дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Suzuki > Suzuki Swift > Краток опис за моделот
Suzuki Swift Suzuki Swift
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 11290
веќе од 188 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
5.4
Изглед
5
Перформанси
4
Возна динамика
5.3
Зад управувачот
5.3
Удобност
4.5
Простор и практичност
3
Квалитет и доверливост
5.5
Цена/Опрема
6.5
Трошоци за користење
7.7
Безбедност и сигурност
7.5
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Suzuki Swift – едноставно најдобар

И покрај тоа што продажбата на големи SUV продолжува да расте, на опаѓа онаа на малите автомобили. Причината за тоа е што тие се многу поевтини за одржување и трошат помалку гориво, а последнава деценија станаа и многу способни како за прв автомобил во фамилијата.


Но што е тоа што го прави еден мал автомобил способен? Ние мислиме дека Swift го држи одговорот на тоа прашање.

Ова особено важи за тоа колку ќе потрошите за да го купите, но и поседувате овој автомобил. Suzuki е вистински специјалист за мали автомобили и тоа тука најдобро се забележува. Swift не само што е најевтин во класата кога ќе се изедначи со нивото на опрема со другите модели, туку има и најмоќен мотор и најниска потрошувачка. Да, можеби на македонскиот купувач ќе му недостасува помалку опремен модел кој цената ќе ја симне под 10.000 евра, но ние сме среќни што кај Suzuki нема компромиси.

Кога сме кај потрошувачката, кај 1,2 бензинецот со 90 КС таа изнесува малку над 6 литри во град, што е импресивна бројка. Уште поимпресивен е 1.0 BoosterJet турбо бензинецот, кој не само што троши од 6,5 до 7 литри во град, туку постигнува и одлично забрзување, кое може да го разбуди и спортистот во вас. Хибридните верзии на овие два мотори се сепак поскапи и носат малку пониска потрошувачка во град, но ние би се задржале на основните мотори, кои се повеќе од добри.

Полетните мотори се придружени и од одлично избалансирано подвозје. Додека блискиот брат Baleno е пред се направен на да биде удобен, Swift е конструиран за да биде забавен за возење. И не само што е забавен, туку е рамо до рамо со најдобрите во класата, како на пример Fiesta. Управувањето е исто така супер прецизно и дава доволно информации од подлогата, додека менувачите се стандардно одлични. Доколку се расположен/а за поагресивно возење, со Swift дефинитивно нема грешка!

Од друга страна, суспензијата е малку потврдо подесена, што се чувствува на најголемите дупки низ град, но нејзината цврстина одлично ги пегла ситните нерамнини на автопат и придонесува да нема многу вертикални движења на автомобилот. Во превод, ако барате најудобен можен автомобил во оваа класа, можеби Citroen C3 ќе биде најдобриот избор, а има и неколку други поудобни автомобили, но тоа не значи дека Swift е неудобен. Би рекле – различен.

Swift пак е одличен во однос на рафинираноста – моторите се тивки и работат скоро без вибрации, додека подвозјето не пренесува многу од потресите како вибрација во кабината. Звучната изолација е исто така многу солидна како за автомобил од ниската класа – Suzuki дефинитивно посветил внимание во овој дел.

Во кабината, каде Swift отсекогаш имал проблем со просторот, добра вест е што инженерите постигнале голем напредок во однос на претходникот – задната клупа е конечно удобна за седење на два возрасни патници, а на предните седишта дури ќе се чувствувате и како во поголем автомобил. Да бидеме прецизни, Swift не е најпростран автомобил во ниската класа – неколку конкуренти и натаму нудат повеќе простор, но напредокот е доволен за ова да не биде недостаток. 

Најмногу се чини разочарува багажникот, кој иако порасна значително во однос на претходникот, со 265 литри заостанува зад најновите конкуренти во класата, кои надминаа високо над 300 литри. Како и да е, Suzuki има оправдување за ова – за оние кои сакаат простор, тука е Baleno, кој е апсолутно најпростран автомобил во ниската класа.

Зад воланот пак, возачот лесно ќе ја најде идеалната возачка позиција, иако воланот не се подесува по длабочина. Ергономијата е одлична и сите команди се на дофат на раката, големи се и лесно означени, но прегледноста не е на највисоко ниво, особено во задниот дел, а поради големиот C-столб. Мултимедијалниот систем со дисплеј на допир е исто така лесен за користење, иако ќе бевме посреќни некои од командите да беа извадени надвор од него, бидејќи дисплеј на допир е тежок за користење во возење, во секој автомобил.

Целосно, промените во кабината на Swift ја направија подобро место за престој, но Suzuki и натаму вградува тврди пластики, кои не делуваат добро ниту на очи ниту на допир. За среќа, Јапонците супер прецизно го имаат склопено секој дел и во возење нема никакво крцкање, но ќе беше добро Suzuki да направеше исклучок за својот најпопуларен модел и да вградеше малку поквалитетни материјали.

Онаму каде не е скратено на квалитет е кај механиката, која долги години е една од најдоверливите во автомобилизмот, како и кај опремата – основниот модел GL има повеќе опрема и од некои автомобили од компактната класа, како кожен волан со аудио команди, клима уред, 6 воздушни перничиња со ABS+EBD и ESP+TCS, помош при изненадно кочење, радио со CD+MP3, USB и Bluetooth, централна со далечинско, електрика на предни прозори, електрични ретровизори итн. Подобро опремените модели, како на пример GL Plus носат дури и луксузни ставки во опремата, за не многу повисока доплата.

Кога се ќе се собере на „кантар“, Swift е еден одлично избалансиран модел, кој е добар во сите поважни категории за еден градски автомобил. Евтин е и добро опремен, троши многу малку, а има солидни перформанси, забавен за возење е, а не е неудобен и има кабина која е доволно пространа за 4 возрасни патници. Да, можеби не е за оние кои ќе го користат за подолги патувања, бидејќи багажникот не е на нивото на конкуренцијата, но за се друго, ова е скоро совршен автомобил.

 

НИВОA НА ОПРЕМА

 

1-во ниво | GL

  • Серво управувач
  • Кожен управувач со аудио команди
  • Управувач подесив по висина
  • Клима уред
  • 6 воздушни перници
  • ABS + EBD
  • ESP - Систем за контрола на стабилност
  • TCS - Систем за контрола на влечна сила
  • Помош при изненадно кочење
  • USB конекција
  • Bluetooth контроли на управувачот
  • LED дневни светла вградени во браник
  • Функција на светла "Guide me light"
  • Автоматски светла
  • Радио CD MP3 WMA со 4 звучници
  • Ретровизори и рачки за врати во боја на каросерија
  • Далечинско централно заклучување
  • Патен компјутер
  • Светла за магла позади
  • Електрика на предни прозори
  • Електрика на ретровизори со грејачи
  • Возачко седиште подесивo по висина
  • Индикатор со препорака за степен на пренос
  • Индикатор за низок притисок во пневматици
  • Делива задна клупа 60:40
  • Систем за заштита од кражба, Имобилизатор
  • Филтер за полен
  • Isofix за детско седиште х 2
  • Систем за ослободување на педала на кочница
  • Сет за поправка на пневматици
  • Тонирани стакла

 

 

2-ро ниво | GL PLUS
Содржи се што има GL, плус:

  • Алуминиумски бандажи 16"
  • 7 инчен екран осетлив на допир+audio+camera
  • Грејачи на предни седишта
  • Канали за греење на задни седишта
  • Светла за магла напред
  • Темни термоизолациони задни стакла
  • Hill hold (само кај CVT)

 

 

3-то ниво | GLX

Содржи се што има GL PLUS, плус:

  • START/STOP (само кај SHVS)
  • 4,2 инчи информационен дисплеј во боја
  • 7 инчен екран осетлив на допир+aud+cam+NAV
  • Два високотонци
  • Key less - пристап и стартување без клуч
  • Hill hold - помош при тргнување на нагорнина
  • Управувач со висинско и длабинско подесување
  • Алуминиумски бандажи 16" полирани
  • Прилагодлив cruse control - темпомат
  • Ограничувач на брзина
  • RBS - Радарска подршка за сопирање
  • DSBS - Dual Sensor Brake Suport
  • Автоматски клима уред
  • High Beam Assist - Автоматско гасење на долги светла
  • Lane departure warning - Предупредување за напуштање лента на движење
  • Weaving Alert - Предупредување за неправилно движење (при поспаност)
  • Автоматско нагодување на предни светла
  • LED дневни свeтла - интегрирани во предни светла
  • LED предни и задни светла
  • Елeктрично преклопиви ретровизори
  • Трепкачи на ретровизори
  • Електрика на задни прозори

ПРЕДНОСТИ
• Одличен компромис меѓу удобноста и управливоста
• Богата опрема во сите изведби
• Коректна цена
• Супер економични мотори
• Нов малолитражен, моќен и штедлив Boosterjet мотор
• Хибриден мотор во понудата
• Високо ниво на безбедност
• Модерен и свеж дизајн
• Секој модел e произведен во Јапонија
НЕДОСТАТОЦИ
• Може да има и поквалитетна пластиак во ентериерот
• Графиката на инфо-дисплејот не импресионира


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Suzuki Swift  

ЈАПОНСКО САМО И ШВЕДСКО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА
Напишан од ЈАПОНСКО САМО И ШВЕДСКО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА  пред  околу 54 месеци
ЈАПОНСКО САМО И ШВЕДСКО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА
Напишан од ЈАПОНСКО САМО И ШВЕДСКО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА  пред  околу 54 месеци
ЈАПОНСКО САМО И ШВЕДСКО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА
Напишан од ЈАПОНСКО САМО И ШВЕДСКО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА  пред  околу 54 месеци
ЈАПОНСКО САМО И ШВЕДСКО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА
Напишан од ЈАПОНСКО САМО И ШВЕДСКО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА  пред  околу 54 месеци
ЈАПОНСКО САМО И ШВЕДСКО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА
Напишан од ЈАПОНСКО САМО И ШВЕДСКО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА  пред  околу 54 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 6
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Citroën C3
 
Citroën C3
9890 - 15490
Suzuki Baleno
 
Suzuki Baleno
11490 - 16900
Dacia Sandero
 
Dacia Sandero
9550 - 14500
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Мали хечбек модели
 
Citroën C39890 €
Dacia Sandero9550 €
Dacia Sandero Stepway10450 €
Fiat Punto11350 €
Ford Fiesta - 201814000 €
KIA Rio10990 €
Lada Kalina7700 €
Mazda 211480 €
Nissan Micra11500 €
Opel Corsa10435 €
Peugeot 20812639 €
Renault Clio12190 €
Seat Ibiza - 201815370 €
Škoda Fabia9940 €
Škoda Rapid Spaceback12020 €
Suzuki Baleno11490 €
Suzuki Ignis10950 €
Toyota Yaris11690 €
Volkswagen Polo15435 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
МИНИ АВТОМОБИЛИ       НИСКА КЛАСА       ПРЕМИУМ - МАЛИ       НИСКА КЛАСА СЕДАНИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Suzuki

www.mirkat.com.mk

Импортер за Македонија
Миркат

Тел: 02 / 3089 - 089

Адр: Скупи br1.

Работно време:  08:00 - 18:00
сабота:  09:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Suzuki модели
Baleno Ignis
Jimny - 2019 S-Cross
Swift Swift Sport
Vitara





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook