Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
 
Насловна > Новости > Електрични автомобили > Првиот целосно автономен BMW од 2021-ва
 
Spodeli
20 March 2017, 10:35


Првиот целосно автономен BMW од 2021-ва  Првиот целосно автономен BMW од 2021-ва
Храбри најави стигнуваат од BMW. Од компанијата и официјално потврдија дека во 2021ва планираат да нлансираат целосно електричен модел кој ќе биде достапен и со т.н. 5-ти степен на автономија, што значи ќе се работи за возило кое целосно ќе може да управува самостојно, т.е. без возач...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Лично претседателот на одделот за автономно управување на BMW, Elmar Frickenstein ја сподели оваа информација, кој додаде и дека предводникот на оваа моделската линија на своите корисници ќе може да им понуди и избор помеѓу трет, четврти и веќе споменатитот петти степен на автономно управување, а секако ќе биде понудена и класичната верзија кога возачот си го вози автомобилот. 

BMW уште од претходно потврди дека во развојот на автомобил со самостојно управување работи со партнери како Intel, Mobiley, а напредокот на технологијата во оваа индустрија е таков што веројатно тие што се родени овие години никогаш нема да видат возачка дозвола. 
 
Замислете, купувате BMW, автомобилот што нуди најголемо возачко уживање, ама не го возите вие. Со тоа и слоганот ќе треба да си го смени BMW. Нема да биде повеќе Ultimate Driving Machine, веројатно нешто како Ultimate Passenger Machine.
 
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Електрични автомобили



 
 
 
 






Одберете нов автомобил