Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА      НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Македонија > И официјално презентирана новата Insignia
 
Spodeli
16 June 2017, 09:57


И официјално презентирана новата Insignia Opel Insignia И официјално презентирана новата Insignia
Оpel Македонија ја претстави новата Opel Insignia во хотел Парк & Спа - ресторан FOUR. ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

На националната премиера пред голем број присутни гости, пријатели на Opel, новинари и медиуми,  беа откриени иновациите и супериорните перформансите кои ги поседува овој автомобил, беа претставени новите димензии кои ги подигнуваат стандардите.

Софистицирана во секој поглед, со најнова напредна германска технологија, луксузна удобност и вип третман ја прават Insignia совршен помошник на патот. Уште попривлечна од нејзините претходници, префинета, елегантна и возбудлива за возење, Новата Insignia е фантастично остварување на германската технологија, лидер во својата категорија кој ги задоволува сите критериуми и очекувања. Дека Новата Insignia е лидер во сегментот, ни откри и Директорот на претставништвото на Opel за Македонија, Србија, Бугарија, Црна Гора и Албанија: Г-дин Драган Ненадовиќ, кои ги претстави сите супериорни перформанси кои ги нуди овој ексклузивен автомобил.
 
 
Новата  Insignia нуди квалитети како забава при возењето, прецизност и удобност со супериорна изработка, и ние сме почестени што имавме можност да и ја претставиме на македонската јавност ни изјави Г-дин Драган Ненадовиќ.
 
Кулминацијата на вечерта беше предпремиерното претставување на Crossland X како изненадување на вечерта но истотака на своите гости Оpel Македонија им приреди уште едно изненадување пред самиот крај на вечерта кога извлече еден среќен добитник, кој ќе ја има можноста да ја добие Новата Insignia и со неа да отпатува на викенд во Охрид, каде ќе може да се увери и да ги почувствува перформансите кои ги поседува овој автомобил. 
 
Opel Македонија на еден префинет и софистициран начин во прекрасен амбиент им го претстави на своите гости автомобилот кој несомнено ги надминува сите очекувања. Гостите покрај во прекрасните автомобили – кои беа главните носители на вечерта, можеа да уживаат и во прекрасните звуци на Belucci quartet заедно со Џон Илија Апелгрин.
 
 
Новата INSIGNIA е модерна, атрактивна, луксузна, одлично опремена и како магнет го привлекува погледот на минувачите, посетителите и потенцијалните клиенти.
 
Со атрактивен, никогаш подобар дизајн, спортски линии кои восхитуваат, новата INSIGNIA може да ја изберете во две каросериски изведби – како спортско купе (Grand Sport) или караван (Sports Tourer).
 
 
Покрај аеродинамичните, спортски линии и моќната надворешност, вистинската експлозија на емоции ќе ја доживеете со првото влегување во внатрешноста и соочувањето со супериорниот ентериер.
 
Восхитува внатрешниот дизајн и распоред, прегледноста на инструментите, комфорот и пред се врвниот квалитет на употребените материјали и изработка.
 
Новата INSIGNIA е исклучително комфорна, со огромен простор во предниот и задниот дел, огромен број на практични додатоци кои заедно ја прават совршен семеен, но и флотен (компаниски) автомобил.
 
 
Со неверојатен пакет на опрема во основниот модел, новата INSIGNIA гарантира максимална вредност за вложените пари.
 
Вистински врв во својата класа е и интелигентниот IntelliLux LED®Matrix систем на осветлување со долги светла без отсјај автоматски ги навалува светлата кога има други возила од спротивната насока, но го осветлува остатокот од патот до 400 метри нанапред.
 
 
Автономниот систем за одржување растојание нанапред помага во спречување судири преден браник-заден браник и ви помага да се релаксирате со сопирање и забрзување за да се одржи поставеното растојание до возилото напред.
 
Опционално може да се избере и напредниот систем за помош при паркирање, што ве предупредува за возила додека враќате наназад со предупредување за напречен сообраќај назад.
 
 
Како дополнителна опрема на новата INSIGNIA може да се додаде и дисплејот напред (head up display) што ги прикажува вашите клучни податоци на ветробранското стакло, така што ќе можете да ги држите очите на патот. Информациите вклучуваат брзина, насоки за навигација или предупредувања за опасности.
 
Стартувањето на моторот на новата INSIGNIA можете да го направите со магичен допир на копчето – Engine Start.
 
 
И во новата INSIGNIA посветено е големо внимание на интелигентниот инфотејнмент систем, кај кој е добиен :
 
Чист дизајн без рамки.
Интеграција на пaмeтен телефон преку Apple CarPlay и Android Auto.
Handsfree телефонирање преку Bluetooth.
Пристап до фотографии и видеа преку USB.
Аудио стриминг преку Bluetooth, USB.
7-звучници, звучен систем 4x20W.
 
 
На сите овие предности, во новата INSIGNIA одлично се надградуваат и сосема новите бензински и дизел мотори, новата шасија, мануелни и автоматски менувачи кои испорачуваат одлична моќност, забрзување и максимална брзина, истовремено комбинирајќи ги возните перформанси со економичната потрошувачка на гориво.
 
 

Opel Insignia
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Македонија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил