Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА      НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Македонија > Преставена и редизајнирана Octavia
 
Spodeli
15 март 2017, 23:48


Преставена и редизајнирана Octavia Škoda Octavia Преставена и редизајнирана Octavia
На денешната презентација на новиот SUV на Skoda, беше презентиранa и редизајнираната Octavia...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Како што најавуваат од компанијата, ŠKODA Octavia ги комбинира типичните предности на брендот и придонесе значително за растот на чешкиот производител со повеќе од 5 милиони продадени автомобили до денес. По сеопфатното освежување, третата генерација на моделот, кој беше воведен во 1996 година, уште еднаш ја нагласи врвната форма, како визуелно така и во поглед на технологијата. Во прилог на поголемата внатрешност и исклучителна вредност за вложеното, ŠKODA Octavia сега нуди повеќе системи за безбедност и поголем комфор, со што ја засилува својата одлична позиција во сегментот. 

 
Измени на дизајнот направени како дел од сеопфатната надградба на моделот овозможи ŠKODA Octavia  да има дополнителни единици за осветлување во рамките на предните светла, со кристален изглед, динамичен и емотивен севкупен впечаток. Отсега новите LED светла се достапни со Ambition нивото на опрема. Покрај видливиот дел кај новата ŠKODA Octavia вградени се нови високо - квалитетни материјали, широк спектар на мотори: четири TSI бензински и четири TDI дизел мотори, DSG менувачи како опција достапни за речиси сите мотори,  пет нови системи за помош на возачот со кои се зголемува удобноста и безбедноста, нов забавно - информативен систем, ŠKODA Connect - интернет услуги, забава, удобност и помош, како и неизбежните „Simply Clever“ решенија за секојдневна практичност. 
 
 

Škoda Octavia
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Македонија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил