Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Пристигнаа и AMG верзиите на GLC - Mercedes AMG GLC 63 и GLC 63 Coupe
 
Spodeli
09 април 2017, 12:31


Пристигнаа и AMG верзиите на GLC - Mercedes AMG GLC 63 и GLC 63 Coupe Mercedes-Benz GLC Coupe SUV Пристигнаа и AMG верзиите на  GLC - Mercedes AMG GLC 63 и GLC 63 Coupe
После верзијата GLC 43 AMG, Mercedes ја претстави и посилната GLC 63 верзија, и тоа како во класична СУВ, така и во Coupe форма....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Семејството на AMG модели во рамките на СУВ гамата на Mercedes продолжува да се шири, а најновиот модел во понудата пристигнува од GLC линијата. Во прашање се два автомобили, класичен теренец GLC 63 4MATIC+, како и неговата Coupe верзија GLC 63 Coupe 4MATIC+, која официјалната премиера ќе ја има на претстојниот автомобилски саем во Њујорк.

Под хаубата на овие модели се наоѓа веќе познатиот 4,0 литарски V8 твин-турбо AMG мотор кој во основната верзија ослободува 476 коњски сили и 650 Nm вртежен момент, додека во посилната еволуција, наменета за "S" верзиите, има моќност од 510 коњски сили и 700 Nm вртежен момент.
 
 
Визуелно, новата AMG верзија во однос на послабите модели GLC 43/GLC 43 Coupe најлесно може да се разликува, пред се, поради поинаквата маска за ладилникот, таканаречената Panamericana, со вертикални решетки, која за прв пат е применета кај суперспортскиот GT R модел, а тука се и V8 турбо ознаките на бочните страни.
 
Она што е интересно да се спомене е дека новите модели пристигнуваат со нов, 9-степенска автоматска трансмисија, која се наоѓа и кај E 63 AMG, а не со 7-степенски Speedshift MCT менувач кој го поседува C-класата C63 AMG, на основа на која се базирани СУВ моделите.
 
 
Перформансите се уште не се официјално соопштени, но се шпекулира дека најсилната "S" верзија, до 100 километри на час би требало да стигнува за 4,0 секунди, додека максималната брзина, веќе традиционално, е електронски лимитирана на 250 километри на час.
 
Почетокот на продажбата е закажан за средината на јуни оваа година, додека првите испораки се очекуваат во текот на септември. Точните цени се уште не се познати, но ќе бидат, најверојатно во текот на следната недела, кога овие два автомобили и официјално ќе бидат претставени на Саемот за автомобили во Њујорк.
 
 
 
 
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил