Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Занимливости > Porsche го доживеа својот дијамантски јубилеј
 
Spodeli
15 мај 2017, 23:33


Porsche го доживеа својот дијамантски јубилеј Porsche 911 Porsche го доживеа својот дијамантски јубилеј
Дијамантски јубилеј: Милион произведени примероци на моделот Porsche 911...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Porsche неодамна го претстави милиониот примерок на моделот 911, за кој беа потребни 54 долги години. Период од 54 години беше отребен додека Porsche не достигна магични седум цифри со моделот 911. Токму поради ова, јубилејниот примерок помина низ рацете на тимот за персонализација која допринесе за неговата уникатност.

Ентериерот има специјално дизајнирани седишта со кариран дезен, додека бојата на индструмент таблата е сребрена, исто како и кај првите произведени примероци од овој модел. Спортскиот управувач има елемнти од дрво, што беше карактеристично за овој модел во 1964 година, а целиот автомобил е офарбан во зелената боја "Irish Green" - односно истата боја со која беше произведен првиот официјален примерок на Porsche, кој го поседуваше синот на основачот на Porsche, Фердинанд Порше.
 
 
Се со цел да автомобилот добие поголема уникатност, автомобилот доби неколку посебни карактери, дигитална графика и натписи, кои го означуваат бројот 1.000.000. Јубилејниот примерок не доби само преработки од естетска природа. Агрегатот на овој автомоби е унапреден и сега испорачува 445 коњски сили, благодарение на кои автомобилот од 0 до 100 километри на час, забрзува за само 4,1 секунда.
 
Овој автомобил ќе го добие своето место во музејот кој се наоѓа во Штутгарт, но пред тоа ќе и биде претставен на јавноста, а некои од станиците ќе бидат во Америка, Кина, но и познатата патека Нубругринг во Германија.
 
 
 
 
 
 

Porsche 911
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Занимливости



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил