Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест Suzuki Ignis - Забавeн и практичен компактен SUV
 
Spodeli
20 June 2017, 13:29


Тест Suzuki Ignis - Забавeн и практичен компактен SUV Suzuki Ignis Тест Suzuki Ignis - Забавeн и практичен компактен SUV
Во период кога речиси секој авто-производител влегува сериозно во сегментот на SUV модели, без оглед дали се работи за поголем или помал модел, Suzuki тоа го прави спремен повеќе од било кој. ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Со историското наследство што го носи Vitara како пионер во изработката на SUV модели, и со искуство и знаење што Suzuki го има благодарение на гамата на мали и успешни автомобили од типот на Swift, Ignis е спојување на два света во еден. Предност плус и фактот дека SUV Моделите на Suzuki не се само градски шминкери, туку се со навистина теренски способности. Ignis e SUV, но мал, со димензии од само 3,7 метри должина и 1,7 метри ширина. Модел што е класа за себе. Не може да му најдеме вистински конкурент, затоа што моделите од типот на Volkswagen UP! се помали, а оние пак како Renault Captur подокги и значително поскапи. 
 
Како потврда на се тоа, е податокот дека Ignis е еден од трите финалисти во светскиот избор за најдобар мал автомобил, во друштво na BMW i3. 
 
Достапен со 1.2 Dualjet моторот, но и со хибрдинен SHVS мотор, во три нивоа на опрема, Ignis зрачи со стил - уникатен, свој и неодоливо привлечен. Не бадијала голем број македонски купувачи веќе го имаат Ignis во своите гаражи. Едноставно, се работи за автомобил со забавен изглед кој со својата висина нуди комфорт за сите патници, голема агилност во градските метежи, и одлична потрошувачка на гориво. 
 
 
 
Дизајн
 
За разлика од стариот модел, најсилната страна на новиот Ignis е неговиот забавен дизајн, кој значително двои од останатите мали градски возила и недвосмислено подсетува на SUV возило. Одличниот дизајн е основа за разните комбинации на бои, бандажи и разни аксесоари да бидат неодоливо привлечни, секој на свој начин.
 
Гледајки го однапред, доминира предната “решетка” која е обложена со прекрасна Chrome лента во која се сместени и предните LED фарови. Одстрана веднаш се забележува неговиот SUV дизајн со продолжената должина помеѓу предното и задното тркало како и страничните спојлери кои придонесуваат за неговата убавина и неговиот SUV изглед.
 
Гледајки го во задниот дел, веднаш се забележува неговиот ретро дизајн кој подсетува на градскиот автомобил Suzuki Whizzkid, направен далечната 1970 година 
 
 
 
На пат
 
Перформанси
 
На располагање се бензискиот 1.2 Dualjet и хибридниот 1.2 литарски Dualjet SHVS (Smart Hybryd Vehicle By Suzuki) во кој има и додатна батерија која помага при забрзувањето, а се полни со помош на регенеративното кочење.
 
Бензинскиот мотор нуди 90 КС како и опција за автоматски или мануелен менувач, и погон на 2 или на 4 тркала, додека Hybryd моторот нуди исто така 90 КС, погон на 2 или на 4 тркала, но нуди само мануелен менувач. Сите мануелни се со 5-степен пренос, додека автоматските менувачи нудат 6 степен пренос.
 
Иако 90те КС кај 1.2 Dualjet моторот на хартија не звучат премногу атрактивно, во возење ќе забележите дека тоа е сосема доволно, дури и за потешкиот 4WD модел. Во комбинација со прецизнииот 5-степен менувач, Ignis има доволно сила за градски услови во секој интервал на вртежи. Овие мотори се оптимизирани за одлична распределба на сила за градско возење, но имаат недостаток на моќ во поголемите степени на брзина што ги прави помалку интересни за на отворен пат и возење со поголема брзина. 
 
Иако се чини дека полесниот и поевтин модел со погон на две тркала ќе биде најбаран модел, веќе има многу купувачи кои го одбраа моделот со погон на 4. 
 
 
 
Управливост/Удобност
 
Иако има изглед на SUV автомобил, тоа никако не го менува фактот дека неговата тежина со почетно ниво опрема изнесува само 810 килограми што го прави овој автомобил доста агилен и чувството на возење е далеку поразлично од потешките SUV-а.
 
Управувањето е како што би се очекувало од мал и висок автомобил, не е за очекување дека ќе може во кривини да се вози брзо, а фактот дека е краток и има релативно поставено тежиште во однос на својата висина, придонесуваат да биде агилен, но затоа и се чувствуваат градските испакнатини. 
 
Во однос на управувањето и забавата во возењето, Ignis се однесува солидно во однос на својата геометрија, не многу широк и висок -  се забележува неговиот “Body Roll".
 
All Grip технологијата е тука главно за извонредни особини на каллива подлога, а во комбинација со Hill Decent контролата, веќе добивате сериозно добро однесување надвор од урбана средина. 
 
 
Префинетост
 
Звучната изолација е солидна - во однос на звукот од патот, очекуван е на погруби површини, но е ралативно тивок на асфалт. Звук од ветерот има стандардно, според аеродинамиката на автомобилот. Кога ќе се притисне на педалот за гас, на повисоки вртежи се слуша моторот, но произведува привлечен звук и  воопшто не пречи. Префинетоста на секој Suzuki модел се гледа и во однос на вибрациите кои моторот/менувачот ги враќаат, во минимална мера, доловувајќи мошне пријатно чувство при возењето, особено во однос на ценовниот интервал на автомобилот. 
 
 
Во кабината
 
Внатрешноста на Suzuki Ignis е истовремено конвенционална, но стилски дизајнирана. Во внатрешниот дизајн се истакнуваат две бои како и некои детали кои се иста боја со каросеријата на автомобилот што дополнително му дава душа на ентериерот. Во средишниот дел доминира големиот touch screen. Во однос на изборот на материјали во внатрешноста, Suzuki се држи во рамки на тоа какви материјали користи кај другите свои модели - не многу фенси, едноставено направени да бидат долговечни. 
 
 
Кога ќе се погледнат различните изведби на ентериерот во различни нива на опрема, веројатно никој не би се решил за прво ниво на опрема. Интересен и симпатичен дизајн на ентериерот, во комбинација со различни бои околу, ја разбиваат теоријата дека малите и поевтини автомобили треба да се еднолични внатре. 
 
Напротив, Ignis докажува дека и во рамки на 11.000 и нешто евра може да се добие интересен и разнолик ентериер. Не случајно веќе и во Македонија голем број на млади, водени од веселиот и модерен ентериер, веќе се одлучија за Ignis. Нема подесување на управувачот, а само во повисоки нивоа на опрема има подесување на седиштата.
 
Се заедно е склопено доста солидно и цврсто и имате чувство дека се е создадено да трае што подолго. Долговечност - тоа е една од вредностите која Suzuki низ годините наназад самоуверно ја практикува. 
 
 
 
Простор
 
Иако однадвор мал, изненадувачки е фактот дека 4 возразни патници може комфорно да седат. Кај моделите со погон на 4, задните седишта се поставен малку повисоко, но и така има доволно простор по висина. Зависно од нивото на опрема, на задната клупа може да има 3 или 2 места за седење, што прави и разни комбинации за преклопливост на седишата, 60/40 или 50/50, што секако е опција плус за тоа како некому одговара. 
 
Задните седишта можат да се движат напред и назад, зависно од потребата на багажниот простор. Патниците можат да компензираат помеѓу комфорот и багажот кој ке го носат. 
 
 
Багажниот простор изнесува 267 литри без да се поместени задните седишта, но ако се одлучите за моделот со погон на 4 тркала тогаш багажниот простор се намалува на 204 литри. Ако се склопат задните седишта до крај, тогаш може да користите неверојатни 1100 литри од багажниот простор.
 
Споредбено, багажникот е поголем  во однос на своите конкуренти како Twingo, Volkswagen Up (со своите близнаци Skoda Citigo и Seat Mii или Seat) или пак Hyundai i10, но во однос на поголемите SUV Модели како Captur или Peugeot 208 очекувано е помал. 
 
 
 
Ергономија
 
Одличен е за возење низ град и градските метежи со неговата мала градба, високата положба на возачот што нуди супер прегледност и го прави перфектно градско возило. Во однос на големината на автомобилот, има сосема доволно места за одлагање на ситници. 
 
 
Опрема
 
Секако препорака е третото ниво на опрема, каде е Smart phone Linkage Display Audio со Bluetooth, навигација, DAB радио и секако задна камера, а каде уште добивате и 16 инчни алуминиумски фелни, црна решетка напред со хромирани детали, LED светла со автоматско подесување, LED позициони светла, надворешни ретровизори со вградени трепкачи, kожен 3-крак управувач со аудио контроли, cruise control и ограничувач на брзина и aвтоматски клима уред.
Комплетната листа на опрема во GLX нивото може да ја видите на следниот линк: http://mirkat.mk/html/html-ignis/index.html#equipment
 
 
Финансии
 
 
Трошоци за купување и одржување, потрошувачка
 
Со почетна цена од само 10.950 евра за 1.2 Dualjet со мануелна трнасмисија и основно ниво на опрема GL, Suzuki Ignis ги задоволува сите стандарди. Доколку сакате истиот мотор да има автоматски менувач тоа ке ве чини 13.760 евра, но ќе добиете и повисоко ниво на опрема GL PLUS. Ако се одлучите за хибридниот модел на Suzuki Ignis и го одберете 1.2 Dualjet SHVS за истиот ке платите 14.500 евра со погон на 2 тркала и 15.990 евра со погон на сите 4, и притоа ке го добиете највисокото ниво на опрема GLX. 
 
Во однос на цената, Ignis e малку повисоко позициониран од главните конкуренти Twingo, Up или Hyundai i10, но реално од сите нив нуди и повеќе простор и повеќе опрема. Моделите од класата на Peugeot 208, иако се пониски, се значително подолги и поскапи, што го прави Ignis класа сам за себе. Реално, не може да се најде директен негов конкурент затоа што ниеден автомобил не е многу сличен на него. 
 
Ако треба да препорачаме, тоа секако би било GLX нивото на опрема.
 
 
Мануелната трансмисија и автоматската трансмисија кај овој автомобил имаат иста потрошувачка на гориво. На отворен пат Suzuki Ignis има солидна потрошувачка од само 5,4 литри на 100 километри реална потрошувачка, додека во градскиот метеж овој автомобил има потрошувачка од околу 6.5 до 7 литри, зависно од начинот на возење во град. 
 
 
Квалитет, доверливост и повратна вредност
 
Како и многу пати во разните тестови за Suzuki моделите, уште еднаш напомена дека, Suzuki e во самиот врв кога квалитетот и издржливоста е во прашање. Сервис ќе посетувате само кога ќе треба да се направи т.т. редовен сервис, а автомобилот еднаш го плаќање и за навек го возите. 
 
 
Безбедност
 
Во однос на безбедноста, кај Suzuki таа е секогаш приоритет. Затоа Ignis, како стандардна опрема има 6 воздушни перничиња, две напред, две странично и две воздушни завеси. Новиот дизајн на шасијата во фокусот го има новиот TECT концепт на Suzuki (Total Effective Control Technology), кој резултира со структира која ефикасно ја апсорбира и разнесува енергијата во случај на судир. ignis располага и со Dual Camera Brake Support (DCBS), Grip Control, како и функции за предупредување кои вообиачено ги има кај поголеми и поскапи модели. 
Основниот Ignis доби резултат од 3 звезди при безбедносниот тест на Euro NCAP, додека моделот со повисоко ниво на опрема, со безбедносен пакет доби 5 звезди. Сите Ignis модели имаат воздушни перничиња однапред од страна како и над прозорите. Сепак, резултатите на Euro NCAP за малолетни и возразни патници во ова возило се задоволителни.
 
 
Заклучок 
  
Suzuki Ignus е совршено градско возило, со неговиот моќен и истовремено симпатичен дизајн, нема да ве остави рамнодушни кога и да го погледнете. Високата положба на возачот овозможува одлично возење во град, и минување низ тесни места. Неговата практичност е на високо ниво, со неговата многу ниска потрошувачка и агилност ке ги задоволи сите ваши градски потреби. Идеален би бил за постари возачи, заради леснотијата при влез и седнување во автомобилот, како и за оние кои имаа викендички, па имаат потреба од малку повисок автомобил, а не сакаат голем SUV - Ignis нема да има проблем да совлада снежна препрека.
 

Suzuki Ignis
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил