od vaa kola.Vcera ja vozev no coment kakvo bmw 7 kavo audi a 8 ova e vrvot isto kako masserati e.
Напишан од Vladimir  пред  околу 105 месеци
A 7 i novata A 6 nosat isti motori samo razlika ima vo zabrzuvanjeto od 0-100 km A6 zabrzuva za nesto pomalku i vo maksimalnata brzina A6 dostignuva pogolema brzina so nekoklku km/s
Напишан од alfieri  пред  околу 106 месеци
Audu A7 Sportback 2.8 FSI quattro S trinic kosta 55.450 evra a dizelot 3.0 TDI multitronic 55.300 evra i od 0-100 km zabrzuva za 7,4 s a ne vie kako sto imate napisano 8,1. Vo mk se uste ne e pristignato no vo eu 3 meseci kako se vozi po patistata.Jas imam sedeno vo nego no kolata vo zivo izgleda strasno na slikive ne moze da se dolovi taa ubavina
Напишан од alfieri  пред  околу 106 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 2
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Volkswagen Arteon
 
Volkswagen Arteon
38343 - 59030
Mercedes-Benz CLS
 
Mercedes-Benz CLS
73490 - 108480
Audi A7 Sportback
 
Audi A7 Sportback
72424 - 80332
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Купе Лимузини
 
Mercedes-Benz CLS73490 €
Volkswagen Arteon38343 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
 

Одберете друг автомобил
     

Audi

www.audi.com.mk

Импортер за Македонија
Порше Македонија

Тел: 02 / 2 626 - 266

Адр: бул. Босна и Херцеговина бб

Работно време:  08:00 -17:00
сабота:  09:00 -14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Audi модели
A1 A3
A3 Sedane A4
A4 Avant A5 Coupe
A5 S5 Coupe A5 Sportback
A6 A6 Allroad Quattro
A6 Avant A7 Sportback
A8 Q2
Q3 Q5
Q7 Q8
R8 TT Coupe





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook