дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Citroën > Citroën C4 Cactus > Краток опис за моделот
Citroën C4 Cactus Citroën C4 Cactus
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 13590
веќе од 226 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
5.7
Изглед
7
Перформанси
4.5
Возна динамика
4.7
Зад управувачот
4.3
Удобност
5.5
Простор и практичност
4.5
Квалитет и доверливост
5
Цена/Опрема
6.5
Трошоци за користење
8.3
Безбедност и сигурност
7
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Трендовски автомобил со еден тон иновации

Новиот C4 Cactus на Citroen е веројатно најнапредниот автомобил кој го произвел Citroen после подолго време. И тука не алудираме само на футуристичкиот и посебен дизајн кој врти толку многу глави низ улиците. Тука зборуваме и за ултра ниската маса, која е на нивото на автомобилите од ниската класа и која овозможува драматично пониска потрошувачка во однос на SUV конкурентите. Всушност, C4 Cactus е фантастични 200 килограми полесен од C4, автомобилот на кој е базиран, но со понова, полесна платформа. Фантастично достигнување.


Ултра ниската маса не значи и мал автомобил односно тесна внатрешност. Напротив. Просторот е на многу високо ниво и на предните и на задните седишта, иако моделот со панорамски покрив има помалку простор за главата. Багажникот е исто така со одлична големина, но функционалноста е намалена бидејќи задната клупа не може поделено да се спушти, како кај конкурентите, туку се спушта целосно, во еден дел. Затоа, низ кабината има многу, многу места за одлагање за ситници, кои се со солидна големина. И сето ова благодарение на иновациите, кои може да ги направи само Citroen: воздушното перниче за совозачот е вградено во покривот, наместо во средната конзола! Но, не е се за фалење – задните стакла се отвораат како лептир, нецелосно, што иако е направено за намалување на масата, одзема на комфорот на патниците назад.

Во возење, C4 Cactus се однесува како и скоро секој друг Citroen. Удобноста е на многу високо ниво на отворен пат и во кабината се пренесуваат само поголемите дупки, но тоа се случува многу ретко. На ова се придружува и солидната рафинираност – моторите се добро придушени, а не се слуша ниту многу звук од ветерот и гумите. Стабилноста е солидна, но динамиката и управливоста не се на нивото на конкурентите. Послаб е и мануелниот менувач, кој е недоволно прецизен и директен. Ергономијата е инаку солидна и сите команди се на дофат на раката, иако ќе беше добро воланот да можеше да се подесува по длабочина. Прегледноста пак е одлична, а низ тесните паркинзи помага и AirBump пластиката на вратите, која лесно ги апсорбира помалите удари. За мирен ум.
 
Онаму каде C4 Cactus брилира е ниската потрошувачка, како и ниските патни трошоци. Сите мотори се рекордери во класата кога е потрошувачката во прашање – основниот бензинец се задоволува со околу 7 литри во град, односно малку над 5 литри на отворено, додека новиот дизел со 100 КС троши извонредно ниски 4 литри на отворено, односно 5 литри во град, бројки на кои може да позавидат и некои градски модели! А благодарение на ниската маса, C4 Cactus може да се пофали и со солидни перформанси од сите мотори, а особено од турбо бензинецот.
 
И на крај, сите иновации кои ги направи Citroen со цел намалување на потрошувачката, а следствено на тоа и на емисијата на штетни гасови, доаѓаат по исклучително поволна цена. Со оглед на целосната функционалност која ја нуди C4 Cactus, но и со оглед на стилот кој го носи со себе, моментално е еден од најдобрите автомобили во класата и слободно ќе кажеме дека е високо препорачан избор.
 
 
 
 
 
НИВОA НА ОПРЕМА
 
 
 
1-во ниво | LIVE
  •  ABS/REF/AFU/ESP/ASR  системи за активна безбедност
  •  6 воздушни перничиња
  •  Hill Start Assist  помош при тргнување по нагорнина
  •  Регулатор со ограничувач на брзина
  •  Сензор за издишани пневматици
  •  Индикатор за непоставен сигурносен ремен
  •  Затегнувачи на сигурносните ремени на предните седишта
  •  ISOFIX (2х) систем за фиксирање на детско седиште
  •  Електронска "детска брава"
  •  Централно заклучување со далечинско
  •  Халогени предни фарови
  •  LED дневни светла
  •  LED задни светла со 3D ефект
  •  Аудио уред MP3 USB Bluetooth со 4 HP контролиран преку 7" екран на допир и команди на волан
  •  Индикатор за промена на степенот на брзина (освен за EAT6 мотори)
  •  Резервно тркало 15" (за бензински мотори)
  •  Резервно тркало со намалени димензии (за дизел мотори)
  •  Клима уред
  •  Црн Airbump®
  •  Рачки на вратите во црна боја
  •  Куќишта на надворешните ретровизори во мат црна боја
  •  Заштитни облоги на калниците
  •  Големи "џебови" на предните врати
  •  Oтвор за складирање на задните врати
  •  Преден наслон за рака со простор за складирање
  •  Електричен серво управувач
  •  Progressive Hydraulic Cushions™  прогресивни хидраулични перничиња
  •  Електрика на стакла напред со заштита од приклештување
  •  Електрично прилагодување на надворешните ретровизори
  •  Приклучок 12V во патничкиот простор
  •  Акустично ветробранско стакло
  •  Полуподигната средишна конзола со два држача за чаши
  •  Предни бришачи со технологија "Magic Wash"
  •  Возачко седиште прилагодливо во висина
  •  Делива клупа назад 1/3  2/3
  •  Украсни капаци на тркалата 16" Corner
  •  Внатрешен ентериер во штоф Mica Grey
  •  Волан прилагодлив во висина и длабина
 
 
2-ро ниво | FEEL
Содржи се што има LIVE, плус:
  •  Предни светла за магла со статичко осветлување на свиоци
  •  Рачки на вратите во боја на каросерија
  •  Куќишта на надворешните ретровизори во црна сјајна боја
  •  Обложен волан во Bitone кожа со хромирани украси
  •  Лумбално прилагодување на возачкото седиште
  •  Аудио уред MP3 USB Bluetooth со 6 звучника контролиран преку 7" екран на допир и команди на волан
ПРЕДНОСТИ
• Пространа кабина
• Многу корисни места за одлагање ситници
• Ултра ниска потрошувачка од сите мотори
• Одлични перформанси
• Удобно возење
• Заштита на каросеријата од помали удари
• Ниска цена
НЕДОСТАТОЦИ
• Задната клупа е неделива и се спушта само целосно
• Задните прозори се отвораат само делумно (со лептир)
• Послаба управливост и слаби менувачи


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Citroën C4 Cactus  

Nedostaci + sedista nisu nimalo ugodne !!!! noga sa desne stane ima da dodire ZICU tako jako da dode do neki KANCER u desnjoj nogu ja sam kupio i nadlao sam dodaske nema mi spasa i ubije me desna noga a dabe sada podloga kad sam veq dobio bradavice u nozi a daj boze da se nesto ne desi....iz .og Citroen Cactus iskustva ETG6 crven-crni ...Pozz od Arben Bytyqi Kosovo
Напишан од arben  пред  околу 34 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Mitsubishi ASX
 
Mitsubishi ASX
13980 - 23980
Dacia Duster - 2018
 
Dacia Duster - 2018
12840 - 18650
Škoda Karoq - 2018
 
Škoda Karoq - 2018
18120 - 30240
 
Најпопуларни автомобили
 
 
SUV мали
 
Citroën C3 Aircross13490 €
Dacia Duster - 201812840 €
Fiat 500X CityLook15980 €
Hyundai Kona - 201818416 €
KIA Stonic - 201812990 €
Mitsubishi ASX13980 €
Nissan Juke16500 €
Opel Crossland X - 201816642 €
Opel Mokka X18438 €
Peugeot 200816290 €
Renault Captur15850 €
Seat Arona - 201815804 €
Škoda Karoq - 201818120 €
Suzuki S-Cross15900 €
Suzuki Vitara14980 €
Volkswagen T-Roc - 201820242 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
SUV - МАЛИ       SUV - КОМПАКТИ       SUV - ГОЛЕМИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Citroën

www.citroen.com.mk

Импортер за Македонија
Автонова

Тел: 02 / 3093 - 001

Адр: ул. Скупи бб

Работно време:  08:30 - 18:00
сабота:  09:00 – 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Citroën модели
Berlingo - 2019 Berlingo Furgon
Berlingo Multispace Berlingo VAN - 2019
C1 C3
C3 Aircross C4
C4 Cactus C4 Grand Picasso
C4 Picasso - 2014 C5
C5 Aircross - 2019 C-Elysee
DS3 DS4
DS5 Jumper
Jumper Combi Jumpy
Jumpy Multispace





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook