Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест - Peugeot 2008
 
Spodeli
09 July 2017, 16:16


Тест - Peugeot 2008 Peugeot 2008 Тест - Peugeot 2008
Растечката популарност на малите градски кросовери е причина произведувачите да ја шират гамата на својата понуда и да завземаат крајно сериозен пристап кон ваквите модели ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Впрочем, 2008, за Peugeot е многу значаен модел, трет по продажба, после 208 и 308.

Член на Peugeot семејството од 2013-та година, 2008 е базиран на Peugeot 208, но е подолг е за 20cm од 208, повисок за 9,6cm и поширок за 2,5cm што во превод главно значи повеќе простор и практичност. 

Во суштина, 2008 е компактен SUV, фамилијарен автомобил кој се натпреварува во силна конкуренција како Renault Captur или Citroen C4 Cactus. Иако со SUV изглед, автомобилите од оваа класа доаѓаат само со преден погон - нивна главна особина е тоа што имаат урбани компактни димензии и пристапна цена, сето тоа спакувано во атрактивен SUV дизајн.  
 
Дека е еден од најдобрите компактни SUV модели знаевме уште 2013-aта година. Иако некому претходната верзија на 2008 повеќе личеше на караван изведба на 208, Peugeot 2008 успеа да постигне значителен пазарен успех, продавајќо преку половина милиони примероци досега.
 
 
 
ДИЗАЈН
 
2008 е одговор на Peugeot на модниот тренд за производство на мали SUV модели кои комбинираат мускулест изглед (типичен за SUV возила) и комактни димензии. Предните светла се високо позиционирани, а задните светла одстрана изгледаат како бумеранг. Севкупниот впечаток е позитивен - 2008 изгледа атрактивно, особено е интересно дизајнерското решение на задниот дел од кровот, кој на автомобилот дополнително му дава SUV изглед.   
 
Ако недостасуваше повеќе авантуристички дух, новиот дизајн, особено во предниот дел, го носи токму тоа - чист SUV израз напред. Модерен SUV и не мора да има off road капацитети, доволно е само да изгледа дека. Peugeot се одлучи да му подари поатрактивен стил, со елементи кои ги поседуваат посерозните SUV модели. Поагресивна и повертикално поставена предна маска, со измени на браникот и црните заштитени пластики од страна. Некогашниот израз сега е значително повпечатлив, баш онака како што треба да изгледа еден SUV. 
 
Иако новите дизајнерски решенија се превземени од 208, Peugeot 2008 изгледа сосема свој ни никако не може да го помешаме со ниеден друг Peugeot модел. 
 
 
 
НА ПАТ
 
Перформанси
1.2 моторот со 110 КС кој го имавме на тест уште еднаш покажа зошто малолитражните мотори се одлична замена за дизелите за автомобили со ваков габарит, но потврди и зошто има добиено награда за мотор на годината во својата категорија (од 1.0 до 1.4). 3-цилиндарскиот мотор и повеќе од успешно се носи со релативно лесната каросеријата од само 1.090 Kg, особено во градски услови, кога има добар вртежен момент и доволна сила. Максималниот вртежен момент изнесува 205 Nm кој се добива на 1.750 вртежи во минута. Можеби побучен од очекуваното кога забрзува, но кога ќе постигне брзина и се вози рамномерно, моторот е сосема тивок. 
 
Фабрички ветена максималан брзина од 191 Km/h и забрзување од 0 до 100 за нешто помалку од 10 секунди, се сосема коректни бројки за компактен SUV. 
 
 
Управливост/Удобност
 
Со оглед на тоа какви се нашите патишта, Peugeot 2008 е како измислен автомобил за македонскиот купувач. Кон големите дупки и нерамнини се однеува како да не постојат, а управуањето е прецизно, иако, за оние што прв пат би возеле некој од поновите Peugeot модели потребно е привикнување на малиот волан. Затоа, откако ќе го навикнете, уживањето е загарантирано.
 
Повисоката каросероја по дефаулт значи и тенденција за навалување на каросеријата во кривина, но се е тоа во граници на очекуваното. 2008 одлично се снаоѓа и во кривини. Поради помеко подесената суспенција, удобноста е на многу високо ниво. 
 
 
Префинетост
Peugeot, дури и со модели кои официјално не се премиум, малку по малку, се доближува до премиум особини. Чувството со ракување со командите е пријатно, во секој поглед. Изборот на материјали е одличен, а и комплетниот квалитет на изработка е на сосема солидно ниво. 
 

ВО КАБИНАТА
 
Иако се работи за редизајн, Peugeot не направи темелен редизајн на ентериерот. Разбирливо, затоа што внатрешноста и понатаму е симпатична и тренди. 
 
Инстуремент таблата е превземена од 208, но со една битна напомена. Ако кај 208 некои возачи имаа проблем со фактот дека инструмент таблата се гледа над воланот, па некогаш не може да се најде добра позиција, кај 2008 ова а помалку изразено. Со повисоко поставено возачко седиште прегледноста кон инструмент таблата е сосека ОК. 
 
Во однос на возачкта позиција. на прв поглед делува навистина привлечно - со мал управувач и многу профилирани седишта. За споменување е и неконвенциналната рачна кочница, како дизајнерски многу интересната рачка на менувачот. 
 
Peugeot кај новите модели значително го редуцираше бројот на команди на централната конзола, што е за поздравување. На централната конзола се наоѓа само панел за климата, а се остането се контролира преку дисплејот осетлив на допир. Генерално, амбиентот во ентериерот е пријатен, пред се благодарние на квалитетните материјали. 
 
 
Ергономија
 
Ергономијата е речиси идентична како кај 208. Најдискутабилна е позицијата на инстумент таблата, на горниот дел од конзолата, која, во зависност од висината на возачот, често е покриена од самиот управувач, од неговиот горен дел. Доколку возачот малку го крене своето седиште и го спушти малку воланот, доаѓа во идеална позиција во однос на прегледноста на инстумент таблата (ги гледа инструмените напред над воланот, а не под него).
 
Веќе го навикнавме малиот волам и уживаме во него - одлично лежи на рака и пријатен е за ракување. Добар е и изгледот на предните седишта, а обликот на рачката на менувачот е необичен, но се чини ергономски не е најпријатен. Она што е сигурно е дека, на рачката на менувачот треба време да се навикнете. 
 
Благодарение на повисоката каросерија, влезот во автомобилот е лесен и еднсотавен, како напред така и на задните седишта. Секако дека недостасува потпирач за лакт, дури и кај подобро оперемените модели. 
 
 
Простор
 
Ширината е речиси како кај 208. Простор за рацете и лактите има сосема доволно, а за разлика од 208, многу е поголем просторот во делот за главата. Дизјнот на седиштата е одличен, со особено истакнати страничници, кои одлично држат во кривина. А, со оглед на тоа дека линијата на кровот не е опаѓачка, и на задните седишта просторот за глава е повеќе од доволен. Она на што може да се пожалат повисоки патници на задните седишта е можеби просторот во делот за колената. 
 
Интересно, на задната клупа нема повеќе простор отколку кај 208. Патниците позади, на подолг пат, секако би сакале тие напред малку да го поместат своето седиште нанапред. Задната клупа малку е и потврда, и има мал агол на наслонување, а прозорите, интересно, се спуштаат само до половина. 
 
Простор за одлагање на ситници има доволно, а особено за напоменување е фактот дека и шишиња од литро и пол може да се остават во среднито дел и кај вратите. Peugeot официјално излезе со податок дека простор за ситници има за вкупно 24 литри.
 
Во однос на багажникот, кој е многу битен кај овој тип на автомобил, има капацитет од 350 литри (околу 100 повеќе од 208), и со праг на товарање поставен релативно ниско, на околу 60cm, што е особено значајно за товарење на поголеми и потешки предмети. Багажниот волумен лесно може да се зголеми со навалување на задните седишта (седечкиот дел е фиксен), и кога ќе се добие рамна површина, капацитет изнесува околу 1200 литри.
 
 
 
 
ОПРЕМА
Комплетната листа на опрема што тест моделот со Active ниво на опрема е:
• ABS - Систем против пролизгување
• ESP - Електронска контрола на стабилност
• AFU - Помош при нагло сопирање
• REF - Електронска распределба на силата на кочење
• Регулатор на брзината (темпомат)
• 2 предни воздушни перници, 2 странични воздушни перници и
2 странични воздушни завеси
• Сензор за појаси
• Детектор за притисок во пневматик
• Варијабилен серво управувач подесив по висина и длабочина
• Електрични подигнувачи на предните стакла
• Централно заклучување со далечинско управување
• LCD екран во бела боја
• Патен компјутер
• Автоматско заклучување на возилото при тргнување
• Висинско подесување на возачко седиште
• Преклопна и деллива задна клупа 2/3 - 1/3 со 3 наслони за
глава, 2 ISOFIX приклучоци за седиште
• Подготовка за радио со антена
• Тркала со челични наплатки 15”пневматик 195/65R15
раткапна LODE”
• Резервно тркало со намалени димензии
• Рачки и ретровизори во боја на возилото
• Надолжни кровни носачи во сива боја
• Заден споилер
• Електрично подесиви ретровизори со греење
• 3D LED задни светла
• LED дневни светла
• Мануелен клима уред
• Touch screen + 6 звучници + команди на
управувач + USB + Bluetooth + USB и AUX излез
• Управувач пресвлечен со кожа
• Челични наплатки 16” пневматик 195/60/ R16
наплатки “SILICE”
• Предни светла за магла, детали во хром во ниво на предни
• Hill Assist 
 
 
ФИНАНСИИ
 
Трошоци за купување и одржување, потрошувачка
Тестираниот модел со Active ниво на опрема и 1.2 мотор со 110КС е со цена од 17.460 Евра. Влезен модел започнува од 15.280 за 1.2 со 82КС во Access ниво на опрема, а најскапиот 1.6 BlueHDi STOP&START со новото ниво на опрема GT Line e со цена од 23.330 Евра. Peugeot навикна на квалитет. Веројатно добра инвестиција е токму моторот кој што го имавме на тест, затоа што е поевтин од дизелот, а нуди речиси дизел перформанси. 
 
 
Во однос на потрошувачката, во град може да се вози и со реална потрошувачка од околу 7,4 литри, а на отворено со околу 6,2
 
Квалитет, доверливост и повратна вредност
Peugeot со секој свој модел го крева квалитетот на изработка на повисоко ниво, а со тоа и доверливоста и повратната вредност што би ја добиле при евентуална продажба расте. 
 
 
 
БЕЗБЕДОСТ
EuroNcap бројките за безбедност се однесуваат за моделот од 2013та година, секако со 5 зведзички, и со 88% за возразни, 77% за деа, 72% за пешаци и 70% за безбедносна асистенција. 
 
 
 
ЗАКЛУЧОК
 
Peugeot 2008 би бил одлично решение за фамилијарни потреби, особено за оние кои сакаат SUV изглед, или пак имаат потреба од малку повисок автомобил, за викенд потреби или прошетки надвор од урбана средина. Одличниот баланс на возна динамика со високата удобност, просторната кабина и практичниот багажник, како и широката гама на мотори кои лесно се справуваат со каросеријата се одлична препорака за македонските купувачи. 
 
Предности
  • висока удобност
  • добри перфоманси на моторите
  • ниска потрошувачка
  • висок квалитет на изработка
  • атрактивен изглед
Недостатоци
  • простор на задната клупа
  • дискутабилна прегледност на инстументите напред
  • нема рачки на кровот кај страната на совозачо

Peugeot 2008
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил