дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Mitsubishi > Mitsubishi ASX > Краток опис за моделот
Mitsubishi ASX Mitsubishi ASX
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 13980
веќе од 233 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
5.3
Изглед
3.5
Перформанси
5.5
Возна динамика
4
Зад управувачот
5
Удобност
4
Простор и практичност
6
Квалитет и доверливост
5.5
Цена/Опрема
6.5
Трошоци за користење
6.7
Безбедност и сигурност
6.5
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Фамилијарен автомобил со рели гени

Доволно е само да се видат резултатите на Mitsubishi низ најразличните релија во светот за да стане јасно дека кога е во прашање погонот на сите четири тркала, јапонскиот производител е сигурен избор. Најмалиот SUV на компанијата нема да овозможи рели возење, но и тоа како одговара за семејните купувачи.


Понудата вклучува два агрегати – еден дизел и еден бензинец, со 150, односно 117 КС. Бензинецот е доволен за низ град, но покажува недостаток на сила при повисоки брзини и по нагорнини, додека дизелот е исклучително енергичен и после малата турбо дупка, спремно и брутално потегнува напред.

Возачката позиција е карактеристична за SUV автомобил, па седењето е малку повисоко, но доволно удобно. Ергономијата е на исклучително високо ниво – сите команди се на дофат на раката, големи се, читливи и логично распоредени. Прегледноста е солидна напред, но назад, поради малото стакло, скоро и ништо да не се гледа. Простор има и на предната и на задната клупа, многу повеќе отколку што навестуваат надворешните димензии, а и багажникот брои одлични 442 литри. Висока е и практичноста – багажникот има дупло дно, а низ кабината има доволно отвори за ситници.

Во возење, ASX е пред се удобен, семеен автомобил. Подвозјето добро ги впива дупките од патот, а моторите не се премногу бучни и се доволно рафинирани. Сепак, страдаат возните својства, па каросеријата се навалува малку повеќе во кривните и не поднесува премногу брзи промени на правецот. Секако, и покрај повисоката цена, погонот на сите тркала и тоа како се исплати на лизгав пат. Возните својства на терен пак се под просекот во класата, дури и кај моделите со погон на сите тркала. Управувањето пак е доволно прецизно, како и менувачите.

Стандардно за Mitsubishi, опремата е многу богата уште во основниот модел, па тоа ја оправдува и делумно повисоката цена во однос на некои конкуренти. Одржувањето не би требало да е многу скапо, знаејќи од која земја доаѓа автомобилот, иако Mitsubishi заостанува зад јапонските конкуренти кога е во прашање доверливоста. Квалитетот е на задоволително ниво, но во внатрешноста нервира прекумерната употреба на тврда пластика, иако обработката е одлична.

Потрошувачката е солидна и кај двата мотори, па бензинецот се задоволува со 7,6 литри во просек, додека дизелот со 6,8 литри на 100 km, што се ниски бројки за еден SUV автомобил.

Богатата безбедносна опрема, која вклучува 7 воздушни перничиња и цел сет на контроли за стабилноста и пролизгувањето, како и чистите 5 ѕвездички по новите, построги тестирања на EuroNCAP, даваат сигурност дека целата фамилија ќе биде заштитена.

Класичниот дизајн, пространата и функционална внатрешност и удобното и тивко возење, го прават ASX идеален за фамилиите. Погонот на сите четири тркала е тука пред се за да го подобри возењето на лизгави патишта, а карактеристичната предна маска и агилниот мотор, му даваат лутина на целото доживување. Впрочем, за сите што бараат SUV автомобил, со не многу големи димензии и не многу висока цена, ASX треба секогаш да влезе во потесниот избор.

ПРЕДНОСТИ
• Високо ниво на удобност, меѓу најдобрите во класата
• Солиден простор во внатрешноста, и напред и назад
• Доволно голем и употреблив багажник
• Употреблив погон на сите 4 тркала (за лизгави патишта)
НЕДОСТАТОЦИ
• Послаба динамичност и малку поголемо навалување во свиоците
• Прегледност во задниот дел
• Дизел моторот има забележителна турбо дупка
• Претерано класичен дизајн
• Неквалитетна кабина - тврда пластика и лоша изработка


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Mitsubishi ASX  

dzipov e vrv za taa cena sto ja nudi nemav probano do pred nekoe vreme vakvo nesto no moj drugar mi go dade da go probam i sum pre zadovolen od prvoto vozenje za 23 godisen covek e ekstra t.e za mlad covek e vozilo na mesto kakvo sto sekoj bi posakuval
Напишан од darko  пред  околу 23 месеци
japonsko vozilo... rezervoarot za gorivo e od shoferskata strana shto e neprakticno za evropskite standardi.. na vnatreshnata strana od vratite nema ,,rakohvat,, kako kaj ,,golfot,,.
Напишан од .......  пред  околу 28 месеци
НЕ Е КОМБЕ ОВА Е ЏИП ЈАПОНСКО САМО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА
Напишан од НЕ Е КОМБЕ ОВА Е ЏИП ЈАПОНСКО САМО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА  пред  околу 52 месеци
НЕ Е КОМБЕ ОВА Е ЏИП ЈАПОНСКО САМО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА
Напишан од НЕ Е КОМБЕ ОВА Е ЏИП ЈАПОНСКО САМО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА  пред  околу 52 месеци
НЕ Е КОМБЕ ОВА Е ЏИП ЈАПОНСКО САМО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА
Напишан од НЕ Е КОМБЕ ОВА Е ЏИП ЈАПОНСКО САМО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА  пред  околу 52 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 10
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Mitsubishi ASX
 
Mitsubishi ASX
13980 - 23980
Dacia Duster - 2018
 
Dacia Duster - 2018
12840 - 18650
Suzuki Vitara
 
Suzuki Vitara
14980 - 25970
 
Најпопуларни автомобили
 
 
SUV мали
 
Citroën C3 Aircross13490 €
Citroën C4 Cactus13590 €
Dacia Duster - 201812840 €
Fiat 500X CityLook15980 €
Hyundai Kona - 201818416 €
KIA Stonic - 201812990 €
Nissan Juke16500 €
Opel Crossland X - 201816642 €
Opel Mokka X18438 €
Peugeot 200816290 €
Renault Captur15850 €
Seat Arona - 201815804 €
Škoda Karoq - 201818120 €
Suzuki S-Cross15900 €
Suzuki Vitara14980 €
Volkswagen T-Roc - 201820242 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
SUV - МАЛИ       SUV - КОМПАКТИ       SUV - ГОЛЕМИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Mitsubishi

www.mitsubishimotors.mk

Импортер за Македонија
МакАутоСтар

Тел: 02 / 2 580 - 000

Адр: ул. Индустриска 2

Работно време:  08:30 - 18:00
сабота:  09:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Mitsubishi модели
ASX Eclipse Cross
L200 Outlander
Outlander PHEV Space Star





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook