Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ВОДИЧ ПРИ КУПУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛ              КОРИСНИ АВТО - СОВЕТИ        СОВЕТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ        ТОП 5
Насловна > Новости > Корисни Авто-Совети > Мал моноволуменец – да или не?
 
Spodeli
15 септември 2010, 17:28


Мал моноволуменец – да или не? Honda Jazz Мал моноволуменец – да или не?
Како и секој производ, и автомобилите тежнеат да го постигнат она невозможното – да го задоволат секој купувач и да бидат достапни за секој џеб...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

На прв поглед, одговорот и не е тежок. Побогатите ќе возат поголеми и попространи возила, а посиромашните ќе возат помали возила и ќе се туткаат во внатрешноста... Но, ако беше толку лесно, авто индустријата немаше да опстане на ниво на кое што е сега. Иновациите ја движат индустријата, па така е и кај автомобилите...

Со разни каросериски форми, дизајни и конструкции, инженерите одамна се обидувале да го задоволат сечиј вкус. Денес, освен класичните троволуменски каросерии (седани), двоволуменските (хечбек) и моноволуменските земаат се поголем замав. Овие последните доживуваат толкав пораст, што навлегуваат дури и во ниската класа...

На тест го имавме Honda Jazz со Sport ниво на опрема и 1,4 литарскиот бензинец со 100 КС. Бидејќи за него веќе напишавме класично тест возење, во овој текст ќе се обидеме да ги наведеме предностите на поседување на автомобил од оваа класа, но секако и недостатоците.

Кои се конкурентите?

Иако меѓу првите, Honda Jazz не е единствен мал моноволумен на пазарот. Последниве неколку години, многу нови модели ја исполнија гамата, како домашниот конкурент Nissan Note, модерно и фанки дизајнираниот Citroen C3 Picasso, кутиестиот Ford Fusion, Skoda Roomster, Kia Venga и Opel Meriva, која веќе влегува во својата втора генерација...

Сите имаат различен пристап во дизајнот, но има еден дел каде сите се натпреваруваат и истото најмногу го истакнуваат – просторот, практичноста и функционалноста.

Навистина ли се толку пространи?

Како прво, самата форма на каросеријата, едноволуменската, донесува многу повеќе простор во кабината. Во пракса, тоа се пренесува во повеќе простор за патниците и поголем багажник. Сепак, за да се постигне највисокото можно ниво на пространост, седењето кај моноволумените е малку повисоко, па следствено на тоа, и каросеријата е повисока од вообичаеното.

Кај Jazz, ова не е толку изразено споредено со некои конкуренти од класата, но просторот и натаму е на највисоко можно ниво. Напред, покрај големиот простор во сите правци, чувството за пространост е зголемено и благодарение на ветробранското стакло, кое е поставено далеку од возачот. И назад седењето е исклучително комфорно, како за нозете, така и за главата. Ако споредуваме, просторот е речиси на нивото на автомобил од средната класа, подобар и од многу компакти, посебно кога е во прашање просторот за главата. Дека е внимавано на максимален комфор, Jazz покажува и преку исклучително удобните седишта кои пружаат одлична странична поддршка...



Колку се практични и функционални?

Скоро сите модели од оваа класа, предничат со високата функционалност, пред се благодарение на модуларната внатрешност. На пример, кај Jazz задната клупа може да се лизга напред – назад, како сопственикот би избрал меѓу поголем багажник, или повеќе простор на задната клупа. Во најлошиот случај за патниците (иако е далеку од тесно), во багажникот остануваат одлични 390 литри простор, а ако се турне клупата целосно назад, остануваат и натаму респектабилни 337 литри. Ваков избор, не нудат многу други автомобили и истиот е резервиран само за моноволумените, со некои мали исклучоци.

Втора голема придобивка кај моноволумените е огромниот отвор за товарање. Голем багажник не значи ништо, ако отворот за багаж е мал, за што доказ се седаните – имаат големи багажници, но во нив не можат да се внесат поголеми предмети. Кај Jazz, задната врата се отвора широко, а и работ на багажникот е многу ниско поставен, што во големо го олеснува полнењето на багажникот, дури и со поголеми и потешки предмети. Згора не сето ова, со спуштањето на задните седишта, а е придобивка на високата каросерија, сите модели од оваа класа нудат голем, употреблив товарен простор.

Приказната за функционалноста не завршува тука. Кај Jazz, големата кабина е умно искористена за повеќе места за одлагање за ситници, кои се со респектабилна големина. Има и многу места за оставање пијалаци, што алудира на тоа дека ова е автомобил направен за патување... Што веднаш го поставува прашањето – дали е тивок и удобен?



Удобноста и звучната изолација се задоволителни

Тука веќе настануваат разлики кај конкурентите. Jazz е задоволувачки удобен, посебно на отворен пат, слично како и еден Citroen C3 Picasso. Задоволува тоа што суспензијата лесно ги впива малите нерамнини и не пренесува вибрации во внатрешноста, но поминувањето преку поголемите дупки не е така удобно и рафинирано како кај моделите од компактната класа, што јасно укажува на тоа дека подвозјето потекнува и е дизајнирано како за модел од ниската класа.

Звучната изолација, барем кај Jazz, е на високо ниво. Моторот е многу тивок и не испушта вибрации (впрочем како и кај секоја Honda), што го прави возењето низ град поопуштено. Сепак, поради формата на каросеријата и послабата аеродинамика, Jazz, како и секој мал моноволумен, пропушта повеќе звук од ветерот при повисоки брзини – тука седаните се многу подобри!

Многу се високи, дали се доволно стабилни?


Моноволумен не се купува за да се оди на трка. И покрај напорите на инженерите за префрлање на тежиштето на возилото што е можно подолу, малите моноволумени и натаму не можат да се возат брзо како автомобилите со покласична форма, како моделите од ниската или компактната класа. Сепак, ова не треба и не смее да заплашува. За силата на моторите која ја нудат, овие автомобили се перфектно стабилни и безбедни, дури и на повисоки брзини. На пример, Honda Jazz има 1,4 литарски бензинец со 100 КС, кој не овозможува спектакуларни перформанси, а следствено на тоа и не бара којзнае какви возни својства. За овој мотор, подвозјето на Jazz се однесува и повеќе од добро.

Но, ќе повториме – оние кои сакаат брзо влегување во кривините и високи брзински просеци, оваа класа не е вистински избор.

Помали мотори, пониска маса, пониска потрошувачка!


Ефектите од помалите надворешни димензии, помалите мотори и пониската маса, се чувствуваат најмногу кога е во прашање потрошувачката. Малите моноволумени трошат само малку повеќе од моделите од ниската класа, и нешто помалку од моделите од компактната. Ова не значи дека перформансите не се добри – Jazz 1,4 до стотка забрзува за 11,4 секунди и постигнува одлични 182 km/h максимална брзина.

Просечната потрошувачка кај овој мотор, според податоците на Honda, изнесува извонредно ниски 5,4 литри во просек, односно 6,5 во град и 4,7 на отворено. Реално, со нормално возење, потрошувачката изнесува само половина литтар повеќе, а со поагресивно возење најмногу до два литри повеќе. Сепак, за бензинец со 100 КС, вграден во семеен автомобил, тоа не само што е прифатливо, туку е и одлично!

Мала предница – лоша пасивна сигурност?

Ова воопшто не е точно. На тестирањата на EuroNCAP, Jazz заработи максимални 5 ѕвездички по новиот, построг систем на тестирање. Покрај високото ниво на безбедност за возрасни патници и деца, благодарение на дизајнот на предницата, Jazz се покажа и како исклучително безбеден за пешаците, што не е случај кај автомобилите со подолга, хоризонтална предница.

Целосно гледано, сите модели со слична форма на каросеријата кои се тестирани досега, постигнуваат високи резултати на испитувањата за пасивна сигурност, односно краш тестовите. Во превод, четири или пет ѕвездички за возрасни и високи четири ѕвездички за деца.



Пониска цена од таа на компактите

Малите моноволумени, и покрај се пониските цени кај компактите, и натаму се поевтини. Моделот кој го имавме на тест, Jazz со Sport ниво на опрема и со 1,4 моторот со 100 КС, чини 15.990 евра. Ова ниво на опрема, донесува главно промени во надворешниот изглед, благодарение на шминкерските додатоци како спортските спојлери и прагови и 16 инчните алуминиумски тркала. Од опремата за луксуз и безбедност, вклучува ABS+EBD, VSA систем на стабилноста, 6 воздушни перничиња, целосна електрика, имобилајзер, радио со CD+MP3 со шест звучници, автоматски клима уред, магленки...

Математиката кажува, дека компакт со истото ниво на опрема, чини неколку илјади евра повеќе. На пример, Civic со истиот мотор и слично ниво на опрема, чини 16.490 евра.

За кого се наменети?

После сите истакнати предности и недостатоци, јасно е за кого се наменети малите моноволумени. Просторот во внатрешноста, високото ниво на функционалност и практичност, коректните цени и ниската потрошувачка, целат директно на фамилиите. Секако, модел од компактната класа ќе има подобри возни својства и ќе биде поудобен, но ниту еден модел од таа класа не може да понуди практичност на еден моноволумен.

Малите моноволумени, го прават она невозможното – нудат повеќе за помалку. Секако, со неколку слабости, но за она што го бараат целните купувачи, односно повеќе простор и практичност во помало и поевтино пакување, овие возила се најлогичниот избор! 

Ваквиот тип на возила, може целосно да ги задоволи и потребите и на авантуристите, кои често пренесуваат багаж и многу ситници со себе...

Токму оваа класа на автомобил е она што му треба на македонскиот купувач - многу простор и функционалност, спакувано во автомобил со помали надворешни димензии и помала потрошувачка. Ова е токму она спротивното од купување автомобил на метар, каде надворешен изглед на лимузина не носи внатре многу простор и функционалност. Особено заради маневрлибилноста низ градски гужви. Jazz тука особено поентира, благодарение на зашиленииот преден дел, а со тоа и максималната леснотија за управување со автомобилот на мал простор. 


Honda Jazz
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
hahahah kia venga imala kvalitet kako honda jazz. sto ne ke slusni covek. a za toa sto bila poeftina ke vidis po nekoja godina, polovnata cena kako ke i bide, pa matematikata ke kazi koj gubi. pozdrav
Напишан од boki  пред  околу 81 месеци
Da da Venga e super kolice za eftini pari i kvalitetno sto e najvazno...
Напишан од Ice  пред  околу 82 месеци
Ima Kia Venga koj saka ovakov tip na auto za 4000 eur pomalce kvalitetot na dvete auta e tuka nekade ama mislam deka Vengata e podobro izrabotena i poubavo izgleda.
Напишан од revpermin  пред  околу 82 месеци
Edno od podobrite ako ne i najdobro vozilo vo taa klasa (gradsko-familijarno). Honda e megu prvite sto vlegoa vo ovoj segment, na mali MPV-a i toa mnogu uspesno. Bravo za Honda
Напишан од Avtomobil  пред  околу 82 месеци
fenomenalno auto, seuste neprikosnoven lider vo klasata
Напишан од jazz master  пред  околу 82 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 4
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Корисни Авто-Совети



 
 
 
 






Одберете нов автомобил