Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Награди > Suzuki Baleno - Автомобил на годината во Македонија според финалистите
 
Spodeli
21 април 2017, 11:12


Suzuki Baleno - Автомобил на годината во Македонија според финалистите Suzuki Baleno Suzuki Baleno - Автомобил на годината во Македонија според финалистите
Уште едно големо признание за Baleno. Во конкуренција на Peugeot 3008, Kia Sportage, Renault Megane, Citroen C3, Seat Ateca и Toyota CH-T, претставниците на компаниите финалисти го дадоа својот глас. Интересно, најмногу гласови собра токму Baleno...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

А, не треба ни да чуди. Совршениот SHVS мотор нуди и сила и еластичност, a и потрошувачка од само 5 литри, а внатрешниот простор е изненадувачки голем во однос на димензиите однадвор. Секој автомобил што е интелигентно конструиран, порано или подоцна, ги освојува симпатиите на секој кој има можност да го запознае. Baleno е автомобил кој по димензии е во класата на Polо и Fiesta, но нуди комфор и квалитет на возење како автомобил од повисоката класа. Должината е помала од 4 метри, но благодарение на најдолгото меѓуоскино растојание во класата, во кабината има најмногу простор за патниците и на предните и на задните седишта.

Новиот Boosterjet бензинец со зафатнина од 1.0 литри е целосно нов агрегат со директно впрскување и турбо полнач, кој постигнува исклучително ниска потрошувачка и одлични перформанси, што е постигнато благодарение на малата зафатнина и турбо полначот со висок вртежен момент.
 
1.0 Boosterjet агрегатот во Baleno постигнува сила од 112 КС и вртежен момент од 170 Nm, а ќе биде достапен со 5-степен мануелен менувач и новоразвиен 6-степен автоматски менувач.
 
Baleno е достапен со напредни активни системи, со кои ќе бидете сигурни дека секогаш автомобилот ќе забави навреме, дури и во случај вие да не изреагирате или не видите дека автомобилот напред застанал.
 
А, новата платформа на Suzuki носи радикални промени и подобрувања, со цел постигнување пониска маса и повисока цврстина на каросеријата. Многу структури во рамката се специјално дизајнирани за да се намали можноста за деформација, што придонесува за подобра дисперзија на енергијата при судир и намалување на стресот во самата кабина.
 
 
 
Споредено со претходната платформа, цврстината е зголемена за 10%, додека масата е намалена за 15%, а благодарение на користење на скелетна структура во дизајнот на рамката. Додатно на ова, оптимизирани се и сите други градбени делови со цел намалување на вибрациите и ударите во кабината, што оддава чувство на солидност и робусност.
 
Изненадувачки комфорниот ентериер и најголем во класата багажен простор од 355 литри се атрибути кои многу купувачи во Македонија веќе ги препознаа, па затоа одлуката помеѓу простор и стил никогаш не била полесна, затоа што со Baleno тие доаѓаат заедно. Baleno е достапен веќе од 10.900 Евра, во GL ниво на опрема. 
 
 
Како и во секој модел на Suzuki, и првото ниво на опрема нуди многу опрема. Кај Baleno, во GL ниво, еве што добивате:
  • Серво управувач
  • Кожен управувач со аудио команди
  • Управувач подесив по висина
  • Клима уред
  • 6 воздушни перници
  • ABS + EBD
  • ESP -Систем за контрола на стабилноста на возилото
  • TCS - Систем за контрола на влечна сила
  • Помош при изненадно сопирање
  • USB конекција
  • Радио CD MP3 WMA со 6 звучници
  • Bluetooth контроли на управувачот
  • LED дневни светла вградени во преден браник
  • Функција на светла “Guide me light”
  • Автоматски светла
  • Рачки за врати и ретровизори во боја на каросерија
  • Далечинско централно заклучување
  • Патен компјутер
  • Светла за магла позади
  • Електрика на ретровизори со грејачи
  • Електрика на предни прозори
  • Хромирана предна маска
  • Возачко седиште подесиво по висина
  • Индикатор со препорака за степен за пренос
  • Индикатор за низок притисок во пневматици
  • Делива задна клупа 60:40
  • Систем за заштита од кражба, Имобилизатор
  • Филтер за полен
  • Isofix за детско седиште
  • Алуминиумски бандажи 16” само кај 1.0 Boosterjet
  • Hill Hold само кај (AT/CVT)
  • Спојлер и хромирана лајсна на 5-та врата
  • Сет за поправка на пневматици
 
 

Suzuki Baleno
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Награди



 
 
 
 






Одберете нов автомобил