Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Маркет / Бизнис > Lada Niva слави 40 години постоење
 
Spodeli
02 мај 2017, 10:40


Lada Niva слави 40 години постоење Lada Niva 4x4 Lada Niva слави 40 години постоење
Рускиот теренец го слави 40-тиот роденден. На здаровје Lada Niva!...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Реките се моделите кои можат да се пофалат дека доживеале четири банки, а речиси да не се драстично променети во изгледот и под хаубата. 

Култната Lada Niva, па какви модификации би му биле потребни на овој убавец?
Инжинерите во VAZ кон крајот на 70-тите години имале задача да креираат автомобил погоден за условите на огромниот и тежок Советски Сојуз. 
 
Lada Niva е претставена во 1977 година, и беше прилично технолошки напреден автомобил кој ги придоби и симпатиите од западната страна на Железната завеса каде што источните автомобили секогаш биле пречекувани со потсмев. Секако, за луксузот во овој автомобил не треба ниту да правиме муабет, бидејќи едноставно го нема.
 
 
Дизајнерите на Lada Niva тврделе дека се воделе по примерот на Renault 5, на подвозјето на Land Rover, а со малку фантазија, и не е толку тешко тој автомобил да го поврзете со Lada Niva.
Во наредните 40 години, Niva ги освои срцата на љубителите на природата, шумарите, ловците, но и off-road ентузијастите ширум светот без никакви значајни промени.
 
Во наредните 40 години Niva ги освои срцата на љубителите на природата, шумарите, ловците и off-road ентузијастите ширум светот без никакви значајни промени.
 
Дизајнот, освен ситните измени, остана непроменет, 1,6 литарскиот бензински мотор од 90-тите е заменет со 1,7 литарски мотор, а едно кратко време во понудата беше и Niva со турбо дизел мотор на Peugeot. Со текот на  времето Niva добиваше и некои дополнителни луксузи, како клима уреди и електрични подигнувачи на стакло Во нашите краишта Lada Niva ужива култен статус, иако поради европските регулативи не се продава како нов автомобил. Во светот на модерните SUV автомобили, Niva е потребен реликт, последниот јавач од старата механичка школа. 
 
 
Повод 40-тиот роденден на Lada Niva, екипата од VAZ подготви две специјални изданија на Niva (односно Lada 4x4 како што се нарекува во матичната Русија): едната се нарекува "Edition", а другата (40th Annimversary", а ќе бидат произведени во 1977 примероци.
Edition Lada 4x4 доаѓа во црвена, бела, кафена и сиво-плава боја со некои ситни измени на ентериерот како што се црвено-виолетовите часовници, ситните елементи од нерѓосувачки челик и еко-кожата, како и лого кое потсетува на годишнината.
40th Anniversary моделот ќе доаѓа во камуфлажен дезен со црни седишта и бели шефови и секако посебно лого.
 
Специјалните верзии ќе бидат достапни во државите каде што Lada Niva се уште може да се купи како нов автомобил, а официјално во продажба ќе се најдат во јуни.
 

Lada Niva 4x4
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Маркет / Бизнис



 
 
 
 






Одберете нов автомобил