дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Porsche > Porsche Panamera > Краток опис за моделот
Porsche Panamera Porsche Panamera
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од
веќе од € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Porsche Panamera: Вистинска спортска лимузина

Најавата дека Porsche ќе направи лимузина кај многумина беше пречекана со неверување, но во меѓувреме овој бренд направи и два SUV автомобили, кои се мега успешни на пазарот. Воедно, дизајнот на таа лимузина беше реално и смешен, што е делумно поправено во новата генерација.


Сепак, ова повторно не е убав автомобил. Поубав е од претходно, но тоа и не е некое големо постигнување – купе-седан лимузините на конкуренцијата и натаму изгледаат многу подобро однадвор. Но, кај Panamera важно е она што е однатре, а таму лежи еден навистина фантастичен автомобил.
 
Извонредно балансирана шасија – забавен зад воланот и удобен и на подолги патувања
Во манирот на вистинско Porsche, Panamera има малку поцврста суспензија. Ова и не е лоша работа, бидејќи го држи автомобилот скоро рамен во кривините, а на отворен пат скоро и да нема вибрации и удари во кабината. Да, низ град поголемите дупки не се впиени како што тоа може да го направи Mercedes S Class, но тоа не е ниту идејата кај Panamera. Идејата зад овој автомобил е да биде удобен и кога ќе се вози брзо, на секакви патишта, а тоа Panamera го постигнува со највисоки оценки.
 
И споредено со сите други конкуренти, ова е автомобил кој покрај тоа што ќе биде удобен за патниците, ќе му овозможи на возачот ниво на забава зад воланот кое можат да го понудат само спортски автомобили. Управувањето е директно и прецизно, а шасијата е толку добро избалансирана што овозможува дури и играње со телото во кривините. Каде и да ја возите, Panamera се однесува како спортски автомобил – послушно ги спроведува командите на возачот и делува како буквално да се лепи на патот. Што на крај и се очекува од едно Porsche.
 
Сите мотори се доволно моќни, но избегнете го дизелот
Porsche наскоро ќе ги исфрли сите дизели во својата гама и ние уште веднаш препорачуваме да го избегнете. Не само што со него нема да може да си играте како со бензинците, туку и ја влошува динамиката на автомобилот, бидејќи е премногу тежок. Нашиот избор затоа паѓа на Panamera 4S моделот, кој има полесен мотор напред и подобра динамика во кривините, а спринта за 4,4 секунди до стотка и постигнува 289 km/h. 
 
Panamera Turbo моделите пак овозможуваат вртоглави забрзувања (3,8 до стотка) и имаат подобар звук бидејќи се V8 агрегати, но губат малку на динамиката во возењето. Ние мислиме дека 4S е доволно брз и позабавен. Panamera е достапна и со хибридни погони, кои го прават целиот автомобил потешко и повторно, ја нарушуваат перфектната динамика. Сепак, Turbo S E-Hybrid моделот има фантастични 680 КС, кои квалитетно ќе ве залепат за седиштето при забрзување (3,5 до стотка), а можат да возат и само на струја и ќе трошат помалку гориво во град.
 
4 патници ќе седат во највисок комфор, но возачот тешко ќе се снаоѓа со командите
Porsche Panamera е автомобил наменет за 4 патници, кои може да ги смести во исклучително висок комфор. Сепак, не очекувајте премногу флексибилност во кабината – задните седишта не се воопшто „интелигентни“ и не се спуштаат за пренесување поголем товар, а низ кабината и нема премногу места за одлагање ситници. Но, багажникот има 500 литри, што е и повеќе од доволно за ваков тип на автомобил. И ако барате функционалност кај Porsche Panamera, сте го згрешиле автомобилот.
 
Зад воланот е исто така исклучително удобно, можеби и едно од најудобните возачки места од сите автомобили. Сепак, мултимедијалниот систем е на допир и иако брз и интуитивен, не е најдобар за користење во движење, а командите за клима уредот, поставени подолу се исто така на допир и бараат долго оттргнување од патот, а многу функционалности на климата се активираат само преку дисплејот на допир. Дефинитивно, тука стилот бил поважен од формата – ќе сакавме Porsche да ставеше копчиња барем за климата и аудиото.
 
Веројатно и не треба да се спомне, кабината е облечена во супер квалитетни материјали, прецизно склопени и сошиени. Овде никој нема да може да даде забелешка дека кабината делува евтино или недоволно луксузно.
 
Висока цена, но ги отсликува реалните квалитети
Ако се спореди со конкурентите, како Mercedes CLS, Audi A7 и BMW 6 GranCoupe, Panamera ќе биде поскап автомобил и во старт, а и ако се надополни со повеќе опрема. Сепак, препорачуваме да не доплаќате за надградбите кои даваат дополнителни перформанси, бидејќи и без нив, Panamera е еден исклучително способен автомобил.
 
Со оглед на тоа какви динамички квалитети нуди, како и целосниот комфор и способноста да помине и илјада километри без да ги замори патниците, ја прават Panamera најдобриот модел во својата класа во моментов. Да, цената е повисока, но за оние кои сакаат да го имаат најдоброто, според нас вреди да потрошите малку повеќе пари.
ПРЕДНОСТИ
• Најдинамичен седан во кривините
• Високо ниво на удобност, особено на отворен пат
• Високи перформанси кој мотори да се одбере
• Комфор и на предните и на задните седишта
• Квалитетна премиум кабина
НЕДОСТАТОЦИ
• Командите на средната конзола и не се најлесни за користење
• Висока цена и многу скапи доплати
• Ограничена флексибилност на кабината и малку места за одлагање ситници


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Porsche Panamera  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Jaguar E-Pace - 2018
 
Jaguar E-Pace - 2018
37900 - 73400
Land Rover Range Rover Sport
 
Land Rover Range Rover Sport
86500 - 168000
Mercedes-Benz GLE SUV
 
Mercedes-Benz GLE SUV
66250 - 135380
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Премиум SUV големи
 
Audi Q551622 €
Jaguar E-Pace - 201837900 €
Jeep Grand Cherokee51000 €
Land Rover Range Rover Sport86500 €
Lexus RX - 2016124500 €
Mercedes-Benz GLE SUV66250 €
Volkswagen Touareg - 201966647 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
 

Одберете друг автомобил
     

Porsche

Импортер за Македонија

Тел:

Адр:

Работно време: 
сабота: 


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Porsche модели
718 Boxster 718 Cayman
911 Carrera 911 Carrera Cabriolet
Cayenne Macan
Panamera Panamera Sport Turismo





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook