Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Награди > Најдобар и најубав - Jaguar F-Pace убедлив победник на World Car Awards 2017
 
Spodeli
19 април 2017, 23:52


Најдобар и најубав - Jaguar F-Pace убедлив победник на World Car Awards 2017 Jaguar F-Pace Најдобар и најубав - Jaguar F-Pace убедлив победник на World Car Awards 2017
Jaguar F-Pace е добитник на наградата за Светски автомобил на годината, како и најубаво дизајнирано возило во 2017 година...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Jaguar F-Pace е официјално прогласен за најдобар и најубав автомобил на светот за оваа година, откако постигна двоен успех на World Car Awards во Њујорк, земајќи ја престижната титула World Car of Year (светски автомобил на годината) и World Car Design of the Year (светски најубав дизајн на годината). Да би ги освоил овие два трофеја, F-Pace во текот на натпреварот помина низ суд од 75 влијателни автомобилски новинари од 24 земји.

 
Доктор Ралф Спет, CEO на Jaguar Land Rover корпорацијата, изјави: "F-Pace е дизајниарн и конструиран како СУВ со неверојатни перформанси, наменет за сите услови, со смел изглед. Сепак, освојувањето на овие награди го овозможи талентот и работата на нашите тимови кои го креираа најпрактичниот спортски автомобил на светот!".
 
Да би ја освоил оваа награда за најубав дизајн на годианта, F-Pace во финалето се сретна со кабриолетот Mercedes-Benz од S класата и Toyota C-HR, додека за World Car of the Year наградата, триумфираше над финалистите Audi Q5 и Volkswagen Tiguan. F-Pace е најбрзо продаваниот модел кој Jaguar го произведе, а е второ возило кое ги зема двете  титули за 13 години долгата историја на World Car Awards.
 
 
Мајк Рутфорд, директор и потпретседател ан World Car Awards, изјави дека F-Pace го направил невозможното за да ги освои двете награди, а дека Jaguar и негоите талентирани работници победиле далеку поголеми и побогати европски, азиски и северноамерикански ривали.
 
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Награди



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил