Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест - Alfa Romeo Giulia
 
Spodeli
09 July 2017, 18:21


Тест - Alfa Romeo Giulia Alfa Romeo Giulia 2019 Тест - Alfa Romeo Giulia
Ако некому се досадни конкурентите од светото германско тројство како BMW Серија 3, Mercedes C-Class или Audi A4, нивна против-тежа доаѓа земјата на емоциите, во ликот и делото на Alfa Romeo Giulia. Тука е за да ги разбие шаблоните...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Со спортски управувач со долен рамен дел (како кај воен авион), и интегрирано старт копче на управувачот како стандард, Giulia ќе ви го крене пулсот уште при првото седнување. Eдноставно, длабоко во себе носи чисто италијанска крв, а тоа само по себе нуди емоција. Ако Lexus со моделот IS носи перфекција во класата, Giulia ја размрдува во еден друг правец, оној вистинскиот - спортски, каде адреналинот е истовремено и премиер и претседател. 

 
Премиум компакниот седан на Alfa е базиран на новата платформа со заден погон (на која е поставен и новиот SUV модел Stelvio). Oд Alfa тврдат дека ќе биде лидер во класата кога се во прашање перформансите и управувањето, што во превод значи врвно возачко довживување. Рака на срце, од Alfa, не ни очекуваме нeшто помалку. Како илустрација, од компанијата се инвестирани околу една милијарда евра со цел да се подигне глобалната продажба во овој сегмент од 75.000 до 400.000, во период од три години. 
 
Фактот што за разлика од претходникот Alfa 159 кој имаше преден погон, сега Giulia е на заден погон, е веројатно клучен фактор Giulia дрско да влезе во битка не само со BMW Серија 3 или Mercedes C-Class, туку и со Lexus IS и јагуар XE, модел кои веќе и официјално е достапен на македонскиот пазар. 
 
Чисто италијанска. Во Giulia нема ниеден дел од Chrysler, Dodge или Jeep. Инфотаинтемент системот е нејзин.  ОД работите што не ни се допаднаа е тоа дека рачката за менувачот има досаден изглед а некои делови од пластиката не се на нивото на класата која ја претставува, се останато е чисто Alfa. Тоа што ентериерот е италијански е добро, но уште подобро е што моторите се направени и дизајнирани во Италија. 
 
 
 
ДИЗАЈН
 
На прв поглед, и не личи премногу иноватина или агресивна како што би очекувале од Alfa, особено во однос на дизајнот на деталите, дури и чудно конзервативна кога Alfa е во прашање, но... Самата форма најавува поспортско однесување од вообичаеното. Широка и ниска, со долга хауба - трите клучни атрибути за секси автомобил. Што повеќе од тоа да бараме? Форма која секој седан би требало да ја има ако сака да е убав.
 
 
 
НА ПАТ
 
Моделот што го имавме на тест е 2.2. литарскиот дизел со 150 КС. Ако некого го интересира, Alfa Romeo на понуда има V6 твин турбо, со верзијата Quadrifoglio, со неверојатни за ваков автомобил - 503 КС. Ако случајно имате пари за него, информација дека до него не се стигнува така лесно, за почеток само по нарачака и само за специјални купувачи. 503 КС моторот е 2,9 литрен V6 твин турбо. Изведен ни помалку ни повеќе од 3.9 литрениот V8 мотор од Ferrari California. Од инженерите на Alfa информација дека намерно е направен посилен звук, малку рапав и груб, но идеално дозиран за во кабината да пренесува пријатен звук кој воопшто не пречи. 
 
 
Перформанси
 
4 цилиндрениот 2.0 литарски е целосно нов, и целосно развиван во италија и вади 280 КС. Иако во класата автоматските менувачи веќе се примарни, кога Alfa е во прашање, освен со автоматски доаѓа во изведби и со мануелен, чисто онака, како мисија да се спасат мануелните менувачи. Иако, кога би бирале, веројатно би одбрале автоматски. 
 
Со максимален врежтен момент од 350 NM на 1500 вртежи, моторот делува моќно, малку груб, тоа се чувствува веднаш при неговото стартување, но како се зголемуват вртежите и како се оди во повисок степен на пренос, толку станува помазен. Факт е дека на моторот му недостасува малку да биде помазен, како што се дизелите на BMW или Audi, но затоа е доволно лут и звучи безобразно добро. Најбитно од се, многу лесно и сигурно се справува со ваквата каросерија. 
 
 
 
Управливост/Удобност
 
Oна што ја двои Giulia од конкуренцијата е управувањето. Giulia комбинира меко и префинето возење, со одлично управување, светлосни години подобро на пример од ривал како Audi A4. Брзо, и уште побитно, со добар одговор и интуитивен фидбек, нуди одлично чувство од патот. Квалитетот на возење е одличен со 17 инчните бандажи што ги носеше тест моделот. Прецизност и чистота во управувањето, на ниво на BMW, и како што само може да сонуваат Mercedes или Audi во оваа класа. 
 
Фантастично забавна за возење по кривини, едноставно поминува побрзо од очекуваното. Брзото и директно управување значи и стабилност не само во кривини, туку и на правци, носејќи задоволство плус при возењето. Одлично управување значи дека ве внесува во возењето, автомобилот има доволно грип за брзо да влегувате во кривини, но се чини не толку брутално како што тоа може да го правите со серија 3 на BMW. 
 
За различно расположение тука се трите мода на возење, N, D, A, средното Normal, динамично D, и најудобно и најштедливо А. Кога сте во Dynamic мод, командите се укрутуваат, одговорот на подеалите е побрз и подиректен, моторот е побрутален... 
 
 
Префинетост
 
Чуден е податокот дека кога го стартувате моторот, тој тресе, можеби тоа не е во прилог на префинетоста. Но, барем ве потсетува што да очекувате кога ќе тргнете. И мануелниот менувач со неговото однесување веројатно не е во прилог на совршена префинетост во време кога автоматските мотори царуваат и нудат помазно чуствто на степени на преност. 
 
 
ВО КАБИНАТА
 
Можеби дизајнот е малку различен од конкуренцијата, и свој, со стил, но се има впечаток дека завршната обработка не е на нивото на кое би требало да биде, како стандард кој го поставува конкуренцијате моментално. 
 
Инфотаинтемент системот е логичен за употреба, што е супер, но дисплеј резолуцијата не е толку совршена, и тука, се чини, колку и добро да ја завршиле работата од Alfa, можеби е премногу да се очекува и во овој сегмент да бидат на ниво како германските конкуренти. 
 
 
Инфотаинтемент системот е конртолиран од ротационен контролер, и пренесен преку 8,8 инчниот колор дисплеј. Графиката е со просечен калитет, со малку затемнет екран, но и со некои чудни и конфузни функционалности во корисничкиот интерфејс, на кои, рака на срце, секој сопственик со тек на време ќе се навикне, па нема да му пречат. 
 
Возачкото седиште, и седењето воопшто се поставено ниско, па во комбинација со повертикалнио поставениот управувач, и начинот на кој се поставени педалите, како и исправената и речиси под 90степени централната компанда, имате чувство дека возите картинг, или во најмала рака тркачки автомобил. Кога сте во таа позиција на седење, нешто ве тера да возите подинамично. 
 
Спротивно на тоа, седиштата не личат дека ќе бидат ваши партнери на некое долго патување каде треба да се релаксирате, едноставено дизајнирани се онака да го разбудат вашиот немирен дух.
 
 
Простор и ергономија
 
Имајќи предвид дека седиштата се многу ниско поставни, како што е и самата висина на автомобилот, Giulia не е најлесниот модел за влез во него, во конкуренција на своите директни конкуренти секако. Но, откако сте внатре, дури тоа важи и за повисоки патници, или барем за оние со просечна висина од 180 ќе се чуствувате апсолутно комотно. И напред и позади. Предните седишта се прилично широки и секако со сите опции за прилагодување, а за поздравување е и просторот и за рамењата и за лактите. 
 
Има доволно мали простори, сите со речиси квадратеста форма за оставање на ситници, вклучувајќи го и прилично обемниот простор во централнито дел меѓу седиштата.
 
 
Позади, простор има исто онолку колку во BMW Серија 3, C-Class или Audi A4, а има и доволно простор за стапалата на задните седишта, под prednite. Заради дизајнот во задниот дел, росторот за глава позади не е најидеален, не се чини е доволен.
 
Интересно, и во однос на багажниот простор Alfa е рамо до рамо со Audi A4 и BMW Серија 3, со напомена дека, иако на хартија, бројките за волумен имаат речиси исти вреднсоти, но сепак кај Audi A4 багажникот има поголем отвор и подобра достапност, а и самиот простор е повеќе во форма на правоаголник, што го прави и попрактичен. 
 
 
 
ОПРЕМА
 
Тест моделот беше опремен со:
  • Автоматска активација на светла, со сензор
  • Затемнети стакла
  • Предни свтла за магла
  • Поделено задно седиште
  • Седишта обложени со ткаенина и кожа
  • Управувач и рачка на менувач обложени со кожа
  • Сензор за дожд
  • TMPS ( сензор за контрола на притисок во пневматици)
  • Патосници
  • Тркала од лесна легура 17”
  • Предни и задни паркинг сензори
  • AEB Автономна кочница за итни случаи
  • Централна брава со далечинска команда
  • Електрично склопување на ретровизори
  • Мултифунцкионален управувач со команди
  • Start&Stop систем EVO
  • Инфо дисплеј на инструмент табла
  • Електрично склопување на ретровизори
  • Систем за предупредување за несакана промена на
  • лента
  • LED задни светла
  • Светла за влез на врати
  • USB , AUX
  • ESP, ASR, Hill holder
  • Сенило за сонце за совозач со светло и огледало
  • Alfa ™ Connect 6.5 “ Radio, mp3, Bluetooth ® , 
  • 8 Speakers and rotary pad. 
  • Alfa ™ DNA
  • Преупредување за судир од напред
  • Автоматски двозонски клима уред
  • Темпомат
  • Електрична паркирна кочница
  • Боја Alfa Black
 
 
ФИНАНСИИ
 
Трошоци за купување и одржување, потрошувачка
 
Во однос на цената, тест моделот со наведените ставки изнесува 42.750 Евра, со напомена дека има кампањски попуст од 4.500 Евра, и во моментов изнесува 38.250
 
Во однос на потрошувачкта, реалната во град изнесуваше околу 7,5 литри со подефанзивно возење, и околу 9-10 доколку барате задоволство на секој излез од кривина, а и на отворено варира потрошувачката. Може да биде многу ниска, дури и 5,6 ако возите на регионален пат со брзина од околу 90Km/h. Веќе на 120Km/h крева до 6,2 што се уште е во рамки на многу солидна потрошувачка, сепак возите Alfa со 2,2 мотор со 150 КС. А, при повисок и брзини, пример на 180 Km/h, очекувајте реална потршувачка од околу 10,6 литри.
 
 
 
Квалитет, доверливост и повратна вредност
 
Во однос на доверливста, резервните делови и трошоците што би ги имале дополнително со вашата Alfa, искуството кажува дека тука е главниот проблем за Alfa, и веројатно клучен фактор купувачите да се одлучат спротовно од срцето, кое секогаш вели Alfa. Како ќе помине Giulia, на тој план, фер е да почекаме и да видиме. Нити во однос на повратната вредност Alfa Romeo не котира добро, па не е за очекување дека при евентуална продажба после X години, би добиле поволна вредност. 
 
 
 
Безбедност
 
На EuroNCAP тестот Giulia доби 5 зведзички, и интресно, има подобра заштита за возразни од SUV модел на Volvo - XC90. Ова би било за во рубриката верувале или не, заради две причини. Volvo важи за бренд каде безбеднсота е на прво место, а споредуваме SUV со спортски седан, низок. Седанот на Alfa за патниците напред е побезбеден од голем SUV на Volvo.
 
 
Заклучок 
 
Кога вака ќе поминеме параметар по параметар и гледаме дека рамо до рамо се носи со реномираните германски конкуренти, притоа нудејќи повеќе задоволство, полесно разбираме зошто Giulia влезе во редот на финалистите за автомобил на годината, во најтесниот круг. Не било случајно. 
 
Кога ќе сретнете некој на улица што имал храброст да го вложи своите пари за Giulia, a не за проверените германски конкуренти или пак Lexux IS, погледнете го уште еднаш. И поздравете го. Дечкото разбира. 
 
 
Alfa Rome Giulia е автомобил со кој треба да го почуствувате она што животот го нуди, секако кога ќе побарате малку возбуда. А, тоа веројатно значи воздуба во секоја кривина. Ако не сакате да го правите тоа, не ви треба Giulia. Имате некоја досадна Биљана, Елена или Марина. Giulia е ѓаволот во друштвото. Ве носи кон нови искушенија. Секој ден, секој момент, секоја кривина. И историјата така покажа, а и најновата Alfa, во името на Giulia потврдува дека кога спортското и динамичко адреналинско возење се во прашање, Alfa е чекор пред другите.

Alfa Romeo Giulia 2019
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил