Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Лавот ги затегна брчките: Претставен рестилизиран Peugeot 308
 
Spodeli
15 мај 2017, 23:41


Лавот ги затегна брчките: Претставен рестилизиран Peugeot 308 Peugeot 308 Лавот ги затегна брчките: Претставен рестилизиран Peugeot 308
Peugeot претстави рестилизиран модел 308, кој не само што доби подобар изглед, туку и потполно нова погонска единица, како и 8-степенски автоматски менувач....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Да се потсетиме на неодамна објавените тизер фотографии со кои Peugeot го најави освежениот модел 308. Сега, месец дена подоцна, Peugeot и официјално го претстави новитетот со промените кои ќе го подигнат овој француски бренд на уште повисоко ниво.

Надоврешноста на автомобилот е унапредена со нова предница во стилот на моделот 3008. Знакот е придвижен кон предната решетка, покрај која се наоѓаат и новите LED фарови. Назад, се наоѓаат "stop" светла со светлосен потпис во облик на лавовски канџи. На екстериерот на возилото дополнително допринесува и стаклениот кров кој доаѓа со Allure, GT Line и GT опрема.
 
 
Внатрешноста на автомобилот ја краси новата Miror Screen опција на кокпитот, touchscreen навигацијата и TomTom Traffic апликацијата која овозможува следење на ситуацијата во сообраќајот.
Што се однесува до автономните технологии, тука е автоматското кочење, предупредувањето при напуштање на сообраќајна лента без трепкач и адаптивен темпомат, вклучувајќи и стоп функција кај моделите со автоматски менувач. Паркирањето е исто така олеснето благодарение на камерите од 180 степени, но и опцијата Park Assist, задолжена за самостојно паркирање.
 
Најголемите промени кои ги донесува новито модел се наоѓаат под шасијата. Peugeot 308 е првиот автомобил од PSA групацијата во кој ќе биде вграден новиот 1,5 литарски BlueHDi 130 S&S дизел агрегат кој испорачува 130 коњски сили. Новата погонска единица е поефикасна од претходните благодарение на унапредениот SCR катализатор кој е поставен поблизу до моторот, што дополнително ја намалува емисијата на издувните гасови.
 
 
Уште една новина е новата 8-степена автоматска трансмисија која доаѓа со 2,0 литарскиот дизел агрегат со моќност од 180 коњски сили. Наречена EAT8, направена е од страна на јапонскиот специјалист Aisin. Peugeot декларира дека новиот менувач е побрз и поефикасен.
 
Новите Peugeot 308, Peugeot 308 SW и Peugeot 308 GTi ќе биде достапни од септември, 2017 година.
 
 
 

Peugeot 308
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил