Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
 
Насловна > Новости > Електрични автомобили > Продажбата на хибридни автомобили во Европа пораснала за 61%
 
Spodeli
30 May 2017, 10:30


Продажбата на хибридни автомобили во Европа пораснала за 61%  Продажбата на хибридни автомобили во Европа пораснала за 61%
Испораката на електрични автомобили скокнала за неверојатни 49%...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Бензинските, а посебно дизел моторите нема уште долго да бида на пазарот. Се построги се еколошките прописи, како и развојот на електрифицирани возила во кои светските автомобилски производители вложуваат милијарди евра. 

Електричните и хибридните автомобили, започнаа да ги испраќаат во пензија бензинските, а посебно дизел моторите.
 
И резултатите на пазарот ја потврдуваат оваа теза. Во првите три месеци оваа година, продажбата на хибридни возила во Европа скокнала за 61,2%. 
 
Поточно, на Стариот континент во првиот квартал на 2017 година, се продадени 111.006 хибридни автомобили.
Голем раст во истиот период остварија и електричните возила, кои имаат 49% зголемување на продажбата. Најпопуларен електричен автомобил во Европа е Renault Zoe, кој е продаден во повеќе од 9000 примероци во првите три месеци на 2017 година.
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Електрични автомобили



 
 
 
 






Одберете нов автомобил