дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Ford > Ford Mustang > Краток опис за моделот
Ford Mustang Ford Mustang
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 56000
веќе од 933 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Ford Mustang: Автомобил кој нуди незаборавно искуство, но дефинитивно не е за секого

Во автомобилскиот свет има неколку модели, таканаречени икони, за кои дури и да не смеете да кажете лош збор. Веројатно најпознатата од нив е Mustang, модел кој се роди во време кога горивото во САД имаше скоро иста цена како водата и кога потрошувачката на моторот не беше работа за која се разговараше.


Сепак, во Европа овој модел никогаш и не успеа. Очигледна причина е што горивото тука никогаш не било толку евтино, но од друга страна и што се работи за многу голем автомобил, кој не се снаоѓа најдобро по тесните европски улички, полни со остри кривини. Овде и не пречи само големината – во претходните генерации, Mustang не беше особено добар по кривините – некои би рекле дека беше наменет само за драг тркање.
 
Ford вети дека новиот модел нема да биде таков и дека во начинот на кој вози е многу поблизу до останатите, европски спортски автомобили. Но, дали е тоа доволно?
 
Не е спортски динамичен и агилен, но тоа не значи дека нема да остави насмевка на лицето на возачот
Новиот Mustang, мора да признаеме, вози многу подобро од порано. Управувањето е подиректно и попрецизно и носот поспремно влегува во свиоците. Како и да е, ова не значи дека овозможува спортско возење. Скоро секое европско купе е подиректно, поагилно, побрзо одговара на командите на возачот. Споредено со нив, Mustang делува како тенк.
 
Но, Mustang има и два супер моќни мотори – 2,3 литарски турбо бензинец со 315 КС и 5,0 V8 со 416 КС и заден погон. Во превод, ова значи дека лесно ќе може да го занесете задниот крај во кривините и да дрифтате. Нормално, ако знаете како да го правите тоа. Исто така, перформансите и од двата мотори се одлични, но звукот на V8 го прави бесконечно понеодолив од турбо бензинецот. Навистина, перформансите (4,8 секунди до стотка) и мускулестиот звук од V8 агрегатот се како дрога – овој автомобил ќе сакате често да го „цедите“. Во сета таа приказна за забрзување и менување брзини, пофалба заслужува и мануелниот менувач, кој супер прецизно лизга низ степените.
 
За среќа, Mustang не е претерано тврд автомобил и одлично се справува со честите дупки на нашите патишта, но истото не може да се каже за звучната изолација. Додека моторите се стишуваат на повисоки брзини, има премногу бучава од ветерот и гумите. Премиум конкурентите во овој сектор ќе овозможат многу потивко и порафинирано возење на долги патувања.
 
Тесен и евтин ентериер, но со привлечен ретро филинг
Во внатрешноста, Ford се потрудил да стави акцент на ретро шармот на Mustang и во големо, успеал во тоа. Копчињата и командите делуваат ретро, а и целосниот дизајн на предната конзола остава таков впечаток. Од друга страна, пластиката е евтина на допир, особено споредено со другите купеа како Lexus RC, BMW 4 Series и Audi A5, иако на изработката нема забелешки.
 
Возачката позиција исто така е солидна и тука не би имале проблем да поминете повеќе километри, а командите се секогаш на дофат на раката, иако малку потешко читливи. Мултимедијалниот систем е лесен за користење, но и натаму не сме фанови на дисплеј на допир, особено во автомобил како Mustang, кој не е особено прегледен.
 
На задната клупа во Mustang сепак е тесно, во сите правци. Багажникот пак има солидна големина од 406 литри, но многу мал отвор, што значи само едно – ова е автомобил наменет за двајца патници.
 
Ниска цена, но превисоки трошоци за одржување
Кој модел на Mustang да го одберете, бидете скоро сигурни дека ќе го имате најбрзото купе за тие пари. Ford не штедел и на опремата, што е за пофалба, но кај Mustang главните трошоци се откако ќе го купите. И двата мотори трошат премногу гориво – над 12 литри во просек со понормално возење за турбо бензинецот, односно над 15 литри за V8 моторот, а да не зборуваме колку вистински ќе трошат доколку ги користите нивните можности. Да не заборавиме – овој Mustang многу лесно ќе ги гори големите и скапи гуми, а сервисите за овие мотори се исто така скапи.
 
Ова не значи дека сакаме да ве оттргнеме од купувањето на Mustang доколку сакате брз и бесен автомобил. Американската икона апсолутно поседува неодолив шарм кој го нема ниту еден друг автомобил наменет за европскиот пазар и може да овозможи многу висока забава во возењето, како и дефинитивно висок имиџ за оној кој ќе го поседува. Сепак, европските и јапонските купе конкуренти се пософистицирани во скоро секој поглед – возат подобро во кривините, имаат поубави ентериери и се поудобни за подолги патувања. Ако овие работи сепак не ви се многу важни, тогаш исполнете си го сонот!
 
 
 
 
НИВО НА ОПРЕМА
 
 
 
1-во ниво | ECOBOOST
  • Напреден систем против пролизгување,
  • ABS - систем за сопирање, EPAS - Ел. серво управувач 
  • EBD - Ел. дистрибуција на силата на кочење, EBA - помош при нагло сопирање,
  • TCS - Контрола на тракција,
  • Напреден систем за сопирање со 4 цилиндри,
  • Централно далечинско заклучување, 
  • Заклучување на централната конзола и воланот,
  • Помош при тргнување во нагорнина, 
  • Имобилајзер, Предни воздушни перници,
  • Воздушно перниче за колено кај возачот,
  • Странични воздушни перници,
  • Систем за следење напритисок во гумите,
  • Мануелно подесив волан во 4 правци,
  • ISOFIX, 
  • Ел. подесиви предни прозори со глобално отварање/затварање,
  • Ел. подесиви задни прозори - само закабриолет ,
  • Електрохроматски самозатемнуван внатрешен ретровизор, 
  • Двозонски автоматски клима уред,
  • "My Key" функција,
  • Темпомат,
  • Стартување и влегување во возилотобез клуч,
  • камера во задниот дел, 
  • Нивелирање на фарови,
  • Сензор за дожд, 
  • Амбиентално осветлување во кабина, 
  • Осветлени прагови на вратите, 
  • 4,2" екран во боја на инструмент таблата, 
  • Менувач поставен на волан - само за возила со автоматски менувач , 
  • Преклоплива задна клупа 50/50, 
  • 19"x9.0" алуминиумски фелни (црна боја) со m255/40R19 гуми, 
  • Сет за поправка на пневматици,
  • Заштитни штрафови за алуминиумски фелни,
  • горна решетка во црна боја,
  • Заден браник со дифузер целосно во боја на каросерија, 
  • Рачки на вратите во боја на каросерија, 
  • Светло на ретровизорите со проекција на Mustang лого,
  • Xenon предни светла, 
  • Задни LED светла,
  • Двоен издув со светол финиш,
  • Независна задна суспензија,
  • Црн покрив од ткаенина - само за кабриолет, 
  • Кожни седишта, 
  • Eл. подесиво возачко и совозачко седиште во 6-правци,
  • Ел. подесива лумбарна подршка на возачко седиште,
  • Предни наслони за глава подесиви по висина - освен за Recaro седишта ,
  • Кожен волан, Кожна рачка на менувач,
  • Алуминиумски педали, 
  • Велур предни патосници,
  • Аудио систем (Радио/ЦД, SYNC Gen 3, Bluetooth/Voice control,
  • Track Apps (апликации за следење на перформансите и безбедноста на возилото) 
 
 
 
2-ро ниво | GT
Содржи се што има Ecoboost, плус:
  • Track Apps со опција Line Lock + Launch control (блокирање на предните тркала за поголема сила при стартување) - само со мануелен менувач , 
  • 9"x9.0" предни алуминиумски фелни во црна боја со 255/40R19 гуми и 19"x9,5" задни алуминиумски фелни во црна боја со 275/40R19 гуми, 
  • Ладење на моторното масло,
  • Brembo систем за сопирање со 6 цилиндри - само со мануелен менувач.
ПРЕДНОСТИ
• Моќни мотори и високи перформанси
• Моќен мотор + заден погон = дрифт машина
• Прецизен и директен мануелен менувач
• VROOOOM звукот на V8 моторот
• Мускулест имиџ
• Ниска цена (со оглед на понудените перформанси)
НЕДОСТАТОЦИ
• Евтина внатрешност
• Динамички заостанува зад европските и јапонските конкуренти
• Превисока потрошувачка и високи трошоци за одржување
• Слаба звучна изолација


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Ford Mustang  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Mercedes-Benz C-Class Coupe
 
Mercedes-Benz C-Class Coupe
41980 - 103990
Audi A5 Coupe
 
Audi A5 Coupe
38610 - 57151
Ford Mustang
 
Ford Mustang
56000 - 71900
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Купеа
 
Audi A5 Coupe38610 €
Mercedes-Benz C-Class Coupe41980 €
Mercedes-Benz CLA29280 €
Mercedes-Benz E-Class Coupe46990 €
Mercedes-Benz GLE Coupé AMG17299 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
КУПЕ       СПОРТ КУПЕ       
 

Одберете друг автомобил
     

Ford

www.ford.com.mk

Импортер за Македонија
Ми-Да Гранд Моторс

Тел: 02 / 3073 - 103

Адр: Бул. Октомвриска Револуција бб

Работно време:  08:00 - 20:00
сабота:  08:00 - 15:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Ford модели
B-MAX C-MAX
Fiesta - 2018 Fiesta ST
Fiesta Van Focus
Focus - 2018 Focus ST
Galaxy Kuga MCA
Mondeo Mustang
Ranger S-MAX
Tourneo Connect 2009 Transit Chassis Cab
Transit Connect Transit Custom
Transit Minibus Transit Van





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook