дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Toyota > Toyota Verso > Краток опис за моделот
Toyota Verso Toyota Verso
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 21490
веќе од 358 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
6.2
Изглед
4
Перформанси
5
Возна динамика
4.7
Зад управувачот
6.3
Удобност
5.5
Простор и практичност
8.5
Квалитет и доверливост
7
Цена/Опрема
5
Трошоци за користење
7.3
Безбедност и сигурност
8.5
 
Спореди со оценки на друг автомобил

“All round” играч

При претставувањето на моделот, инженерите од Toyota ветија дека Verso, покрај стандардната практичност и функционалност што ја нуди, ќе биде и возачки автомобил!


Барем моторизацијата не ветува којзнае колку високи перформанси. Бензинските мотори ги карактеризира солидна еластичност со линеарно развивање на силата, иако за добро потегнување бараат високи вртежи, додека дизелите повлекуваат многу порано и генерално се побрзи. Сепак, предолгите односи во менувачот, иако ја намалуваат потрошувачката, делумно ги расипуваат забрзувањата.

Но, моноволумен што вози добро во кривините? Јапонскиот моноволумен исклучително неутрално, без многу навалување поминува низ кривините и пружа чувство на сигурност и безбедност, слично како кај некој компакт автомобил. Не му пречат ниту брзите промени на правецот, а во граничните случаи малку пролизгува преку предните тркала, за да го врати контролата на стабилноста. Управувањето не е најпрецизно и е премногу лесно на повисоки брзини, но менувачот е многу прецизен и со кратки одови. А уште повеќе задоволува фактот што добрите динамички својства не се на сметка на послабата удобност. Одлични се и рафинираноста и звучната изолација, особено кај бензинците.

Благодарение на зголемените димензии во однос на претходникот, Verso е исклучително простран на предната и на задната клупа (долу има рамен под, веќе заштитен знак на Toyota), иако во третиот ред и натаму ќе можат да седат само мали деца. Рака на срце, скоро сите моноволумени од оваа класа имаат недоволно широка трета клупа. Затоа, практичноста е на највисоко можно ниво – отвори за ситници има низ целата кабина, а со спуштањето на задните два реда се добива целосно рамен под. Багажникот брои задоволителни 440 литри кога пет седишта се во функција, иако е многу мал кога е дигнат третиот ред и брои само 155 литри. Ергономијата е одлична и сите команди се читливи и лесни за користење.

Опремата е богата – основниот модел Luna доаѓа со целосна електрика, автоматска двозонска клима и радио со CD+MP3+AUX (интересно, без приклучок за USB)… Сепак и покрај богатата опрема во внатрешноста, Luna не доаѓа со алуминиумски тркала, а ниту со темпомат (достапен само со највисокото ниво на опрема), кој и тоа како е потребен за вакво возило. Безбедносната опрема е извонредна – 9 воздушни перничиња, ABS+EBD+BA, TRC+VSC (систем за стабилност), HAC (систем за помош при тргнување по нагорнина) и ISOFIX, а доказ за високата безбедност се чистите 5 ѕвездички на EuroNCAP.

Verso е еден од најскапите моноволумени во класата, што делумно се оправдува со 5 – годишната гаранција на Toyota, како високиот квалитет и докажаната доверливост. Моторите се штедливи, па треба да се очекува 7,6 литри во просек од бензинците, односно 6,5 литри за дизелот со 126 КС.

Удобноста, пространата кабина и високата функционалност кај Verso се на највисоко ниво, но она што навистина го издвојува од конкурентите се врвните возни својства. Самиот спој на сите овие карактеристики, го прават јапонскиот моноволумен еден од најдобрите модели во класата, ако не и најдобар, но високата цена е голема пречка тој да биде и најисплатлив.

ПРЕДНОСТИ
• Супер пространа кабина
• Високо ниво на практичност и функционалност
• Удобно возење
• Одлични возни својства
• Високо ниво на механичка рафинираност
• Тивка кабина
• Добра ергономија
• Ниска потрошувачка
НЕДОСТАТОЦИ
• Висока цена
• Недоволно прецизно управување
• Долгите преносни односи во менувачот ги расипуваат перформансите
• Темпомат и алуминиумски тркала има само во највисокото ниво на опрема


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Toyota Verso  

ЈАПОНСКО СИ Е ЈАПОНСКО ТАКА ОСТАНУВА ТОА НЕМА ДА СЕ СМЕНИ
Напишан од ЈАПОНСКО СИ Е ЈАПОНСКО ТАКА ОСТАНУВА ТОА НЕМА ДА СЕ СМЕНИ  пред  околу 58 месеци
ЈАПОНСКО СИ Е ЈАПОНСКО ТАКА ОСТАНУВА ТОА НЕМА ДА СЕ СМЕНИ
Напишан од ЈАПОНСКО СИ Е ЈАПОНСКО ТАКА ОСТАНУВА ТОА НЕМА ДА СЕ СМЕНИ  пред  околу 58 месеци
zakon e
Напишан од TOYOTA VOZILA  пред  околу 105 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Ford Galaxy
 
Ford Galaxy
28000 - 38400
Ford S-MAX
 
Ford S-MAX
30500 - 45100
Citroën C4 Grand Picasso
 
Citroën C4 Grand Picasso
19990 - 19990
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Моноволумени големи
 
Citroën C4 Grand Picasso19990 €
Ford Galaxy28000 €
Ford S-MAX30500 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
МОНОВОЛУМЕНИ - МАЛИ       МОНОВОЛУМЕНИ - КОМПАКТИ       МОНОВОЛУМЕНИ - ГОЛЕМИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Toyota

www.toyota.com.mk

Импортер за Македонија
Тојота Авто Центар

Тел: 02 / 3088 - 800

Адр: ул. Скупи бб

Работно време:  08:00 - 18:00 (сервис до 16:00)
сабота:  10:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Toyota модели
Auris Aygo
Camry - 2019 C-HR
C-HR - Hybrid Corolla Hatchback - 2019
Corolla Hatchback Hybrid - 2019 Corolla Sedan - 2019
Corolla Sedan Hybrid - 2019 Corolla Touring Hybrid- 2019
Corolla Touring Sports - 2019 Hilux - 2016
Land Cruiser - 2018 Prius Hybrid
Proace RAV4 - 2019
RAV4 Hybrid - 2019 Yaris
Yaris Hybrid





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook