Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест – Mitsubishi ASX 1.8 DI-D Invite+
 
Spodeli
30 август 2010, 14:49


Тест – Mitsubishi ASX 1.8 DI-D Invite+ Mitsubishi ASX Тест – Mitsubishi ASX 1.8 DI-D Invite+
Популарниот сегмент на помали SUV возила добива нов член. Како одговор на Nissan Qashqai и Skoda Yeti, Mitsubishi го претставува ASX, помалиот брат на Outlander....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Денешните SUV возила, кои повеќе се прилагодени за низ град отколку за на терен, вообичаено се купуваат за добивање на повеќе простор и функционалност. Ако класата на Outlander се уште нуди релативно големи автомобили, ASX  е токму она што е потребно за низ град. Речиси иста понуда на простор внатре, а забележителна заштеда на простор однадвор.

Mitsubishi има богата историја кога се во прашање возилата со погон на сите четири тркала, посебно кога се работи за теренците и рели возилата. Outlander беше првиот обид во класата на меки теренци, односно SUV возила, и помина доста успешно кај купувачите. Најновиот модел ASX, се потпира на успесите на својот поголем брат, но доаѓа во помало и поевтино пакување. Има ли и овој модел на Mitsubishi доволно адути за борба со најдобрите, прочитајте подолу...

 



Изглед

Надвор – веќе препознатливата маска, вклопена со класични линии

За препознатливата маска на Mitsubishi нема да трошиме многу зборови. Повеќе е и од агресивна и динамична, но некако стана секојдневие на нашите улици. Покрај нејзе, ASX не е претерано динамично дизајниран автомобил, со класична форма на каросеријата. Единствено косо поставените задни светла даваат малку поголема разиграност. Се на се, покласичен дизајн, посебно ако се спореди со конкурентите како Skoda Yeti или Nissan Qashqai.

Ништо ново во ентериерот – минимализам како кај секое Mitsubishi

Изгледа познато? Да? Не е ни случајно – освен хоризонтално поставените централни отвори за вентилацијата, ASX е идентичен на Lancer и Outlander. Се е минималистички и логично изведено, да не речеме школски. Факт е дека ова донесува високо ниво на ергономија, но се чини дизајнерите можеле малку повеќе да ја разиграат внатрешноста – единствено менувачот и рачната кочница, кои се изведени во светкав хром, ја освежуваат црната конзола.

Ергономија – подобро и не можело

Ако на прв поглед, внатрешноста на ASX не импресионира, тогаш сигурно го прави тоа по првите поминати километри. Сите, ама баш сите команди се поставени на логично место, аудио системот има големи и читливи копчиња, клима уредот, и покрај тоа што е автоматски, се управува со познатото вртење на прстените... И инструмент таблата е исклучително прегледна, иако вклучува многу информации во централниот дисплеј, како моменталната и просечната потрошувачка во исто време... Лесно се наоѓа и вистинската позиција зад управувачот, бидејќи за прв пат кај Mitsubishi, тој сега се подесува по длабочина. Да не кажуваме и дека менувачот е секогаш на дофат на раката, која пак природно паѓа на средниот потпирач, бидејќи и тој се мести по должина... Чиста петка!



Практичен и функционален

Уште по неколкучасовното користење на ASX, станува јасно дека инженерите имале за цел да го направат пофункционален и попрактичен. Багажникот има дупло дно, седиштата лесно се склопуваат, а низ кабината има неколку отвори за ситници и пијалаци, а за пофалба е и големата фиока пред совозачот, која е ладена од климата, а може да собере и шише од 2 литри.

Комфор

Високо ниво на удобност

Сигурно нешто што баш и не очекувавме – ASX е извонредно удобен! Меко подесената суспензија, одлично ги впива дупките и поситните нерамнини, па подолгото возење го прави вистинско уживање. Единствено подлабоките дупки можат да ја вознемират внатрешноста, но во секој друг случај, ASX како да лебди по патот!

Звучна изолација – еве и тивок Mitsubishi

Веројатно забележавте, за секое Mitsubishi што го возевме досега, забележавме дека е бучно. Истото не е и случај со ASX – новиот дизел мотор, прв од Mitsubishi, е многу потивок од оној во Outlander, особено на отворен пат. На повисоки брзини, се слуша малку повеќе звук до ветерот, но тука сепак зборуваме за SUV – речиси сите вакви возила го имаат овој проблем. Во секој случај, ASX сигурно ја добива наградата за најтивок Mitsubishi.

Прегледност – назад речиси и да не се гледа ништо

Ако погледот напред, благодарение на повисокото седење, не претставува проблем, тогаш возењето во рикверц претставува вистинска болка. Задното стакло е многу високо поставено, па може само да се погодува дали има пречка назад или не. За среќа, секој ASX доаѓа стандардно со паркинг сензори, кои помагаат во тие „има ли нешто, или нема“ случаи.

Зголемено ниво на квалитет

Завршната обработка е на стандардно високо ниво, но за прв пат кај Mitsubishi, дел од кабината е изведена во пластика која е помека на допир, што е секако за пофалба. Во возење, ништо не крцка ниту тропа, што кажува за солидноста на изведбата.

Простор

Напред – простор во сите правци
Напред нема никакви забелешки за просторот – можат да се сместат и повисоки патници, а пофалба заслужуваат и доволно удобните седишта со солидна странична поддршка.

Назад – слично како кај Lancer
И покрај не толку големите надворешни димензии, ASX има пространа задна клупа. Иако не е широко како во Outlander, назад комфорно можат да се сместат двајца возрасни патници, па единствено на третиот патник во средината може да му биде малку тесно.

Багажник
Со 442 литри, багажникот на ASX може да проголта многу багаж, а и просторот е одлично искористен. Вратата од багажникот се отвора високо, олеснувајќи го внесувањето на поголеми предмети, а дуплото дно овозможува поситните предмети да се сместат во долниот дел, за да не шетаат по багажникот.

Возни својства

Просечно управување

За управувањето нема никакви приговори – доволно е прецизно и прогресивно (добро се укрутува на повисоки брзини), но недостасуваат повеќе повратни информации од патот. Сепак, со оглед на карактерот на возилото, целосно задоволително.

Недоволно добра динамика

Помеко подесената суспензија, ги влошува динамичните возни својства кај ASX. И покрај тоа што се однесува добро и при повисоки брзини, малиот SUV не дозволува претерување, посебно не многу брзи промени на правецот или нагли свртувања.

Стабилен, но се навалува во кривините

Благодарение на погонот на сите четири тркала, ASX вози како по шини во свиоците, но забележително се навалува, што малку и ја намалува стабилноста. Сепак, нема простор за забелешка – ASX затоа е извонредно мек и удобен.

4x4

Збор, два и за погонот на четири тркала. Се работи за истиот погон од Outlander, кај кој може да се избере меѓу погон на две тркала, погон на четири кога електрониката одлучува кое тркало ќе добие најмногу сила и Lock мод на работа, кога силата се распределува 50-50 меѓу двете оски. Првиот е наменет само за возење низ град, бидејќи при малку посилно притискање на педалата за гас, предните тркала лесно пролизгуваат, што доведува до нестабилност во кривините. За кривулести патишта, препорака е автоматскиот погон на сите четири тркала, кој во големо ја подобрува стабилноста, додека Lock модот е наменет за возење на терен.

Терен? Не баш.

Замислата дека овој Mitsubishi е способен на терен, може уште веднаш да се тргне од глава. ASX е оддалечен само 170 mm од земјата, а тестираниот примерок беше опремен со ECO пневматици. Тука не може да помогне ниту напредниот погон на сите тркала...

Одлични перформанси

Првиот дизел кој ни доаѓа од Mitsubishi, нуди одлични перформанси. Со 150 КС и 300 Nm, извлечени од 1,8 литарската зафатнина со помош на Common Rail директното впрскување, турбо полначот и Mivec технологијата, се доволно за забрзување до стотка за 10 секунди, односно за 198 km/h максимална брзина.

Во пракса, моторот повлекува малку покасно, што значи дека има мала турбо дупка, но степените на пренос се одлично одмерени, па моторот речиси секогаш паѓа во полето на висок вртежен момент, кој е достапен од околу 1.500 вртежи во минута, додека максималниот е достапен при 2.000 врт/мин. Моторот се чини е права мера за возилото, силно потегнувајќи дури и кога автомобилот е натоварен и вози по нагорнина. Високиот момент, во големо ги олеснува и престигнувањата, кои лесно се изведуваат и во повисок степен на пренос.

Прецизен менувач

Менувачот е со солидна прецизност и лесно лизга низ степените, иако има малку подолг од.

Вредност

Цена/Опрема – не е најевтин, но е најопремен

Дизел моделот на ASX, не е меѓу најевтините во класата, но не е ниту многу скап. Задоволува исклучително високата стартна опрема Invite+, која вклучува цел сет на контроли на стабилноста и тракцијата, 7 воздушни перничиња, автоматски клима уред, ладена фиока, целосна електрика, волан подесив по висина и длабочина, радио со CD+MP3 со AUX и USB приклучок, “Follow me home” светла кои остануваат запалени откако ќе се заклучи колата, за да го осветлат патот, 16 инчни алуминиумски тркала, сензори за дожд и светла, светла за магла, греени ретровизори, хромирани детали внатре и надвор, темпомат, Stop&Go систем кој го гаси моторот на семафор, систем за помош при тргнување по нагорнина (не треба користење на рачната кочница), паркинг сензори...

Списокот е навистина долг и богат – ASX се чини е најбогато опремениот модел во класата. Вака опремени, со дизел моторот и со погон на сите четири тркала, каков што беше тестираниот ASX, чини 22.980 евра. Си истата опрема, моделот со погон на две тркала чини 20.980 евра, додека бензинецот 1,6 со 116 КС, 17.480 евра.
Повеќе за нивоата на опрема и цените, можете да видите тука.

Фантастично ниска потрошувачка

Со потрошувачката, ASX не остави со подзинати усти. Не е ниту чудно – секој модел доаѓа со ознаката Cleartec, која ја носат еколошките модели на компанијата. Тоа значи дека се вградени Eco пневматици, оптимизирана е аеродинамиката, а се вградува и Stop&Go систем, кој го гаси моторот на семафор или при подолго застанување. Дополнително на тоа, забележавме дека дизел моторот во место работи на само 600 врт/мин, веројатно благодарение на MIVEC системот, кој за прв пат се вградува во дизел мотор.

Фабриката вели дека ASX троши 5,7 во просек, односно 6,9 во град и 5 литри на отворено! Секако, во пракса тоа е тешко да се достигне, но ако се следат стрелките кои кажуваат кога да се промени преносот, може да се помине со 7,5 литри во град (во не многу големи гужви), со околу 8 литри во поголеми гужви (благодарение на Stop&Go системот), односно со 5,3-5,5 литри на отворено. Дека потрошувачката е извонредно ниска, покажуваат и бројките за возење при 90 km/h, кога ASX троши само 4,5-4,7 литри, односно при 120 km/h, кога потрошувачката се качува за еден литар. Импресивни бројки!

Пофалба заслужува и Stop&Go системот, кој е најдобар меѓу сите дизели кои сме ги пробале досега (на пример подобар од оној во BMW серија 1). Незабележително и без поголеми вибрации го пали и гаси моторот, речиси како кај бензинец.

Безбедност

Mitsubishi ASX не е тестиран од EuroNCAP. Има богата сериска опрема за безбедноста, која вклучува 7 воздушни перничиња и цел сет на контроли за стабилноста, ABS+EBD и ASC (систем за активна стабилност + TRC (контрола на пролизгувањето).



За кого е овој автомобил

Класичниот дизајн, пространата и функционална внатрешност и удобното и тивко возење, го прават ASX идеален за фамилиите. Погонот на сите четири тркала е тука пред се за да го подобри возењето на лизгави патишта, а карактеристичната предна маска и агилниот мотор, му даваат лутина на целото доживување. Впрочем, за сите што бараат SUV автомобил, со не многу големи димензии и не многу висока цена, ASX треба секогаш да влезе во потесниот избор.

Предности:

- Високо ниво на удобност, меѓу најдобрите во класата
- Тивок мотор – најтивок Mitsubishi досега
- Фантастично ниска потрошувачка
- Одлични перформанси од моторот, силно потегнува над 2.000 вртежи
- Солиден простор во внатрешноста, и напред и назад
- Доволно голем и употреблив багажник
- Одлична ергономија
- Употреблив погон на сите 4 тркала (за лизгави патишта)
- Одличен Stop&Go систем
- Богато основно ниво на опрема

Недостатоци:

- Послаба динамичност и малку поголемо навалување во свиоците
- Прегледност во задниот дел
- Моторот повлекува малку покасно, има мала турбо дупка
- Дизајнот нема да освои никакви награди - премногу е класичен


Mitsubishi ASX
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
Koga ke go imate ke praime muabet dali nema da ste zadovolni.Jas sum prezadovolen
Напишан од asd  пред  околу 84 месеци
Navistina mislite deka nekoj vi veruva na ovie testovi? Za takva neprofesionalnost treba da lezite vo zatvor. Prosta masa
Напишан од Mile  пред  околу 85 месеци
Podobri!? Na site testovi tepa Tiguan! Pokvalitetni!? Osven BMW ne sum sednal u pokvaliteten SUV vo taa klasa!
Напишан од revpermin  пред  околу 85 месеци
Za 300 iljadi mozes da si zemes Outlander so super oprema, istotaka e pogolem (7sedista) od Tiguan..... pa ikoluku drugi kvalitetni SUV-a koi za Tiguan se podobri, pokvalitetni i po komfortni......
Напишан од B.S.  пред  околу 85 месеци
abe kakov tiguan, nejkam da slusnam za nego. drugarce lupna 30 iljadarki koga izlegoa i nejkev da mu go rasipam keifot, ama za tie pari dzip ke vozese, a ne igracka.
Напишан од mile centar  пред  околу 85 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 10
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил