Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
 
Насловна > Новости > Електрични автомобили > Што треба да знаете пред да купите електричен автомобил?
 
Spodeli
15 May 2019, 08:00


Што треба да знаете пред да купите електричен автомобил?  Што треба да знаете пред да купите електричен автомобил?
Планирате да си купите електрично возило? Еве што треба да знаете ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Доколу планирате да станете сопственик на електричен автомобил, некои работи треба да ги имате на ум.

Транзиција од традиционален автомобил во батериски погон, може да донесе голем број на предности, посебно кога се однесува за материјални трошоци. Без разлика дали станува збор за нов или половен електромобил, некои прашања треба да ги разјасните.
 
ДАЛИ  РАБОТНАТА АВТОНОМИЈА НА АВТОМОБИЛОТ Е ДОВОЛНА?
Со обзир дека денешните електрични возила се способни да поминат повеќе од 350 километри со едно полнење, стравот околу автономијата, не е веќе така значаен фактор како пред неколку години, каде прашање беше дали електричното возило ќе успее да помине повеќе од 150 километри.Сепак, треба да се увериме кога се работи за автономијата, дали датичниот модел би можел да ги задоволи нашите дневните потреби, како и викенд активностите .
 
Пожелно е да ги прецените потребите кога би правеле проценка за можностите на електричниот автомобил, бидејќи така на некој начин би се осигурале самите себеси. Затоа што овие вредности ( можности ) секако ќе бидат променливи.Повеќе киловати ќе бидат потрошени на автопатот на повисоките брзини, него низ градскиот метеж. Она што може да го очекувате е дека дометот значајно ќе се смали во услови кога времето е студено.Спроведените истражувања покажаа дека кога надворешната температура ќе се спушти испод -5 степени целзиусови, тогаш највеќе се користи греењето во кабината, и тогаш просечната автономија се намалува дури и за 41%.
 
Перформансите на батериите се намалуваат и во текот на летниот период, каде автономијата се намалува за 17% во текот на уклучување на климата.
 
ОД ДРУГ АСПЕКТ ДАЛИ ВОЗИЛОТО ГИ ИСПОЛНУВА МОИТЕ ПОТРЕБИ ?
Како и кај другите типови автомобили, секако ќе пробате малку да ги запознаете четирите тркала кои сте ги нашле ,,под лупа”.  На пример, едно од основните прашања е ,, дали автомобилот кои би го купиле е доволно простран за семејните потреби”? Исто така важна улога е дали багажниот простор е доволно голем кога се работи за годишен одмор, викенд тури, за вашата спортска опрема и слично.
 
Она што е многу важно е да направите тест возење и да се уверите лично дали автомобилот е по ваша мерка.
 
КАДЕ И КАКО ЌЕ ГИ ПОЛНИТЕ БАТЕРИИТЕ НА АВТОМОБИЛОТ?
Иако голем број на станици за полнење расте, сепак се тие на едно незадоволително ниво. Од таа причина, нај прикладен и најефтин начин за полнење на батериите е во вашиот дом. Автомобилот едноставно се приклучува на стандардната електрична мрежа од 220 волти, што подразбира т.н полнење ниво 1. Подобра верзија би била во вашата гаража електричар да ви инсталира појак полнач. Технички, не ви ни треба тоа да биде затворена гаража, бидејќи можете да купите посебна единица за полнење од таков вид, вградена под локалните комунални стандарди ( доколку е тоа возможно ).
 
ДАЛИ ПОСТОЈАТ ЈАВНИ ПОЛНАЧИ ВО БЛИЗИНА НА БИЗНИС МЕСТА, ЗГРАДИ ИЛИ НА РАБОТА?
Доколку си дозволите некој модел со продолжена автономија, ќе дојде момент кога ќе ви требаат додатни волти. Јавните полначи се позиционирани деловно во близина на јавни паркинзи или гаражи, во близина на паркинзи со продажни салони и слично. Во Србија ланската година на патиштата се придвижуваа 148 електрични возила ( вклучувајќи ги и тролејбусите ), од кои повеќе од половина се однесуваа на патничките автомобили. Они можат да ги користат услугите од 30 полнежни станици, меѓу кои пет се брзи и се наоѓаат на автопатите, и еден соларен брз полнач кој е во Белград. Секако, ова е недоволно, но треба да се очекува дека мрежната станица за полнење ќе се шири побрзо него бројот на електричните возила. Тесла, на пример, ја одржува сопствената мрежа на ,, суперполнач”. Они обично се наоѓаат во градските и приградските области. Додека повеќето единици во светот се во кругот на полнење ниво 2, некои овозможуваат и ниво 3.
 
КАКВИ СУБВЕНЦИИ И ПОВОЛНОСТИ МОЖТЕ ДА ИМАТЕ КОГА БИ ПОСЕДУВАЛЕ ЕЛЕКТРИЧЕН АВТОМОБИЛ?
Нажалост, за сега кај нас се се сведува на ,, еколошката свестност’ кај граѓаните. Додека купувачите во Европа можат да уживаат при купување во субвенциите од 4 па до 11 илјади евра, кај нас нема никакви олеснувања.Симболични поволности за ефтини паркинзи се добиваат во Лазаревац и на влезот на АДУ Циганлија.
 
Значи, од една страна Српската асоцијација на увозните возила и резервните делови  пропагираат ,, еколошки’ возила, додека од друга страна не прават ништо  купувачите да осеќаат барем некакви привилегии доколку во својата гаража резервираат ваков автомобил.
 
КОЛКУ ДОЛГО МОЖАМ ДА ЈА ОЧЕКУВАМ ТРАЈНОСТА НА ЕДЕН ЕЛЕКТРИЧЕН АВТОМОБИЛ?
Оние кои планираат долго дружење со својот елетричен модел, воглавно се загрижени во врска со евентуалните трошоци за замена на батериите. Сепак, батериите воглавно подлежат на гаранција од 8 години, така да тука нема да имате некои големи проблеми. Меѓутоа, додека некои производите како Hyundai ( Kona EV ) даваат доживотна гаранција, некои пак се ограничени до нивното откажување, а пак други, како BMW, Nissan, и Tesla прифаќаат замена во гарантниот рок доколку капацитетот падне на 60-70 %. Под претпоставка да поседувате некој електричен модел се до моментот кога би му требала замена на батеријата, треба да се каже дека тоа не е ниту малку ефтино. Во зависност од моделот, трошокот ќе изнесува од 4 до 15 илјади евра, и тоа без инсталација на истата. Сосема е нормално батеријата да се намалува со текот на времето, но за сега, судејќи по искуства од сопственици на електрични автомобили и некои истажување кои беа спроведени, таа може да трае и колку самиот автомобил.
 
 
ДАЛИ МИ Е ПОТРЕБЕН И КОНВЕНЦИОНАЛЕН АВТОМОБИЛ ЗА ПОДРШКА?
Иако на пазарот постојат автомобили со продолжена автономија, они во наши услови на возење дефинитивно не се за долго патување. Идеална варијанта би било движење на  долг пат по автопат каде имаме развиена инфраструктура , и станици со ниво 3 на полнење. Возачи кои често возат надвор од  градот и се упатуваат на долги дистанци, сигурно покрај својот електричен автомобил ќе задржат и некој хибрит во својата гаража. Покрај тоа, работата може лесно да се реши со изнајмување на мотор со внатрешно согорување.
 
ДАЛИ ДА КУПАМ НОВ ИЛИ ПОЛОВЕН ЕЛЕКТРИЧЕН АВТОМОБИЛ?
Набавување на електричен автомобил обично подразбира подлабоко ставање на раката во џеб.  На пример, Nissan Leaf кои го тестиравме во Франција е 30,000 илјади евра, додуше без субвенции. За луксузни автомобили пример како што е Tesla S моделот ќе одвоите 60-70,000 илјади евра. Многу може да се заштеди со купување на половен електричен автомобил, на кој се цели на пониска цена и споменатите субвенции и плус олеснувања по неговото купување. Од електричното половно возило не треба да се очекува автономија како што ја поседуваат најновите модели, но она што е позитивно во целата приказна е тоа што тие се со релативно мал број на поминати километри, затоа што најчесто не се користени за долги патувања.
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Електрични автомобили



 
 
..........
 
 






Одберете нов автомобил