Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Супер автомобили > Кои се 5те најдобри суперавтомобили денес?
 
Spodeli
02 април 2017, 16:34


Кои се 5те најдобри суперавтомобили денес?  Кои се 5те најдобри суперавтомобили денес?
Денес на пазарот на автомобили се појавија многу импресивни суперавтомобили како Ferrari 488, Bugatti Chiron, дури и Ford го оживеа легендарниот GT. ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Прашањето е како да измериме кој е најдобар од целата лепеза на суперавтомобили? Дали можеби брзината е клучна за изборот? Или можеби евтиното одржување? Секако нема да можеме да ги опфатиме сите затоа ќе спомнеме само некои врвни во својата класа:

 
MCLAREN 650S
 
 
Импресивен знаменосец. Почнувајќи од 230.000 евра и тоа за основниот модел со Twin-Turbo 3.8 L V8 мотор, овој модел до 100 km/h стигнува за нешто помалку од 3 секунди. Ако решите да возите повеќе од тие 3 секунди ќе ви треба нешто помалку од 30 секунди за да ја постигнете неговата максимална брзина од 330 km/h. По она што го издвојуваме McLaren е аеродинамиката која што ве држи на пат додека рушите скоро една четвртина од брзината на звучниот ѕид. Downside - гепекот е малечок за вашата актовка кога се враќате од бизнис состанок. 
 
FERRARI 488 GTB
 
 
Како долгоочекуван престолонаследник на еднаш прогласениот за најдобар спортски автомобил - Ferrari 458, доаѓа новото Ferrari 488 GTB. Треба да се запрашате дали навистина оние 200.000 евра што ви лежат на сметка не треба да ги потрошите за ваков ѕвер? Од McLaren-от не се разликуваат многу, од 0 до 100 километри на час потребни се околу 3 секунди, максималната брзина е идентична, дури и моторот е малку поголем, односно 3.9 L V8. Ferrari е оној дедото што има највеќе искуство за правење спортски автомобили и воопшто не се воздржува да позајмува технологија од Formula 1. Дефинитивно до крајот на животот мора да се најде во вашата гаража.
 
PORSCHE 911 GT3
 
 
Ах, Порше! Некогаш склопуваа тенкови, а кога погледнеме ни денес се нема сменето многу и се уште произведуваат монструми. Монструмот којшто го крстија 911 GT3 е врвот од различните 21 модел на 911 и го зазема тронот од најсимболичниот модел на Porsche. Има 500 КС, до 100 забрзува за неполни 3.4 секунди и крајната брзина е 318 km/h. Фактот што е малку побавен од другите не треба да ве загрижува освен ако во Македонија успеете да најдете пат каде што ќе кренете толку брзина без да ве исфрли некоја дупка од патот. Почетната цена е 120.000 евра и за тие пари дефинитивно ќе го имате најбрзото Porsche во Македонија. 
 
AUDI R8
 
 
Можеби го читате текстот и си мислите: „Додека VW не направат суперавтомобил не купувам“! Денес е вашиот среќен ден! Единствено различно е наместо VW знакчето има Audi. Предаторот R8, најмладиот но најветувачкиот суперавтомобил на пазарот. Моментално веќе со нов модел каде што го укинаа послабиот V8 (не е тоа тоа), со почетна цена од 166.000 евра може да го купите најквалитетниот Audi V10 со 5.2 L мотор и вчудоневидувачки 610 коњи, повеќе од претходните суперавтомобили. Со најмала потрошувачка од сите суперавтомобили и минималистичкиот ентериер ништо не може да ви го попречи уживањето.
 
ASTON MARTIN VANQUISH S
 
 
Ако сакате да личите на таен агент, тогаш ова е вистинскиот автомобил за вас! Носи најголем мотор од сите во оваа конкуренција, 6.0 L V12 каде што се спакувани 595 коњчиња, забрзува до 100 за 3.4 секунди и максимална брзина му е 325 km/h. Меѓутоа, треба да се запрашаме кои се тие луѓе што можат да си дозволат ваков автомобил од 250.000 евра. За претходните модели можеби ќе видиме реклама или некое видео кај растураат по некоја патека, меѓутоа астонот нема да го најдете таму. Астонот ќе го најдете на некој пат, како некое митско суштество ќе се појави еднаш и за еден миг ќе го снема, а вие ќе останете да сонувате како би било да се биде зад воланот на овој автомобил. 
 
Бонус, да не се пет, нека бидат 6
 
NISSAN GTR
 
 
Додека другите автомобилски марки се натпреваруваат кој може да ја повлече најдолгата линија во дизајнирањето или какво амбиентно осветлување има, Јапонците градеа Гоѕила. Прекарот “убиец на Bugatti” и тоа како го има заслужено со неверојатни 2.7 секунди забрзување до стотка. Придвижуван од погон на сите тркала достигнува максимална брзина од 313 km/h. Сето горенаведено е вклучено во основниот модел којшто чини само 100.000 евра. Гоѕилата има дадено повеќе од доволно причини да биде забранет во неколку земји во светот, вклучувајќи ја и Америка.
 
Можеби не се согласувате со оваа листа, но не тагувајте, светските производители секоја година работат на нови суперавтомобили од вашите соништа.
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Супер автомобили



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил