Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Маркет / Бизнис > BMW пушта нови 40 модели до крајот на 2018 година
 
Spodeli
02 април 2017, 16:28


BMW пушта нови 40 модели до крајот на 2018 година BMW X3 BMW пушта нови 40 модели до крајот на 2018 година
Авганистанци - радувајте се! Пристигнуваат нови 40 модели на BMW, и тоа во период од само една година! Да, 40 модели за една година...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Хиперактивните баварци со пораснати акции, не спремаат за нова перверзија за секој тип на човек на планетата, од еским до африканец, од мајка со 4 деца и 5-то на пат до млад фраер со спуштен кров и прозорци. 

Еден од челниците на Баварската компанија, Харалд Кругер се пофали пред светската јавност дека имаат продадено 2.367.603 возила во 2016, што е 5% повеќе од минатата година. И да не сте го слушнале Харалд Кругер, сигурно ги имате слушнато среќните восклици на акциониерите радувајќи се на мрсната дивиденда.
 
Веќе на улица гледаме цела призма на модели од најубавите купеа како што се М4, М6, класичната 5ка, џиповите како Х3 и Х5 кои што можеби не се продаваат на пазарот како нивните конкуренти ML и останати 7 џипови од Mercedes, меѓутоа треба да се запрашаме дали навистина на светот му требаат грдотии како што се BMW 2 Grand Tourer. 
 
Сепак баварците сериозно напаѓаат во SUV категоријата со нивната X серија и тоа со X7 како шлаг на тортата. Секако, иднината доаѓа со електрификација на многу модели и долгоочекуваниот i8. Дали ќе успее BMW да го симнe Mercedes од тронот, ќе оставаме на времето да покаже. И секако, на инженерските тимови.   

BMW X3
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Маркет / Бизнис



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил