Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Новиот Suzuki Swift - Премиера
 
Spodeli
02 април 2017, 16:49


Новиот Suzuki Swift - Премиера Suzuki Swift Новиот Suzuki Swift - Премиера
Како резултат на преставувањето на домашниот, јапонски пазар при крајот на 2016та година, Suzuki Motor Corporation во Женева 2017 го презентираше и европскиот Swift, окарактеризивајќи го како новиот глобален супермини. ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Во себе го носи DNK генот на  Swift, a со значително новиот стајлинг и новата исклучително лесна платформа носи и зголемувањето на перформансите со напредни безбедносни технологии. Резултат од овој сублимат е европски дизајн и екстериер надополнет со спортски и функционален ентериер, пргаво и агилно возење кое, сепак делува смирувачки.
 
Во прилог на својот надворешен дизајн се и компактните димензии од само 3.840 mm во должина. Новиот Swift е окарактеризиран со одлична видливост, пространа кабина и задоволителен багажен простор. 
 
 
Развојната цел беше да се создаде нов уникатен и секси дизајн, кој Suzuki со новиот Swift несомнено го постигна. Swift e многу важен и популарен модел во својата категорија, кој има достигнато продажба од високи 5.4 милиони на глобално ниво за период од помалку од 12 години, што е резултат неспоредлив со било кој друг модел од гамата на Suzuki.
 
 
Нова генерација на платформа  'HEARTECT'
 
Според развојниот план на Suzuki 'SUZUKI NEXT 100' кој беше најавен и презентиран на Саемот за автомобили во Франкфурт во 2015 година, Suzuki разви нова платформа и стратегија за правецот во кој би се движеле нивните модели во иднина, па Swift е третиот во низата (по Baleno и Ignis), кој ја присвои и воедно ја презентираше новата генерација на платформи во Европа.
 
Новиот Suzuki Swift е базиран на новата генерација платформи "HEARTECT", која обезбедува подобрување на основните перформанси на возилото поради нејзината намалена тежина и цврстина. Сеопфатната реорганизација на структурата и компонентата распореденост на подвозјето резултира со донесување на многу цврста рамка која ја подобрува безбедноста при судири.
 
 
Оваа нова платформа на новиот Swift, сега е за 30 kg е полесна од претходниот модел, со што целокупната тежина на автомобилот изнесува само 890 kg (SZ3 модел), што го прави 120 kg полесен од неговиот претходник.
 
Новиот Swift е 10 mm пократок од претходникот, дедека неговото меѓуоскино растојание е подолго за 20 mm, со што се создава поголем внатрешен простор вклучувајќи и 25% повеќе товарен капацитет од 254 L, или 54 литри повеќе од досегашниот модел. Новиот модел е исто така понизок за 15 mm и поширок за 40 mm. Покрај овие податоци, интересно, европската изведба на Swift има поширок преден и поширок задел дел од јапонската изведба.
 
 
Аспекти на стил и иновации, зад новиот Swift
 
Развојот на надворешниот дизајн на новиот Swift беше врз концептот на “храбрата еволуција на генот на Swift“. 
 
Иако беа употребени елементи за смело освежување и трансформирање во иновативен нов автомобил, клучни напори беа направени за задржување на карактеристичниот стил и идентитен на моделот.
 
 
Подобрено пренесени елементи вклучуваат и силни, затворени А-столбови, вертикално поставени предни и задни светлосни групи. Swift сега нуди повеќе емоционален настап задно со мускулестиот и добро опремен изглед. Неговото тело сега е пократко, пониско но и пошироко, додека широката и агресивна предна маска, се вклопува во подршка на самиот браник и заедно го комплетираат изразот на сила. 
 
Самиот изглед и нискиот центар на гравитација е дополнително истакнат со затворени надворешни столбови кои даваат изглед на лебдечки покрив. Столбовите кои се поставени на самите рачки од вратите додаваат стил и спортски талент, додека модерниот и технолошки изглед го дополнуваат LED осветлувањата употребени на предната и задна светлосна група.
 
 
Паметно спакувано
 
Во процесот на дизајнирање на ентериерот, пониско поставените седишта имаат за цел да обезбедат повеќе простор за глава (исто како и моделот кој е во заминување што е случај само за предните седишта) и обезбедите дополнителни 22 mm вертикален и страничен простор за задната клупа дополнително нудат простор по ширина. Предните седишта се разместени нанадвор за 10 mm со што се зголемува растојанието меѓу нив за 20 mm. 
 
 
 
Кога сме кај внатрешноста, добро е да се споменеат и измените на централната конзола која сега е насочена спрема возачот за дополнителни пет степени. Управувачот е резултат на новиот дизајн “D” и LED автоматски клима уред.
 
Со одобрување на стратегијата за нова платформа на Suzuki, ги минимизираат големината на моторниот простор со што се овозможува максимизирање на просторот за патниците во кабината и багажниот простор.
 
 
Развојот на новиот Swift, преку своите искуства во Европа
 
Со цел да се прилагодат на потребите на европските потрошувачи, од Suzuki знаеја дека едноставното дизајнирање и развојот на новиот модел во Јапонија нема да биде доволно. По што, нивните екипи го тестираа новиот модел низ локалните патишта по Европа, искуство кое многу помогна во целосно “избрусување” новиот автомобил. Перфекцијата се содржи во деталите. 
 
Тестирањето на шасијата, што воедно е и централниот дел на еволуцијата на новиот Swift, започна уште во Јануари 2016та во Велика Британија и Германија. 
 
 
Опфаќајки речиси 10.000 km, тимовите тестираа над 90 различни прототипови на суспензии, се со цел да се задоволи потребата за оптимално управување и чуството за заедничкно обезбедување на еластична и агилна суспензија за различни патишта. 
 
 
Спецификациски карактеристики
 
Стандардна опрема за сите модели е во опсегот и на моделот SZ3 со 1.2 литарски Dualjet бензински агрегат и мануелен менувач кој ќе вклучува шест воздушни перничиња, клима уред, кожен волад, DAB радио со Bluetooth и четири звучници, тонирани задни прозорци, LED дневни светла, 15 – инчни тркала, ретровизори во боја на каросерија и предни електрични прозорци.
Моделот SZ-T пак, е достапен со 1.0 литарски Boosteerjet мотор и мануелен менувач со кој доаѓа и задна камера за паркирање, тач скрин дисплеј аудио. 16 инчни алуминиумски тркала и светла за магла. SZ5 моделот вклучува дополнителен автоматски клима уред, сателитска навигација, напреден систем за фронтална детекција на удар, електрични задни стакла и Keyless влегување.
 
 
Boosterjet технологија
 
По премиерното преставување на 1.0-литарскиот три цилиндричен Boosterjet агрегат во Baleno во јуни, и S-Cross во октомври 2016та година, оваа технологија на мотори сега е проширена и со употреба во новиот Swift. Истовремено нуди исто ниво на моќ и вртежен момент од мотори со многу поголем капацитет (1.7-1.8), што обезбедува вистинско задоволство при возењето. Овој агрегат има моќност од 112 КС и е директно турбо вбризгување (DITC). Ова е многу компактен мотор кој нуди 170 Nm  вртежен момент на располагање од 2.000 rpm до 3.500 rpm за мануелна трансмисија.
 
 
1.2-литарски Dualjet
Suzuki за прв пат го престави својот 1.2-литарски (K12C) Dualjet технологија во 2014 година, првично во Swfit , а потоа и кај Baleno, во јуни 2016та. Накратко, Dualjet технологијата за мотори на Suzuki, користи двојни инјектори, со што се намалува потрошувачката на гориво. Користејќи го Dualjet дизајнот, каде што вбризгувачите на гориво се близу до влезните вентили на моторот, овозможува пофина атомизација на горивото. Максималната моќност е 90 КС со вртежен момент од 120 Nm при 4.400  rpm. Забрзувањето од 0-100 km/h е за 11,9 секунди за SZ3 2WD и 12,6 секунди за моделот SHVS ALLGRIP.
 
SHVS
SHVS преставуа полухибриден систем, компактен и лесен кој вклучува интегриран генератор познат како (ISG) кој делува двојно, како стартер и генератор истовремено, ISG всушност преставува ремен кој му помага на возилото при поаѓање и забрзување, кој истовремено генерира електрична енергија при регенеративно сопирање. Во новиот Swift, SHVS е достапен заедно со Boosterjet за прв пат и резултира со емисија  од само 97 gkm CO2.
Помошта на силата која доаѓа при забрзување, му овозможува на SHVS системот да биде попознат како благ хибриден систем кој е идеален за компактен автомобил и на вкупната тежина на автомобилот влијае со дополнителни 6,2 kg.
 
4WD (ALLGRIP AUTO)
Новиот Suzuki Swift го носи и системот со погон на четири тркала на Сузуки, познат како “ALLGRIP AUTO”  и е достапен како опција за моделот на SZ5 со 1.2-литарски мотор. Прв пат беше имплементиран во претходната генерација на Swift во 2014, добро докажан систем со погон на четири тркала, кој преку вискозна спојка го пренесува дополниот вртежен момент на задните тркала кога е потребно.
 
 
 
Напреден систем за детекција на судир
 
Новиот Swift SZ5 е одликуван со употреба на напреден систем за детекција на судир, комбиниран со монуколарна камера и ласерски сензор со напредни безбедносни функции, вклучувајќи автономно сопирање при итни случаи, предупредување при напуштање на возна лента и заштита од долги светла. Овој напреден систем исто така користи радар кој мери милиметарски бранови кој овозможува адаптивно крстарење.
 
 
Напредниот систем за детекција на судири ја користи монуколарната камера поставена на средината за откривање и препознавање на сообраќајни елементи, вклучувајќи ги пешаците и возните ленти. Ласерскиот сензор е супериорен во следење на опасностите при намалено растојание и ноќно возење.
 
 
Двоен сензор за поддршка за сопирање (DSBS)
 
Напредниот систем за детекција на судири е составен од голем број на безбедносни технологии, меѓу кои е двојниот сензор за поддршка за сопирање (DSBS). Со (DSBS), при брзини од 5 km/h до 100 km/h  и ако предвидува ризик од судир, издава аудио и визуелно предупредување. Ако постои ризик од судир со пречка напред и возачот не реагира навремено, системот активира автоматско запирање. Во случај на поголем ризик, системот целосно го запира возилото, во обид да се избегне судир или да се намали штетата.
 
 
Напреден мултифункционален дисплеј
 
Моделот SZ5  е опремен со 4,3-инчен LCD екран во боја со висока резолуција, покажува голем број на информации, вклучувајќи ја силата на моторот и податоци за вртежниот момент, потрошувачката на гориво, просечната брзина, забрзување и работа на сопирачките, како и следење на G-силата. За моделот SHVS е исто така вклучени дијаграм на проток на енергија.
 
 
 
Дисплеј аудио, навигациски и смарт систем
 
Аудио системот за двата модели SZ-T и SZ5 има опција за поврзување на смарт телефон (SLDA), со голем екран на допир од седум инчи кој овозможува интуитивно ракување и исто така може да се користи со ракавици. 3D навигацијата овозможува лесно воочување на сите знаменитости. Исто така овозможува да се користат одредени апликации на смарт телефон со MirrorLink, Android Auto и Apple CarPlay врска.
 
Димензии
Должина: 3,840mm
Ширина: 1,735mm
Висина: 1.495mm (2WD) 1.520mm (4WD)
Меѓуоскино растојание: 2.450mm
 
 
 
 



Suzuki Swift
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил