Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Технологија > Samsung започнува со тестирање на автономни автомобили
 
Spodeli
09 мај 2017, 00:25


Samsung започнува со тестирање на автономни автомобили  Samsung започнува со тестирање на автономни автомобили
Samsung не планира да произведува сопствени автомобили, туку развива технологија која ќе ги подобри можностите и безбедноста на автономни автомобили...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Google со години тестира автономни автомобили, сопствениците на Tesla автомобилите веќе имаат достапен автопилот, на улиците на САД веќе се видени и првите автомобили на кои Apple ја тестира технологијата за автономни возила, а изгледа дека наскоро уште една технолошка компанија ќе започне со јавно тестирање на оваа технологија, а таа е како што претпоставувате, Samsung.
 
Овој јужнокорејски гигант и најголемата мобилна компанија на светот неодамна доби дозвола за тестирање на возила со кои ќе управуваат компјутер, но според изворите на Korea Herald, Samsung нема да произведува сопствени автомобили, туку планираат развој на сензори и компјутерски модули, кои ќе работат благодарение на вештачката интелигенција, пропратени со depp learning технологијата, со која ќе можат да ги подобруваат можностите и безбедноста на автономните автомобили и во најлошите временски услови.
 
За тестирањето на технологијата ќе се користат Hyundai автомобили опремени со камери и сензори, а интересно е што Samsung е дваесетата компанија која доби дозвола за тестирање на автономни возила во Јужна Кореја.
 
Иако официјалните тестирања започнуваат сега, Samsung уште пред две години започна одел за развој на автомобилска електроника, сателитска навигација и системи за автономно возење.
 
Се со цел да се овозможи полесно тестирање на автомобили без возач и технологија која ќе управува со вакви возила, Јужна Кореја донесе некои мерки кои ќе овозможат побрз развој на автономната технологија. Освен што го намалија бројот на патници кои мораат да седат во возилото кое е управувана од компјутер (од два патници на еден), во оваа земја ќе можат да се тестираат и автомобили во кои нема да има волат ниту педала за гас и сопирачки, односно со нив ќе управува само компјутер, без можност за интервенција на возач и превземање на контролата над возилото.
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Технологија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил