Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Награди > Истражување за квалитет - Peugeot најдоверлив, многу премиум марки при дното
 
Spodeli
15 May 2019, 12:08


Истражување за квалитет - Peugeot најдоверлив, многу премиум марки при дното  Истражување за квалитет - Peugeot најдоверлив, многу премиум марки при дното
J.D. Power изнесе листа со најиздржливи автомобили во Британија која донесе големи изненадувања....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Истражувањето е водено според пријавени дефекти во автомобилите, а во најновото издание се вклучени 11.530 сопственици на нови возила регистрирани во периодот од ноември 2015 до јануари 2018 година. Студијата опфати 177 можни проблеми поделени во осум категории.
 
Меѓу нив, Peugeot со само 77 пријавени дефекти на 100 автомобилите, „седна“ на тронот најдоверлив бренд. Второто место припадна на Škoda со 88 пријавени дефекти, а третиот е Hyundai со 90 дефекти на 100 автомобили.
 
 
Интересно е тоа што само еден Premium бренд успеа да стигне до Top 10 и тој не доаѓа од Германија. Напротив, британските сопственици на германски луксузни возила излегоја со многу критики. Значи, само Volvo со 106 пријавени проблеми успеа да стигне до 10. место. Индустрискиот просек од 119 проблеми не успеа да стигне ниту до Mercedes и Jaguar.
 
А тоа не е сè, бидејќи има и полоши од нив, тука се и Audi кој е на  3-то место одоздола, претпоследниот Fiat и последниот BMW. Баварскиот гигант може да се „пофали“ со 181 пријавени дефекти на 100 возила.
 
Истражувањето покажа дека најголем број на проблеми се уште се врска со инфо-забавниот систем, а тој е попроблематичен кај премиум моделот од т.н. широка маса. Истото важи и за новите безбедносни системи, како што е систем за избегнување на судир и систем за заштита од мртов агол, кој е почест кај скапите возила.
 
 
Џош Халибартон, шефот J.D. Power во Европа, истакна дека со оглед на големиот број дефекти во новите безбедносни технологии, кои и главен адут претставуваат, јасна и алармантна е приоритетноста произведувачите на автомобилите да поработат на нивно подобрување.
 
Студијата покажа дека т.н.  "зелените" возила побргу се расипуваат во областа на погоните, прилагодувањето на седиштата и инфо-забава за разлика од возилата со класичните мотори со мотори со внатрешно согорување.
Ако погледнеме по модели, во своите класи по две победи однесоа Volkswagen (Up! I Tiguan) и Opel (Insignia, Mokka X).
 
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Награди



 
 
 
 






Одберете нов автомобил