Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Audi ја потврди премиерата на новиот A8, за 11 Јули
 
Spodeli
20 март 2017, 10:33


Audi ја потврди премиерата на новиот A8, за 11 Јули Audi A8  Audi ја потврди премиерата на новиот A8, за 11 Јули
На своето годишно собрание, од Audi и официјално информираа дека премиерата на новиот A8 Ќе се одржи на 11 јули на Audi Summit-от во Барселона....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Актуелната, трета генерација на пазарот е присутна веќе од 2009-та година. Развојот на четвртата генерација трае веќе подолго, што значи дека во Audi сериозно се подготвуваат во борба со С Class и BMW 7, и секако новите поголеми Lexus модели. Најголем напредок се очекува во однос на безбедноста, infotaintment-от, како и на разните состави за помош на возачот, вкучувајќи и состав за автономно управување. 
 
A8 ќе се темели на MLB Evo платформата која ќе биде една од главните причини за намалување на масата на возилото, иако надворешните димензии треба малку и да пораснат. Врвот на понудата ќе ја чини мотор кој треба да развива 600 КС со 900 NM обртен момент, слично како кај Bentley Bentayga
 
S8 би го покренувал 4.0 литрен bi-turbo V8, истиот од Panamera Turbo, кој развива сила од 550 КС, со најголем обртен момент од 770 NM. Секако, во понудата ќе има и plug-in hibrid изведба, а љубителите на дизел на располагање ќе имаат некоклу мотори, од кои најсилниот би бил 4.0 V8 TDI од моделот SQ7.
 
Во однос на дизајнот, не треба да се очекуваат премногу новости, без оглед на разните концепти што може да ги видиме во меѓувреме, пред се концептот Prologue. Новиот A8 би требало да го претстави следниот чекор во еволуцијата на препознатливите и веќе допадливите семејни линии на Audi, кои се истовремено спортски и елегантни. Со други зборови, Audi секако дека ќе игра на сигурно, особено кога се работи за надворешниот дизајн. 
 
 
Поголеми промени се очекуваат во внатрешноста на автомобилот, кој ќе биде првиот модел што ќе ја добие втората генерација на виртуелен кокпит на Audi. Во однос на понудата на простор и користени материјали, нема што многу да се трошат зборови, секако дека ќе бидат на врвно ниво, сепак се работи за автомобил во врвот на премиум класата.
 
За тие што се нетрпеливи и со спремен кеш, информација дека продажбата би почнала на крајот од оваа година. 
 
 

Audi A8
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил