Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1        WRC       MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > WRC > WRC 2017 MEXICO: Kris Meeke во спектакуларен McRae стил
 
Spodeli
09 април 2017, 12:19


WRC 2017 MEXICO: Kris Meeke во спектакуларен McRae стил  WRC 2017 MEXICO: Kris Meeke во спектакуларен McRae стил
Британецот Kris Meeke е третиот победник во исто толку релија оваа сезона, но начинот на кој успеа да дојде, или подобро кажано, да ја задржи водечката позиција до крај, влезе во историјата на WRC натпреварувањето....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Доколку, после цела деценија откако трагично не напушти Колин МекРае, може да се каже дека легендарниот Шкотланѓанин има свој духовен наследник, тогаш тој секако е Kris Meeke, кој можеби не е најбрз, но секако е најконстантен, а кој дефинитивно знае да ги изненади сите оние кои го отпишаа, а посебно во самиот финиш, да предизвика инфаркт кај половина од своите фанови и механичари.

Доколку не го гледавте директниот пренос на последната етапа на релито во Мексико, поточно Power Stage 19, која е долга само 22 километри, но носи дополнително поени за шампионат, не знаете колку стрес сте пропуштиле, кога последниот на стартот и првопласираниот во релито Мексико, Kris Meeke, на неколку кривини пред целта, изгуби контрола над својот Citroen C3 и излета надвор од патот.
 
 
На негова голема среќа, автомобилот не претрпе големи оштетувања, освен дупната гума, а темпераментниот Британец инцидентот толку го збуни, да во момент не знаеше кај се наоѓа, па започна да вози во спротивна насока за потоа да тргне по импровизиран паркинг за гледачи, се додека не го пронајде вистинскиот пат.
 
Предноста која во претходните 18 брзински испити ја стекна беше на негова голема среќа, и беше таман доволна да го покрие ова излетување, што на крај, релито го заврши со 13,8 секунди предност над одличниот Себастијан Огиер во Ford Fiesta RS, кој благодарение на овие бодови, повторно ја превзема водечката позиција во шампионатот.
 
Белгиецот Тери Њувил во Hyundai i20 се најде на третото место, додека четвртото го превзеде константниот Естонец Отт Танк, донесувајќи и на екипата M-Sport Ford нови важни бодови.
 
Вториот возач на Hyundai, Хајден Падон на целта пристигна како петти, додека позади него се најдоа двете фински посади на Toyota - Јари Мати Латвала и Јухо Ханинен. Солидниот настап на Hyundai го потполни Шпанецот Дани Сордо, со освојување на осмото место.
 
 
 
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од WRC



 
 
 
 






Одберете нов автомобил