дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Škoda > Škoda Superb > Краток опис за моделот
Škoda Superb Škoda Superb
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 22600
веќе од 376 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
6.3
Изглед
5
Перформанси
7
Возна динамика
5
Зад управувачот
5.7
Удобност
6.5
Простор и практичност
8
Квалитет и доверливост
5.5
Цена/Опрема
6
Трошоци за користење
6
Безбедност и сигурност
8.5
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Кралски простран автомобил кој нема да испразни вашиот џеб

Третата генерација на Skoda Superb повторно настапува со веќе етаблираниот рецепт – нуди поголем автомобил, за пониска цена од таа на конкуренцијата во средната класа. Но, дали Superb има други адути со кои може да конкурира на компетитивниот сегмент каде владеат Ford Mondeo и VW Passat?


Онаму каде Superb поентира најмногу е кабината. Просторот на предните и на задните седишта е апсолутно најголем во класата и конкурентен дури и на возилата од највисоките класи – назад патниците можат добро да се испружат и дури и да ги прекрстат нозете.

Багажникот со 625 литри е исто така рекордер во класата – може да проголта многу, многу багаж. Одлична е и функционалноста – петтата врата во багажникот дозволува внесување на поголеми предмети, задните седишта се спуштаат за целосно рамен под, додека низ кабината има голем број на места за одлагање на ситници.

Моторите кои се вградуваат во Superb се истите оние кои ги познаваме од VW концернот. Сите имаат турбо полначи и висок вртежен момент, но и покрај тоа најдобро е да се избегне основниот дизел, кој тешко се носи со големата каросерија, особено при повисоки брзини на отворен пат.

Најдобар избор би биле 1.4 TSI бензинецот со 150 КС и 2.0 TDI дизелот со 150 КС, кои нудат многу солидни перформанси и прилично ниска потрошувачка – бензинецот троши околу 7 литри во просек (8,5 во град, 6 на отворено), додека дизелот троши околу 5,3 литри во просек (6 литри во град, 4,7 литри на отворено).

Во возење Superb е солиден, но тука веќе има подобри автомобили во класата. Суспензијата на пример е подесена прилично меко и одлично ги впива ситните нерамнини на отворен пат, но поголемите дупки и натаму се чувствуваат како удар во кабината, што е особено проблем на нашите патишта. Рафинираноста е пак солидна и при повисоки брзини кабината не е премногу гласна, но дизелите се премногу бучни при забрзување и работат со повеќе вибрации од вообичаеното.

Динамиката во возењето исто така е далеку од најдобрите – Superb се однесува безбедно и е доволно стабилен на повисоки брзини, но агилноста не е на највисоко ниво, односно големиот Superb не сака претерано брзи промени на правецот. Недоволно директното управување само дополнително дава до знаење дека Superb не е развиен да биде „возачки“ автомобил.

Зад воланот скоро секој возач ќе може да ја најде идеалната позиција на седење. Седиштата се прилично удобни, додека командите од централната конзола се големи и добро обележани, што го олеснува нивното користење, а истото важи и за системот со дисплеј на допир. Прегледноста назад сепак е многу слаба поради големиот “C” носач па паркинг сензорите и по можност камерата за возење назад се скоро и морални.

Во поглед на квалитетот, Superb не е на нивото на Passat, особено во кабината, но конкурентен е на останатите модели во класата. Доверливоста на моделите на Skoda е најдобра во концернот VW и сопствениците не би требало да имаат поголеми проблеми во животниот век на автомобилот. Skoda Superb е апсолутен победник во класата во поглед на цената и опремата – најевтин е и најбогато опремен. Доплатите исто така не е се премногу скапи, особено споредено со конкуренцијата.

Ниската цена, ниската потрошувачка и исклучително пространата кабина се чини најголемите адути на Superb. Чешката лимузина може да се пофали и со квалитетна кабина, богата опрема и меко возење. Сепак, подвозјето не е на нивото на софистицираност на најдобрите во класата – поголемите дупки добро се чувствуваат во внатрешноста, додека динамиката во возењето не е најдобра. Но, за сите оние кои сакаат пред се смирен, квалитетен и простран автомобил, а не сакаат да потрошат премногу пари, Superb е едно од најдобрите решенија во класата.

ПРЕДНОСТИ
• Кралски простор на задните седишта
• Мега голем багажник (625 литри)
• Удобно и тивко возење на отворен пат
• Штедливи мотори
• Квалитетна кабина
• Богата опрема и ниска цена
НЕДОСТАТОЦИ
• Послаба динамика од конкуренцијата
• Недоволно директно управување
• Бучни дизели
• Лоша прегледност во задниот дел


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Škoda Superb  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Ford Mondeo
 
Ford Mondeo
23100 - 46000
Mazda 6
 
Mazda 6
30980 - 43980
Renault Talisman
 
Renault Talisman
25000 - 45600
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Семејни седани
 
Citroën C518900 €
Ford Mondeo23100 €
Hyundai i4024800 €
KIA Optima24550 €
Mazda 630980 €
Peugeot 50822280 €
Renault Talisman25000 €
Toyota Camry - 201930190 €
Volkswagen Passat29408 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
СРЕДНА КЛАСА       ПРЕМИУМ - СРЕДНА КЛАСА       СРЕДНО - ВИСОКА КЛАСА       ВИСОКА КЛАСА       
 

Одберете друг автомобил
     

Škoda

www.skoda.com.mk

Импортер за Македонија
Порше Македонија

Тел: 02 / 2 626 - 266

Адр: бул. Босна и Херцеговина бб

Работно време:  08:00 -17:00
сабота:  09:00 -14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Škoda модели
Citigo Fabia
Fabia Combi Karoq - 2018
Kodiaq - 2018 Octavia
Octavia Combi Octavia RS
Rapid Rapid Spaceback
Scala Superb
Superb Combi





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook