дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Audi > Audi A5 Coupe > Краток опис за моделот
Audi A5 Coupe Audi A5 Coupe
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 38610
веќе од 643 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Audi A5 Coupe – возачкото доживување во втор план

Еден од најуспешните купе модели кај нас е A5 Coupe и тоа не е случајно – првиот модел имаше привлечен изглед, моќни мотори и одлично изработен, премиум ентериер. Сепак, во меѓувреме конкуренцијата лансираше многу позабавни автомобили за возење, што е една од главните причини зошто купувачите се одлучуваат за купе автомобил.


Интересно, новата A5 Coupe не се обидува да го поправи еден од главните недостатоци на претходникот, а тоа е помалата инволвираност на возачот во целиот процес на возење. Тука и натаму главен акцент е ставен на чувството во ентериерот, високото ниво на механичка рафинираност и моќните и штедливи мотори.

 
Возачкото доживување не е како кај чистокрвен купе автомобил
Фактот е дека новата генерација на A5 се базира на платформата на A4, кој е пред се познат по високото ниво на удобност и рафинираност. Инженерите се обиделе да внесат малку спорт кај A5 Coupe, преку ставање на малку поспортска суспензија, но не само што со тоа не е ништо постигнато, туку A5 Coupe има загубено во однос на А4 кога е во прашање удобноста.
 
Едноставно, кога сте зад воланот на A5 Coupe, фали спортското чувство на BMW 4 Series, па и на Lexus RC. Воланот не е толку директен и прецизен, а дури и на помали брзини се чувствува подуправливост, која го скратува „ќеифот“ во возењето. Да не бидеме разбрани погрешно – A5 Coupe е супер безбеден и стабилен автомобил и на високи брзини, но динамиката во возењето е далеку од моделите со заден погон. 
 
И најлошо од се, потврдо подесените амортизери, дури и кај моделите со адаптивна суспензија, ја расипуваат удобноста. A5 Coupe не е драматично подобар автомобил за возење од A4, а воедно е и помалку удобен. Ние ќе бевме посреќни ако A5 Coupe не се занесуваше дека е спортски автомобил и ако беше удобен како А4-ката. И да, конкуренцијата исто така не е толку удобна, но барем е подинамична за возење.
 
Најдобар избор на мотори во класата, но избегнете ги најслабите
Audi A5 Coupe има најбогат избор на мотори во класата и за сите можеме да кажеме позитивни работи, бидејќи нудат одлични перформанси со ниска потрошувачка. Како и да е, основниот 1,4 TSI бензинец со 150 КС не одговара премногу на карактерот на автомобилот – ова е сепак купе автомобил. 
 
Поради тоа што и динамиката во возењето не е на највисоко ниво, ние препорачуваме барем 2,0 TSI бензинец со 255 КС, кој добро ќе ве залепи за седиштето и може лесно да го покачи адреналинот или пак еден од двата 3,0 дизели со 218 и 272 КС. Всушност, поради ниската потрошувачка од околу 9-10 литри во град и под 6 литри на отворено и ракетните забрзувања, достапни уште од пониски вртежи.
 
Сите мотори се и импресивено тивки, а ова важи и за дизелите, кои скоро и да не се слушаат во кабината. Тука мора да ја пофалиме и целосната механичка рафинираност и звучна изолација – А5 Coupe е најтивкиот и најрафиниран модел во класата.
 
Ентериерот е супер прецизно изработен, а употребени се и многу квалитетни материјали
Квалитетен и прецизно изработен ентериер е карактеристика на сите модели на Audi и нормално и A5 Coupe може да се пофали со еден таков. За некои, дизајнот може е малку поконзервативен, но ние не би сакале да навлеземе во тоа и само ќе кажеме дека во поглед на изработката и употребените материјали му нема рамен во класата. Каде и да допрете и погледнете, A5 Coupe зрачи премиум.
 
Покрај тоа, внатрешноста на A5 Coupe нуди и повисоко ниво на комфор во внатрешноста, односно по некој сантиметар повеќе простор во сите правци. И багажникот е најголем со 480 литри, додека задната клупа лесно се склопува во однос 40:20:40 за пренос на подолги предмети. За оние што бараат и функционалност од својот купе автомобил, A5 Coupe ќе биде веројатно најдобриот избор во класата. Не помалку важно, тука ќе му биде комфорно и на возачот – сите команди се на дофат на рацете, а возачката позиција е скоро идеална.
 
Одличен MMI мултимедијален систем и високо ниво на технологија
Најновиот MMI мултимедијален систем за информирање на возачот во A5 Coupe е најлесен за користење досега. Тој се управува со централно поставен контролер кај менувачот возачот брзо го навикнува, а ваквиот начин на интеракција е секогаш подобар во движење отколку екраните на допир. 
 
Со доплата, наместо инструмент табла може да се добие и Virtual Cockpit, што е 12,3 инчен дисплеј, на кој покрај класичните инструменти, може да се прикажат и многу други важни информации. Исто така, овој дисплеј драматично го зголемува чувството на висока технологија во ентериерот, а кога сме кај неа, A5 Coupe доаѓа со сите познати системи за активна безбедност, кои му помагаат на возачот во критични ситуации.
 
A5 Coupe инаку има цена во рамките на класата, а и доплатите се на ниво на останатите германски конкуренти. Во некои моменти, се чини како светото тројство да се договара кога ценовно ги позиционира своите модели.
 
Купе за оние на кои не им е важно возачкото доживување
A5 Coupe е автомобил кој апсолутно нема да ги разочара оние кои бараат експресен превоз од толка А до точка Б, благодарение на моќните мотори. Сепак, не барајте многу забава додека возите експресно меѓу тие две точки, како ниту претерано голема удобност. Audi A5 Coupe има многу квалитети, како квалитетен ентериер, тивка кабина и рафинирана механика, но еден купе автомобил мора да овозможи и малку повисока забава во возењето. А како таков, A5 Coupe осетно заостанува зад моделите со заден погон.
ПРЕДНОСТИ
• Квалитетен ентериер со прецизна изработка
• Тивки мотори и целосно рафинирана механика
• Одлична звучна изолација
• Најдобра функционалност во класата
• Одличен MMI мултимедијален систем
НЕДОСТАТОЦИ
• Динамиката не е добра како кај конкурентите со заден погон
• Недоволно прецизно и директно управување
• Удобноста не е на доволно високо ниво


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Audi A5 Coupe  

INAKU SUPER SE PRAVI VO BAVARIA VO INGLOSTAD
Напишан од OVA MOZE AMA EDNO NE MI SE DOPAGA KAJ OVA FAROVITE SE ISKOPIRANI OD NIOVATA MAZDA NAPRED MASKATA  пред  околу 62 месеци
OVA MOZE AMA EDNO NE MI SE DOPAGA KAJ OVA FAROVITE SE ISKOPIRANI OD NIOVATA MAZDA NAPRED MASKATA.SEKOJ TRET ALBANEC ILI ALBANKA VO MAKEDONIJA VOZI GERMANSKA KOLA BEZ RAZLIKA DALI E AUDI BMW MERCEDES OPEL NEZNAM ZA FORD NE SUM SIGUREN POZDRAV
Напишан од OVA MOZE AMA EDNO NE MI SE DOPAGA KAJ OVA FAROVITE SE ISKOPIRANI OD NIOVATA MAZDA NAPRED MASKATA  пред  околу 62 месеци
OVA MOZE AMA EDNO NE MI SE DOPAGA KAJ OVA FAROVITE SE ISKOPIRANI OD NIOVATA MAZDA NAPRED MASKATA
Напишан од OVA MOZE AMA EDNO NE MI SE DOPAGA KAJ OVA FAROVITE SE ISKOPIRANI OD NIOVATA MAZDA NAPRED MASKATA  пред  околу 62 месеци
tocno starate bese poubava od nadvor.....samo vnatre sega ja sredile
Напишан од da da  пред  околу 80 месеци
c c c ja ogrdea a5-kava od nadvor samo vnatre ja sredija.....starata bese poubava od nadvor
Напишан од jack  пред  околу 81 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 3
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Mercedes-Benz C-Class Coupe
 
Mercedes-Benz C-Class Coupe
41980 - 103990
Audi A5 Coupe
 
Audi A5 Coupe
38610 - 57151
Ford Mustang
 
Ford Mustang
56000 - 71900
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Купеа
 
Ford Mustang56000 €
Mercedes-Benz C-Class Coupe41980 €
Mercedes-Benz CLA29280 €
Mercedes-Benz E-Class Coupe46990 €
Mercedes-Benz GLE Coupé AMG17299 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
КУПЕ       СПОРТ КУПЕ       
 

Одберете друг автомобил
     

Audi

www.audi.com.mk

Импортер за Македонија
Порше Македонија

Тел: 02 / 2 626 - 266

Адр: бул. Босна и Херцеговина бб

Работно време:  08:00 -17:00
сабота:  09:00 -14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Audi модели
A1 A3
A3 Sedane A4
A4 Avant A5 Coupe
A5 S5 Coupe A5 Sportback
A6 A6 Allroad Quattro
A6 Avant A7 Sportback
A8 Q2
Q3 Q5
Q7 Q8
R8 TT Coupe





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook