Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ       ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Историјат > Златна епоха: Ferrari брендот слави 70 години постоење
 
Spodeli
02 June 2017, 11:46


Златна епоха: Ferrari брендот слави 70 години постоење  Златна епоха: Ferrari брендот слави 70 години постоење
Оваа година е навистина значајна во автомобилскиот бренд, поминаа точно 75 години откако Ензо Ферари во италијанскиот град Модена го прикажа својот прв автомобил. ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Тоа беше моделот 125S со мотор со 12 цилиндри, со кои Сцудерио Ферари и нејзиниот основач Ензо започнаа да газат по патеката на славата освојувајќи трофеи на тркачките патеки ширум светот.

Ензо Ферари е роден на 18 февруари 1898 година во Торино, во сиромашно семејство и уште како дете покажувал голем интерес за автомобили. Првата светска војна го затекнува во училиштето за пожарникари во Модена, да во 1916 година се придружи во Третата алпска чета на италијанската војска. Две години подоцна, во 1916 година, епидемијата на грип ги зима неговиот татко и брат, а тој, иако заболел две години подоцна од истата година, преживува, и го дочекува крајот на војната како цивилно лице.
 
 
Години војна, криза и сиромаштија, не овозможуваат многу шанси за младиот Ензо, но тој сепак наоѓа работа како тест возач во Торино, во работилница за изработка на камионски шасии, за година дена подоцна да премине во фирмата Costruzioni Meccaniche Nazzionali во Милано, каде благодарение на своите возачки способности добил место зад воланот на тркачките автомобили, а истата година ја возел и својата прва официјална трка.а Тоа беше брдската трка на релација Парма - Поџо ди Баркето, на која тој го освои четвртото место.
 
Недолго после тоа, учествува и на познатата трка Targa Florio, без поголем успех, за во 1920 година да премине во Alfa Romeo и на истата трка го освојува второто место. Со овој успех започнува епизодата на Ferrari долга 20 години под рамките на Alfa, каде што станал член на бордот и шеф на тркачкиот тим Alfa Corsa. За заслугите и доприносот во развојот на автомобилскиот спорт во својата земја, во 1927 година ја добил титулата "Commandatore", име, кои неговите соработници, како и поклониците на автомобилите со ознаката на Ferrari на предната хауба, ќе го извикуваат целиот свој живот.
 
 
Но, вистинската приказна за Ензо Ферари, човек, воач и конструктор каков што светот го познава, започнува по запознавањето со грофот Франческо Барак и неговата сопруга контеса, после победата на Savio Circuit. Со заедничка фотографија со посвета, од италијанскиот гроф добива маско како исправен коњ за својот тркачки автомобил. Охрабрен со почетните успеси Ензо, во рамките на Alfa Romeo во 1929 година го формира "Scuderia Ferrari Grand Prix Racing Team". Кариерата како возач ја завршува во 1931 година, со освојувањето на воторот место на трката "Three Provinces Circuit" каде се најде позади управувачот на Alfa Romeo 8C MM. По напуштањето на Alfa, осум години подоцна ја основа сопствената фирма Auto Avio Costruzioni во Модена, а во текот на воените години, неговата фирма работела за фашистичкиот режим Бенито Мусолини.
 
По завршувањето на војната, во март 1947 годна, Ензо го конструира првиот сопствен автомобил во соработка со Џоакин Колумбо, Џузепе Бусо и Луиџи Бази. Тоа беше моделот 125Ѕ, со мотор со 12 цилиндри и со него "Commandatore" започнува да го врежува своето име во најсветлата страница на историјата на автомобилизмот. Дебито на првиот автомобил, 125Ѕ, беше во мај истата година, а своето име во историјата зад воланот на Circuito di Piacenza го впиша Франко Кортезе. Автомобилот не издржи, откажала бензинската пумпа додека возилото било на чело на тркала. Сепак, само девет дена подоцна, на 20 мај Франко Кортезе го донесува и првиот триумф за Ензо Ферари, со победата во трката "Roma Grand Prix". Кортезе поминал 40 кругови (137 километри), со просечна брзина од 88,5 километри на час. Тоа беше првата од шесте победи на овој автомобил во таа сезона.
 
 
Првиот трофеј на Gran Prix трките го остварува во Силверстоун во 1951 година со болидот во кој позади управувачот се нашол Хозе Фролиан Гонзалес, а првата титула во шампионатот ја освојува во наредната сезона 1952/53 година. Во исто време започнува и производството на спортските автомобили со ознака Ferrari. Но, Ензо Ферари не бил секогаш следен од богињата Талија. Во 1957 година на трката Mille Miglia, поради пукање на гума во полна брзина, неговиот возач Алфонсо де Портаго, заедно со својот совозач, ислетува во публиката. Во несреќата, покрај двајцата возачи, настрадале и неколку гледачи, а после истрагата која била спроведена, Ензо е ослободен од одговорност за инцидентот. Но, се зборувало како Ензо немилосрдно ги форсира своите возачи, предизвикувајќи ривалитет помеѓу нив. Оваа приказна Ензо го следи од почетокот на својот живот, таа не престана и денес, а ќе го следи засекогаш.
Година дена после оваа несреќа, Ензо Ферари доживеал лична трагедија. Од последиците на мускулната дистрофија умира неговиот втор син Алфедо Дино Ферари. Во знак на сеќавање на починатиот син, креиран е познатиот модел Ferrari - Dino. Ензо имал уште еден син, вобрачен, од врската со Лина Ларди кој го призна во 1975 година, после смрта на Лина. Приватно, не сакал новинари, ниту публицитет, како ни појавување во јавност.
 
 
Легендата на автомобилскиот спорт, креаторот на супер спортските луксузни автомобили кои со децении немале вистинска конкуренција и биле предизвик за секој искрен поклоник, починал на 14 август 1988 година во 90-тата година од својот живот, оставајќи зад себе големо наследство во кое секој автомобил кој излегувал од погонот во Маранело, со Ferrari ознака на хаубата, би можел да се нарече "Автомобилска икона". Наследството предизвикувало вистинско воодушевување, без разлика каде, на тркачката патека, на булевари и авении, апсолутно секаде.
 
Бил одбиен од FIAT
Многу занимливости се поврзани со името Ензо Ферари. Една од многуте, а можеби и најбизарната е дека на почетокот од својата кариера се обидел да се вработи во гигантот на италијанската автомобилска индустрија FIAT. Но, во Торино сметале дека Ензо не е доволно талентиран механичар, па не добил работа.
 
Продажбата на FIAT
Ferrari во 1969 година продал 50% од своите права на сопственост на FIAT, но го задржал стопроцентното управување и контролата над тркачката дивизија. Претходно, Ензо брачната понуда ја упатил до Ford, но работата пропаднала бидејќи американскиот гигант едноставно не сакал да им даде целосна контрола врз компанијата. Пет години подоцна, Ензо Ферари официјално заминал во пензија од позицијата директор на патничкиот програм, а истата година го именувал Лука  ди Монтеземола за прв човек на тимот Formula 1 и го одредил за свој претставник во сите рбаоти поврзани со Formula 1. До крајот на животот, Ензо останал поврзан со екипата која учествувала во Formula 1 шампионатот, но не доживеал да прослави ниту една титула.
 
 
Најскап во историјата
Какви ремек дела претсавуваат достигнувањата од Маранело, најдобро отсликува податокот да на листата од 10 автомобили со највисока цена во историјата на аукциите, се наоѓаат дури девет Ferrari автомобили.
Највредниот автомобил претставува моделот 250 GTO од 1962 година - еден од само 39 произведени примероци, кој е платен неверојатни 38,1 милион долари на аукција во 2014 година. Со цена од 29,6 милиони долари на второ место се наоѓа Mercedes W196 од 1954 година, кое го возеше петкратниот F1 шампион, легендарниот аргентинец, Хуан Мануел Фанџо. Тоа е воеднно и единствениот модел од топ 10 кои на хаубата не го носат знакот на Ferrari. Третиот најскапо платен автомобил е Ferrari 275 GTB/4S Spider од 1967 година, со цена од 27,5 милиони долари. Направени се само 10 примероци, а примерокот од аукцијата доби на цена поради тоа што го возел Стив МекКвин во филмот "Аферата Томас Краун".
 
Хронологија на најзначајни настани
1947 - Основање на брендот Ferrari
1950 - Ferrari дебитира во Formula 1
1951 - Првата победа во Forula 1, ја остварува Хозе Фроилајн Гонзалес
1952 - Алберто Аскари со Ferrari 500 станува светски првак во Formula 1
1958 - Мајк Хоуторн го освојува Formula 1 шампионатот со Ferrari 246 F1
1962 - Претставен е моделот Ferrari 250 GTO, троен победник во GT шампионатот во класа на конструктори 1962-64.
1964 - Џон Суртис станува светски првак на Formula 1 во болидот 158 F1.
1967 - Три Ferrari модели, два 330 Р4 и еден 412 Р, завршуваат на позиции 1-2-3 на трката 24 часа Дејтона.
1968 - 365 GTB Дејтона е претставен а автомобилскиот саем во Париз.
1969 - FIAT станува косопственик на брендот со купување на 50% од акциите
1972 - Отворена е патеката Фиорано, полигонот на Ferrari за тестирање на нивните автомобили
1975 - Ники Лауда станува првак во Formula 1 шампионатот со болидот 312 Т
1981 - Жи Вилнев ја остварува првата победа во еден Ф1 болид (126 К) со турбо мотор на GP Монако
1984 - Ferrari Testarossa е премиерно претставен на автомобилскиот саем во Париз
1987 - Ferrari F40 го доживува своето деби на автомобилскиот саем во Франкфурт
1988 - Ензо Ферари починува на 90 годишна возраст.
1993 - Покренат е првиот шампионат во рамките на брендот - Ferrari Challange
1998 - Отворен е нов воздушен тунел за тестирање на автомобилите
2004 - Петиот наслов за светски првак за Михаел Шумахер воедно претставува и рекордна шеста последователна титула за Ferrari во класата на конструкторите
2006 - Покренат е ексклузивен ХХ програм посвете на екстремно перформантните модели, резервирани исклучиво за топ клиентелата
2007 - Кими Раиконен и Скудеро Ферари стануваат шампиони во Formula 1 шампионатот
2013 - Првиот хибриден модел на Ferrari, LaFerrari, влегува во производство
2015 - Акциите на Ferrari влегуваат на берзата во Њујорк
2016 - LaFerrari Aperta е претставен на саемот за автомобили во Париз во чест на одбележување на 70 години од брендот Ferrari
2017 - Најновниот модел 812 Suepr Fast го доживува своето деби на Саемот за автомобили во Женева
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Историјат



 
 
 
 






Одберете нов автомобил