Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Маркет / Бизнис > Daimler започнува со отворање на AMG продажни салони
 
Spodeli
27 април 2017, 06:30


Daimler започнува со отворање на AMG продажни салони Mercedes-Benz AMG GT Daimler започнува со отворање на AMG продажни салони
Во почетокот на оваа година, во Токио е отворен првиот самостоен AMG продажен салон, а Daimler корпорацијата веќе најавува слични објекти и во Сиднеј, Шангај и Абу Даби....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Малкумина знаат дека уште на почетокот на годината, во Токио е отворен првиот продажен салон за Mercedes автомобили со ознаката AMG. 

Иако веста за отворањето помина релативно незабележно во светските автомобилски медиуми, тоа е првиот чекор на Daimler корпорацијата кон самостојност на Mercedes-AMG огранокот во однос на матичниот Mercedes-Benz.
 
После Јапонија, Daimler најави отворање на AMG продажни салони во Сиднеј, Шангај и Абу Даби, а како што пренесуваат британските медиуми, отворањето на првиот таков центар во Велика Британија е само прашање на време.
 
 
Она што е важно за нагласување е дека салонот на AMG мора да се наоѓа во близина на продажно-сервисниот центар на Mercedes, имајќи во предвид дека ќе се делат сервисните погони, се со цел самиот потфат да биде рентабилен.
 
Главната причина во одвојувањето на продажните салони лежи во далеку поголемиот профит од AMG возилата, што се потврди и во Јапонија, во кој, иако е речиси шести пазар по ред за AMG, минатата година забележи раст на продажбата од дури 21%. 
 
Генерално гледано, растот на популарноста и продажбата на AMG брендот во последните години драстично скокна, а само во 2015 година е забележан раст од цели 44%, што вкупно изнесува околу 100.000 продадени примероци.
 
 

Mercedes-Benz AMG GT
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Маркет / Бизнис



 
 
 
 






Одберете нов автомобил