Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Концепт > Пристигна Opel Astra GTC!!!
 
Spodeli
08 септември 2010, 04:10


Пристигна Opel Astra GTC!!! Opel Astra GTC Пристигна Opel Astra GTC!!!
Иако во почеток само како концепт, на саемот во Париз, премиерата ќе ја доживее долгоочекуваната тривратна верзија на новата Astra, GTC...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Според првите најави, концептот ќе биде долг солидни 4,46 метри, па и покрај формата на каросеријата, внатре ќе може да се сместат пет патници. Кога сме веќе кај надворешната форма, таа е составена од исклучително спортски и флуидни линии, кои во целина оставаат доза на агресивност. Дизајнерите од Opel се фалат дека овој автомобил е дизајниран со само три линии, како и сите исконски автомобили од историјата, кои оставиле впечаток со дизајнот. Дали и Astra GTC ќе стане исконска не знаеме, но сигурно остава силен впечаток.



Моторизацијата ќе биде целосно преземена од Astra, но со додавањето на 1,6 литарскиот турбо бензинец со 210 КС во GSI изведбата, односно на пеколниот 2,0 литарски турбо бензинец со околу 300 КС во најсилната, VXR изведба. Оваа изведба се очекува да биде опремена и со многу новини во подвозјето, како иновативната предна оска со HyPerStrut суспензија, преземена од Insignia VXR, односно специјално развиен преден диференцијал, кој ќе треба да се погрижи силата полесно да се пренесе на патот. Целосно, GTC ќе биде поширок и понизок од моделот со пет врати, што ќе треба да овозможи поголема стабилност.

Во внатрешноста не се очекуваат којзнае колкави измени во однос на моделот со пет врати, па се очекува вградување на малку поразлични материјали и бои, како и на нови седишта.

Opel Astra GTC како концепт ќе биде претставена на саемот во Париз, кога ќе имаме и повеќе детали за автомобилот. На пазарот се очекува да пристигне ова време идната година.


Opel Astra GTC
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
a kolku pari e ova strasilo?
Напишан од dada  пред  околу 80 месеци
do kaj ke odat ovie,kolava e top,
Напишан од valpur  пред  околу 82 месеци
ne mislev na astrava koga gi spomnav oznakite i iminjata, tuku na toj sto pisuva na stranicava gluposti, i gi koristi tugite, so znakot FXX nema da najdete ni edna psovka osvem onaa od pred den , sto ne e moja, tuku na nekoj zelenko, na koj voopstvo ne mu e do koli
Напишан од fxx  пред  околу 82 месеци
Jane dete zeleno!!! kako moze da mi kazuvas prikazni deka nemalo vrska ednoto so drugoto ako nekoj propaga kako firma moze li da bide kvalitetno RAZBERI NEMOZE !!!!!! zasto bi davale takva garancija,dozivotna za da ja vratat prodazbata.
Напишан од muskul  пред  околу 82 месеци
"Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети."-gledam kolku gi otstranuvate nepristojnite komentari :))
Напишан од keder  пред  околу 82 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 19
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Концепт



 
 
 
 






Одберете нов автомобил