Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест - Ford Ranger
 
Spodeli
03 September 2017, 23:45


Тест - Ford Ranger Ford Ranger Тест - Ford Ranger
Ако треба да потенцираме модел кој е олицетвроение на американските пик-ап стандарди, тоа секако би бил Ranger-от на Ford. ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Како што кажува и самото име, Ranger - оригинален амерички хард-кор пик-ап, кој има задача да носи тежок или специфичен товар, а секако тоа да го прави на терен кој и не е така секојдневен. 

Најбитната работа што Ford ја направи новиот Ranger е тоа што имплементираше компоненти кои ги имаат патничките автомобили, нешто што веќе го имаа главните конкуренти Mitsubishi L200 и Nissan Navara NP300. Носејќи нов статус, веќе и како камионет, новиот Ranger има низа надградби, меѓу кои и многу потребната камера за рикверц, но и инфозабавниот систем Sync 3. Со новиот Ranger, Ford може да се пофали дека веќе нуди и префинетост во класата на автомобили кои имаат животински изглед, а и однесување секако. 
 
 
Во однос на пристапот двете влезни нивоа на Ренџер - XL и XLT се најрепресивни, дизајнирани да бидат работници, а не да растат на удобност. А, постојат вкупно три каросерии на избор - Regular, Super и Double Cab на располагање.
 
Тест моделот што го имавме е со кабина со четири седишта, придвижуван и 2,2 литарски дизел мотор со 160КС и со XLT ниво на опрема. 
 
Во однос на димензиите, конкретно, вкупната должина е 5.354mm, вкупна ширина без ретровизори 1.850 mm, меѓуоскино растојание од 3.220mm, Максимална должина на товарен простор од 1.560mm, Товарен простор меѓу лаковите на тркалата 1.139mm, Длабочина на товарна кутија од 511mm. Бруто тежина на 3.200Kg, Носивост од 991Kg
 
 
 
ОДНЕСУВАЊЕ НА ПАТ
 
Уште при самото стартување на моторот, ја чувствувате силата, по малку грубо, но баш онака како што изгледа Ranger. Иако на хартија 2.2 TDCi со 160 КС не звучи претерано импресивно, моторот има многу голем вртежен момент. Силата е поставена многу рано, што значи дека приоритет е даден на возењето по терен, што секако е за очекување и за поздравување. 
 
Без оглед дали стои во место, вози релативно споро или вози веќе малку побрзо на автопат, звукот од моторот прилично се слуша во кабината. Сепак, во споредба со Navara, се чини дека звукот од моторот, патот и ветерот, се помалку изразени, што значи дека Ranger би било подобро решение за секојдневна употреба. Мануелниот менувач има долг од, и знае да е малку непрецизен, но не е никако фрустрирачки. Бара онака old-school пристап кон менувачот, помашки и со повеќе сила. Веројатно автоматскиот менувач би бил подобар избор. 
 
 
Иако примарно автомобилот е направен да биде одличен на терен, задоволително се однесува и на мазен пат. Никако не може да се спореди со возење со некој седан или пак компакт, но не е како некои пикапи или тереснки возила со кои возењето по рамен пат е благо речено ужас. Кога е празен позади, на нереамен пат се чувствува малко играње и потскокнување на задната оска, но се тоа е во прилог на подобро однесување на специфичната подлога. На пат, Ranger се чувствува како еден од поспособните и постојани пикапи
 
Во однос на управувањето, не може да кажеме дека е директно и прецизно, напротив, има спор одговор, а заради габаритот и високата поставеност на самата каросерија, секако не може да зборуваме за некаква агилност. Но, добро е што и при поголеми брзини на автопат, задоволува чувството на стабилност, за што секако влијание има и погонот на четири тркала.
 
 
 
НОСИВОСТ
 
Што се однесува до способноста за носење и влечење на Ranger (веројатно една од клучни фигури за купувачите од ова класа), тестиранит модел конкретно има товарен раб од 991 Kg, Во однос на влечната сила, може да се влечат и 3.500 Kg тешко возило. Според овој параметар, Ranger е во друштво на најдобрите во класата според овој параметар - Mitsubishi L200 и Volkswagen Amarok.
 
 
 
ЕНТЕРИЕР
 
Во однос на самата внатрешност, за разлика од претходните слични Ford пик-ап модели, кај Ranger максимално е посветено внимание на тоа да се достигне ентериер како кај SUV. Сепак, и во однос на ентериерот, приоритет е даден на начинот на употреба, па не е направено фенси и лукзусно, туку онака цврсто, машки, како што ќе се користи Rangero-от. Сепак, сè уште блескаат корените на работничката класа на Ranger. Користените материјали се прифатливи, но останува чувството дека сепак тоа не се баш некои екслузивни или лусузни материјали.
 
Кабината не изгледа претерано современо, а седиштата се удобни и изработени да начин на кој ќе му пркосат на времето. Во долниот дел, се чувствува ефтина пластика, ако се спореди со HiLux или Navara, додека завршната обвработка се чини не е како кај Amarok.
 
Во внатрешнсота доминира цврсто избработената предна конзола. Возачкото седиште е удобно и е електрично прилагодливо, па заедно со разните начини за прилагодување на висината на воланот носи солидно ниво на ергономија. Двојната кабина овозможува простор во задниот дел, за да седат двајца возрасни, но веројатно идеално само за кратко време. 
 
 
За многу купувачи на SUV модели, па и пикапи од овој тип, повисоко поставеното седење е важно, па затоа тоа е случај и со Ranger. Сосема е пристојна позицијата на седење, имате чувство како да сте во некој камионет, со напомена дека постои подесување на седењето во сите правци уште во влезниот модел. 
 
Благодарение на тенките предни столбови и високата положба на седење, видливоста напред е сосема солидна, па гледајќи ја и мускулестата хауба, севкупниот впечаток е дека имате моќ и контрола над патот. Погледот нанaзад е малку нејасен, особено заради малиот заден екран. 
 
Мора да се признае, дизелот не е најпријатен - звучи при стартување, а препознатливиот звук останува присутен дури и во движење.
 
Меѓутоа, во споредба со Nissan Navara NP300, моторот на Ranger е повеќе рафиниран и помалку затегнат низ целиот опсег на вртежите, дури и со повеќе пристискање на педалот на гас. 
 
 
 
ПРОСТОР И ПРАКТИЧНОСТ
 
Во однос на просторот, на предната клупа се чини е поидеално згодно за двајцата патници, но се чини за тие позади нема удобност како кај некој седан. Сепак, седишата позади повеќе се како клупа, со прилично вертикално поставен наслон. И во однос на просторот за колената повисоките патници веројатно ќе имаат забелешка. Сепак, овој автомобил не е наменет за долги патувања. 
 
 
 
ЦЕНА И ОПРЕМА
 
Редовната цена со Frozen White акрилна боја е 33.000 Евра, а 600 Евра плус за металик сива. Напомена дека Ford има акција во која Ford Ranger e достапен за неверојатни 26.000 Евра (21.000 Евра + ДДВ)
 
Во однос на финансирањето, во соработка со Sparkasse Leasing достапен е на 72 рати. 
 
Од напредна опрема, би можеле да добиете карактеристики на луксузен автомобил, како што се адаптивната контрола на крстарење, автоматското долго светло. систем за предупредување за напуштање ленти и вградена помош за возење лента итн.
 
 
Целосната листа на опрема за XLT нивото на опрема што го имаше тестираниот модел изгледа вака:
 
ABS сопирачки, ESP систем против пролигување, Систем за намалување на ризикот од странично превртување, Систем за контрола на приколка, TMPS - Сензор за следење на притисок на гумите, Предни и задни воздушни перници за возач и совозач, Воздушни завеси, Воздушно перниче за колено, Елекртично централно далечинксо управување, Заклучување на задните врати за заштита на деца, Предни светла за магла, Греач на заден прозор, Предна кука за влечење, 16" алуминиумски фелни со димензии 255/70 R16, Резервно тркало, Преден браник во боја на каросерија, Странични нагазни прагови во светол финиш, Хромирани рачки на вратите, Хромирана предна решетка, Хромирани странични ретровизори, Обложен под во товарниот дел, Задни калници, Далечинско заклучување/отклучување на задната преграда од товарниот дел, Куки за прицврстување во товарниот дел, Електрика на предни прозори, Електрика на задни прозори, ЕЛ. подесиви  загреани и преклопливи ретровизори, Ел. менувач за пренос на погон (2x4 / 4x4), Серво управувач, ICE FEATURE PACK 50 (Радио / АМ / FM / 4.2" повеќе наменски дисплеј, SYNC1, Bluetooth, USB & AUX приклучок, 6 звучици, команди за Радио / CD на волан), Кожен волан, Кожна рачка на менувачот, Централна конзола со 2 отвора за чаши и 12V приклучок, Задна централна конзола со наслон за рака (само кај Double Cab), ISOFIX (само кај Double Cab), Возачко седиште подесиво по висина, Лумбарна поддршка на возачкото седиште, Сензор за дожд, Електрохроматски самозатемнувн внатрешен ретровизор, Автоматски светла, Ел, загревана предна шофершајбна, Мануелен клима уред, Темпомат.
 
Потрошивачката на отворено беше во границите на 8,5 литри, а во град нешто над 11 литри на 100 Km
 
 
БЕЗБЕДНОСТ
 
Од безбедносните системи за истакнување се: ABS сопирачки, ESP систем против пролигување, Систем за намалување на ризикот од странично превртување, Систем за контрола на приколка. Исто така, постои и контрола на задниот диференцијал и контрола на спуштањето по надолнина рид, во услови кога моторното сопирање нема да го направи тоа. 
 
Во однос на механиката, Ford се одлучи за нов систем за управување со електричното серво, кој ги помага безбедносните функции за контрола на лентата и контролата на приколката на Ranger.
 
 
 
ЗАКЛУЧОК
 
Доколку сака да доминира во класата на пик-ап автомобил, Ranger ќе мора да се натпрварува и да биде подобар од модели како Mitsubishi L200, Volkswagen Amarok, Nissan Navara  и Toyota Hilux.
 
Впечаток е дека овој Ranger е еден од најдобрите во класата. Со технологија е пред HiLux или BT-50, безбедносните системи и капацитет за влечење ги надминуваат високиот и брз Amarok V6, а најудобносто возење во класата и ракување како со патнички автомобил го носат високо на листата на фаворит автомобил во оваа класа. Ако уште и дизајнерски се допаѓа на оној за кој е наменет, Ranger е многу блиску да задржување на приматот топ избор на пик-ап со кабина.
 
Освен наведените главни и долгогодишни реивали, Ford треба да е подготвен и за нови, според најавите се очекуваат и од Renault со моделот Alaskan кој се развива заедно со Fiat Fullback, како и новата X-Class на Mercedes. Да не ги заборавите и најавите од Peugeot и Citroen за ваков тип на модели. 
 
 
Сепак, благодарение на незаменливата комбинација на возни способности за возење и хард кор изглед, но и сигурносна опрема, Ford Ranger е еден од омилените автомобили на американците, токму на маркетот кој обожува ваков тип на пик ап возила. А, и бројките од 2016-та година го потврдуваат тоа, Ranger во 2016-та година продаде повеќе отколку HiLux на Toyota, како марка која сака за себе да каже дека доминира во класите на теренски возила. 
 
Предности
  • Одлични особини на терен
  • Солидно удобно возење по рамен пат, како за пик-ап
  • Силен 2.2 мотор
  • Многу конкурентна цена
  • Електрично управување
  • Достапна безбедносна опрема
 
Недостатоци
  • Многу звучен мотор
  • Непревизно управуање
  • Просечен квалитет на пластика во ентериерот

Ford Ranger
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил