Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест Suzuki Swift - Повторно најдобар во класата
 
Spodeli
19 June 2017, 16:00


Тест Suzuki Swift - Повторно најдобар во класата Suzuki Swift Тест Suzuki Swift - Повторно најдобар во класата
Судејќи според актуелната гама на автомобили, реално било да го прогласиме Suzuki за вистински специјалист кога се во прашање градските автомобили. Во моментов има дури 4 извонредни мали модели - Celerio, Ignis, Baleno и Swift....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Иако Swift припаќа во класата каде што се гермаснките и француиските великани: Polo, Corsa, Fiesta, 208, C3 или Clio, за овој модел на Swift, прво што ќе помислите е дека е класа над нив, дека се работи за премиум мал автомоил, од типот на Mini или Fiat 500. Едноставно така изгледа. Како да успеал да се издигнe ниво погоре, над вообичаените вредности во оваа класа каде што главно се бара повеќе простор. 

Со должина од 3.840mm, ширина 1.735mm, висина 1.495mm (2WD) и меѓуоскино растојание од 2.450mm, за да обезбеди повеќе простор внатре, новиот Swift е поширок, но во однос на претходникот е малку пократок, но и понизок. Резултат на тоа е намалување на масата за речиси 120 Kg, но и пониска потрошувачка и особено подобри перформанси и управување. 
 
 
 
Дизајн
Откако во 2004, Suzuki драстично го промени изгледот на Swift, носејќи за тоа време модерен и необичен дизајн, а веќе со моделот од 2010 дизајнираше сигурно најубав модел во класата, сегашниот дизајн е напредната верзија на моделот од 2010, во суштина повеќе спортска. Веројатно Ако Aston Martin дизајнираше мал компакт, отприлика вака ќе излгедаше. Со голема и моќна предна маска, широк и низок. Колку повеќе го гледате, толку повеќе ќе го засакате. 
 
 
 
На пат
 
Перформанси
Гамата на мотори е исклучиво бензин (плус и хибридна опција). Почнувајќи од 1.2 литрениот Dualjet со 90КС, кој е единствен за првото ниво на опрема GL. Мотор, сосема доволен, и во однос на перформанси и во однос на потрошувачка. На тест го имавме фантастичниот 1.0 три-литарски турбо бензинец со 110 КС, кој доаѓа во комбинација со GL Plus и GLX нивоата на опрема, со 5степен менувач, а го има и во комбинација со 6-степен автоматски менувач. Моторот се однесува фантастично, работи мирно, тивко и префинето, а стандардно јапонски одушевува на повисоки вртежи, кога произведува и поатрактивен звук, а забележливо е дека има сила и на пониски вртежи, што го прави идеален градски автомобил. 
 
Swift на понуда го има и хибридниот SHVS, веќе проверен и докажан кај Baleno. Кој го возел знае, кој не, му препорачуваме веднаш да го проба. 
 
 
Управливост/Удобност
Како и кај секоја генерација на Swift, возењето е малку поспортски подесено, што значи дека скопските дупки би се чуствувале малку повеќе од, да речеме конкуренти како C3, особено на помали брзини. Тоа помалку се чувствува на повисоки брзини, кога Swift посуверено проаѓа преку нерамините и веќе почнува да се однесува како класа поголем автомобил, дозволувајќи да возите побрзо, а да се чувстувате безбедно, чувстивајќи ја контролта над автомобилот во секој момент. 
 
Кога е во прашање управливоста, Swift тука е вистински шампион - ги сака брзите промени на правецот, послушен е. Управувањето е директно, па така, секој возач кој обожува подинамично возење ќе биде импресиониран од Swift. Предниот дел се насочува многу лесно во посакуваниот правец, а доволно се чувствува и контактот со подлогата. 
 
 
 
Рафинираност
Сето погоре напишано во однос на контролата на автомобилот, комбинирано со многу лесните команди, носи единствено возачко доживување. Ќе сакате да го возите, повеќе и повеќе. 1.0 моторот, комбинацијата на мотор/менувач која носи брза и прецизна компанда за менување, како и суптилниот Stop/Start систем кој работи тивко и неприметно, и кој само мнимално праќа вибрации кон управувачот и менувачот создаваат премиум чувство. Како се крева брзината, така и звукот од моторот се намалува допринесувајќи за пријатно чувство во кабината. 
 
Единствено можеби подобрување би можело да има кога е во прашање звукот од патот, а и од ветерот - да бидат малку поизолирани. Вака, на цена добива спортското доживување. 
 
 
 
Во кабината
 
Простор/Практичност
Можеби не се работи за голем автомобил, но 40те милиметри додадени во ширина кај новиот Swift значат многу. Нема да се допирате со лактите со совозачот, и уште поважно, имате простор колку сакате да го однесете наназад возачкото седиште, за да обезбедите добра позиција  за себе, иако за просечна висина од околу 180cm за возачот, нема потреба од тоа. Предните седишта се поставени доволно ниско, за и за многу високи возачи да немаат проблем со висината и простор во делот за главата. 
 
И во однос на просторот за одлагање на ситните од Suzuki одлично завршена работа. И во централниот дел, и во вратите има доволно простор дури и за 500ml шишенца. Има и два отвори како држачи за чаши, и фиока со големина на еден поголем смартфон. Секое нешто ситно ќе е со вас, ќе му најдете место. 
 
Swift уште од минатите генерации е лидер во класата кога понудата на простор на задната клупа е во прашање, нешто што секоја фамилија срдечно го дочекува. Тренд што продолжува и кај новиот модел. Изненадувачки е дека, не само за деца, просторот позади и комформен и за возрасни патници. Два возрасни патника комотно може да патуваат и на подолги дестинации, без да се грижат за простор кај колената. Можеби, за трет патник би било веќе малку комликувано.
 
Овој Swift доаѓа исклучиво со 5 врати, рачките на вратите се поставени малку повисоко, а самото отварање на вратите е со широк агол што значи влегувањето е олесенто и поергономично. Ако се спореди со Fiesta на пример, Swift доминира и тоа како кога е во прашање пристапот кон задните седишта. 
 
 
Кога флексибилност на седишата е во прашање, класично, 60/40 е прерапределбата, ништо спектакуларно во овој поглед, со напомена дека кога ќе се спуштата седишата се креира значително голем простор за носење на поголеми предмети. 
 
Новиот Swift Има за повеќе од 25% повеќе капацитетен простор во багажникот, од 211 литри кај стариот модел, до 265 литри кај новиот
 
Ако еден модерен автомобил мора да има нешто, тоа е модерен инфотаинтемент дисплеј, осетлив на допир. Кај Swift се работи за напредниот 7-инчен мултифункционален дисплеј, со LCD екран во боја со висока резолуција. За моделот SHVS е исто така вклучени дијаграм на проток на енергија, со интегриран Apple CarPlay, Android Auto и MirrorLink, со кој се контролираат одредени смарт функции преку инфотаинтементот.
 
Можеби не сме импресионирани од графиката, и од фактот дека некои икони се многу малку и не така лесни за притискање, но во однос на корисничкиот интерфејс, логичен е, брзо ќе го навикнете. 
 
Кај моделите со 3D навигацијата овозможува лесно воочување на сите знаменитости. Исто така овозможува да се користат одредени апликации на смарт телефон со MirrorLink, Android Auto и Apple CarPlay врска.
 
 
 
Ергономија
Ергононично, стандардно добра возачка позиција, со централен дел малку завртен накај возачот. Можеби нема премногу опции за подесување на седиштата во сите правци, кај сите нивоа на опрема, но сепак ќе ја најдете својата идеална позиција. Прегледноста напред е одлична
 
Иако се е добро склопено, и има напредок во користените материјали, се уште стои фактот дека кај Suzuki изборот на материјали не е најидеален. Пластика која не импресионира, тврда, сјајна и неатрактивна. Да, во класата тоа е пракса, но некако веќе и во оваа класа очекувањата се дека мора да има поубави текстури и помеки материјали, особено на деловите кои почесто се изложени на допир.
 
 
 
Опрема
 
Swift, како и секој модел на Suzuki, нуди многу опрема уште во основното ниво и првичната кампањска цена. Кај конкурентите може ќе видите ниска цена, но таму има многу скриени ставки. Кај Swift нема тајни. Еве што добивате со влезната цена:
Серво управувач, Кожен управувач со аудио команди, Управувач  подесив по висина, Клима уред, 6 воздушни перници, ABS + EBD, ESP - Систем за контрола на стабилност, TCS - Систем за контрола на влечна сила, Помош при изненадно кочење, USB конекција, Bluetooth контроли на управувачот, LED  дневни светла вградени во браник, Функција на светла "Guide me light", Автоматски светла, Радио CD MP3 WMA со 4 звучници, Ретровизори и рачки за врати во боја на каросерија, Далечинско централно заклучување, Патен компјутер, Светла за магла позади, Електрика на предни прозори, Електрика на ретровизори со грејачи, Возачко седиште подесивo по висина, Индикатор со препорака за степен на пренос, Индикатор за низок притисок во пневматици, Делива задна клупа 60:40, Систем за заштита од кражба, Имобилизатор, Филтер за полен, Isofix за детско седиште х 2, Систем за ослободување на педала на кочница, Сет за поправка на пневматици, Тонирани стакла
 
 
 
Финансии
 
Трошоци за купување и одржување, потрошувачка
Првично, изгледа дека Swift нуди огромна вредност за вложеното. Поевтин е од главните ривали, најнов модел е, а нуди и најмногу опрема за одредена цена. Ако се додаде фактот дека годините наназад покажаат дека Swift најмалку од своите ривали губи на цена, и во момент на продажба најмногу може да се извади, излегува дека од математичка гледна точка ова е најисплатлив модел во класата.
 
Во однос на потрошувачката, 1.0 литрениот кој го имавме на тест потроши околу 7 литри во град и 5,7 на отворено (и тоа со подинамично возење на отворено, не најштедливо), бројки што исто така го носат Swift во врвот на класата. Ниеден бензинец не нуди толку ниска реална потрошувачка. А, ако се има предвид дека веќе и да не се прават дизели во оваа класа (освен кај некои модели), Swift и тоа какко ја зацврствуа својата позиција како убедливо најисплатлив автомобил од класата на мали градски автомобили. 
 
И сервисните трошоци за тековно одржување се најниски, може да ги проверите во секое време. Можеби на хартија деловите се со повисока цена, тоа е лошата вест, но добрата е дека во животниот век на автомобилот, барем во првите 7-8 години додека вие го возите автомобилот, нема да има потреба од промена на некој поскап дел. 
 
Почнува од 10.700 Евра, па се до 15.500 за хибридтнио модел кај 1.0 Boosterjet моторот. 
 
 
 
Квалитет, доверливост и повратна вредност
Во однос на доверливоста кај Swift, нема што многу да се пишува. Кој возел знае, или кој имал прилика да чуе, исто така знае. Ако постои реален тест на автомобил со високо ниво на доверливсот, таму секако би бил Swift. На нашки кажано "магаренце" - вози и не прашува. Старата девиза дека автомобилот треба да му служи на човекот, а не обратно, Swift најдобро ја брани. Еднаш го плаќате, за навек го користите. 
 
 
Безбедност
Swift има и мноштво безнедности системи, како напреден систем за детекција на судир, Двоен сензор за поддршка за сопирање (DSBS).
 
Бројките од EuroNcap тестот се 83% за возрасни, 75% за деца, 69% за заштита за пешаци, 25% за помош за безбедност.
 
Заклучок
Сигурно најдобар модел во класата во моментов, едноставно, по сите параметри Swift одушевува. Единствено не толку атрактивната пластика во ентериерот, малку потврдо возење од најмеките конкуренти во класата и малку поголемата бука од минималната во класата може некому да пречат, но затоа моќните и економични мотори, високото ниво на опрема, и секако возачкото доживување што го нуди се препорака за секој што бара практичен семеен автомобил, но и малку адреналин. Swift ќе биде вашиот 'Partner in crime'.
 
 

Suzuki Swift
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил