Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Награди > Ford 1,0 l EcoBoost ја освои наградата International Engine of the Year
 
Spodeli
01 July 2017, 15:31


Ford 1,0 l EcoBoost ја освои наградата International Engine of the Year   Ford 1,0 l EcoBoost ја освои наградата International Engine of the Year
И тоа, шести пат по ред...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Овој штедлив и силен мотор кој придвижува еден од пет возила на Ford на европскиот пазар, повторно ја освои наградата меѓународен мотор на годината.
 
Веќе шеста година по ред, 1,0 литарскиот EcoBoost мотор на Ford е прогласен за најдобар меѓународен мотор на годината во категоријата "Најдобар мотор во категорија до 1,0 литри зафатнина". Силниот 3-цилиндарски EcoBoost мотор е непобедлив од моментот кога излезе на пазарот во 2012 година.
 
Судиите ја пофалија фантастичната комбинација на перформанси, ефикасност, потрошувачка на гориво и самата технологија на моторот. Така, 1,0 литарскиот мотор, севкупен победник на ова натпреварување рекордни 3 пати, досега освои 10 меѓународни награди за мотор на годината, како и награда за најдобар нов мотор.
 
"Нашиот иновативен трицилиндарски 1,0 литарски EcoBoost мотор со турбо полнење и директно вбризгување ги менува правилата на игра и поставува нови стандарди", изјави Џо Бакај, потпретседател на оделот за развој на производството од компанијата Ford Europe. 
"Иако веќе 10 пати освојуваме награда за мотор на годината, ние и понатаму настојуваме да ги поместуваме границите во инжинерингот на погонските склопови и да обезбедиме поголема погодност на корисниците на овој мал, но признат и познат мотор".
 
Овој мотор е достапен со 100, 125 и 140 коњски сили, а моментално, овој мотор придвижува 1/5 од новите возила на Ford на европскиот пазар, вклучувајќи 2/5 Fiesta модели. Бензинскиот мотор на Ford со работна зафатнина до 3,5 литри се наоѓа во возилата на Ford во целиот свет, од компактните нови модели Ford Fiestа до Transit комбињата, камионетите и разните модели како Focus RS и Ford GT моделите.
 
Жирито од 82 новинари од 35 земји го прогласи штедливиот 3-цилиндарски EcoBoost за најдобар мотор во категорија до 1,0 литри работна зафатнина. Овој мал и силен мотор за прв пат е претставен во Ford Focus моделот во 2012 година, а се уште доминира во својата категорија, иако во меѓувреме конкуренцијата значително порасна. Во категоријата мотор до 1,0 литри работна зафатнина оваа година се најдоа дури 35 мотори, 9 повеќе во однос на 2012 година, кога EcoBoost за прв пат се натпреваруваше.
 
"Паралелно со новите погонски склопови кои излегуваат на пазарот, ова бебе на Ford и понатаму е најдобар 1,0 литарски, 3-цилиндарски мотор" изјави Деан Славнич, уредник на магазинот "Engine Technology International" и потпретседател на 19-тото издание на доделувањето на наградите "International Engine of the Year", кое оваа година се одржа во Штутгард, Германија.
 
"Најимпресивно е тоа што е првиот мотор кој успева да ја освои титулата секоја година откако е номиниран" - додаде тој.
 
Во почетокот на 2018 година, 1,0 литарскиот EcoBoost донесе намалување на трошоците. Благодарение на технологијата за деактивација на цилиндрите, еден од цилиндрите автоматски ќе запре кога полната сила не е потребна, како на пример за време на лежерно возење и така ќе ја намали потрошувачката на гориво.
 
Еден од примерите на напреден инжинеринг е тестот кога овој мотор ги вклучува и исклучува цилиндрите за 14 милисекунди, што е 20 пати побрзо од трепнување на окото. Секако, самите перформанси или префинетоста на автомобилот, не се доведени во прашање.




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Награди



 
 
 
 






Одберете нов автомобил