Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Награди > Познати финалистите за Светски автомобил на годината
 
Spodeli
16 март 2017, 00:07


Познати финалистите за Светски автомобил на годината  Познати финалистите за Светски автомобил на годината
Објавени се автомобилите кои влегуваат во финалниот избор за Светски автомобил на годината. Она што е сигуирно е дека главната награда ќе оди кај SUV модел, затоа што сите три финалисти се SUV модели – Audi Q5, Jaguar F-Pace и Volkswagen Tiguan. ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Да потсетиме, најдобар автомобил во Европа за оваа година исто така е SUV – Peugeot 3008, кој тукушто се закити со оваа награда.

 
Тоа значи дека за престижната награда отпаѓаат Audi Q2, Fiat / Abarth 124 Spyder, Honda Civic, Mazda CX-9, Skoda Kodiaq и Toyota C-HR. 
 
 
 
 
За Најдобар премиум-автомобил ќе се борат BMW 5 Series, Mercedes-Benz E-Class и Volvo S90/V90, што значи дека отпаѓаат Bentley Bentayga и Genesis G90.
 
 
 
 
 
Кандидати во категоријата Спортски автомобил на годината се Audi R8 Spyder, McLaren 570S и Porsche 718 Boxster/Cayman, а отпаѓаат Aston Martin DB11 и Honda/Acura NSX. Штета за Aston Martin. 
 
 
 
 
За Македонскиот пазар интересно е да се види кој ќе биде прогласен за градски автомобил на годината, каде финалисти се BMW i3 (94 Ah), Citroen C3 и Suzuki Ignis  ( отпаднаа Ford Ka + и Smart Cabriolet).
 
За C3 и Ignis веќе пишувавме. Тоа што се во најтесен избор за градски автомобил на годината е само потврда на нашите импресии и од двата автомобили. 
 
 
 
 
За Зелен автомобил на годината останаа да претендираат Chevrolet Bolt, Tesla Model X и Toyota Prius Prime, откако Honda Clarity Fuel-Cell Car и Hyundai Ioniq го напуштаат натпреварот.
 
 
 
 
Интересно, има и награда за дизајн на годината, каде титулата ќе ја понесе еден од следните автомобили - Jaguar F-Pace, Mercedes-Benz S-Class Cabriolet и Toyota C-HR. 
 
 
 
 
Победниците ќе бидат познати во текот на саемот во Њујорк во април, а тие се добиваат со гласање од страна на 70 автомобилски новинари од 25 земји.
 
Еве го и жирито. Таа тетката во жолто не ја познаваме, но тоа не значи дека не сме заинтересирани да видиме каков ќе биде нејзиниот глас. 
 
 
2017 World Car of the Year

AUDI Q5
JAGUAR F-PACE
VOLKSWAGEN TIGUAN

2017 World Luxury Car

BMW 5 SERIES
MERCEDES-BENZ E-CLASS
VOLVO S90 / V90

2017 World Performance Car

AUDI R8 SPYDER
MCLAREN 570S
PORSCHE BOXSTER CAYMAN

2017 World Green Car

CHEVROLET BOLT
TESLA MODEL X
TOYOTA PRIUS PRIME

2017 World Urban Car

BMW i3 (94 Ah)
CITROEN C3
SUZUKI IGNIS

2017 World Car Design of the Year

JAGUAR F-PACE
MERCEDES-BENZ S-CLASS CABRIOLET
TOYOTA C-HR

 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Награди



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил