Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА      НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Македонија > Промовиран новиот SUV на Skoda - Kodiaq
 
Spodeli
15 март 2017, 23:44


Промовиран новиот SUV на Skoda - Kodiaq Škoda Kodiaq Промовиран новиот SUV на Skoda - Kodiaq
На денешната двојна презентација, заедно со редизајнираната Octavita, Порше Македонија официјално го престави новиот SUV со знакот на Skoda ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Како што најавуваат од компанијата, најновите модели на Škoda ги пренесуваат сите предности на брендот: модерен дизајн, карактер, извонреден внатрешен простор, практичност и иновативна технологија.

Со лансирањето на новиот ŠKODA KODIAQ се вградуваат пет мотори, два дизел TDI и три бензински TSI мотори, со капацитет од 1,4 до 2,0 l излезна моќност која се движи од 92 kW (125 КС) до 140 kW (190 КС). Моторите со турбо директно вбризгување ги исполнуваат EU6 стандардите. Сите мотори имаат Stop-Start систем, со функција за обновување на енергијата при сопирање и моќен термо управувачки систем, кој придонесува за ниска потрошувачка и покрај големата моќност на моторите. ŠKODA KODIAQ зависност од моторот е достапен со повеќе различни менувачи. 6-степен мануелен менувач или DSG менувач со шест или седум брзини. Новиот 7-степен автоматски менувач со двојна спојка за прв пат се вградува со моќните мотори на ŠKODA со вртежен момент до 600 Nm.
 
Во продолжение пренесуваме тоа што компанијата имаше да изјави на презентацијата, а во некоја прилика кога ќе имаме можност да се запознаеме со автомобилот, секако ќе ги изнесеме нашите импресии и мислења. 
 
 
„Глобалниот пазар наметнува едно силно темпо кое ние постојано го следиме во чекор, и кое е причина што новитетите кај нас никогаш не изостануваат. Напредната технологија и новите модели ги добиваме паралелно со нивните европски премиери и ви ги испорачуваме во истиот миг. За вас секогаш го испорачуваме најдоброто, последната технологија, најновиот дизајн, за вас критериумите ги поставуваме секојпат повисоко и одиме чекор подалеку, планираме повеќе отколку што замислувате, а достигнуваме и повеќе отколку што очекувате“ - изјави Генералниот Менаџер на Порше Македонија г-динот Златко Муцунски посакувајќи им добредојде на присутните, додаде:„ Раскошни, безбедни и практични, совршено дизајнирани и прецизно изработени, нашите возила не се само превозни средства туку се ваш верен сопатник и сигурен партнер на сите патувања. 
 
Денес ќе ви пружиме не едно туку две нови задоволства. Таа (ŠKODA Octavia)- елегантна, атрактивна и освежена ќе ги измами вашите воздишки на прв поглед. Тој (ŠKODA Kodiaq) - моќен, впечатлив и самоуверен ќе ве освои и поведе во нови авантури”. 
 
„ŠKODA со првиот голем SUV влегува во сосема нов сегмент и освојува нова група на клиенти. Новиот ŠKODA модел е навистина силен и го прави брендот уште попривлечен благодарение на новиот концепт, фасцинантниот дизајн, лесното поврзување, поголемата удобност, безбедност и информации во реално време. Технологијата која се вградува во KODIAQ  е својствена за повисоката класа на возила, затоа новиот SUV на  ŠKODA е на врвот во својот сегмент. 
 
 
ŠKODA KODIAQ нуди повеќе од 30 „Simply Clever“ решенија, од кои седум се сосема нови “ истакна г-дин Миле Станчев бренд менаџер за ŠKODA и додаде: Особена чест ми е да ви ја претставам и новата ŠKODA Octavia која ја започнува третата декада од својата успешна приказна со докажани предности и нови квалитети. Сеопфатното освежување  на чешкиот бестселер се истакнува преку впечатливиот дизајн, рафинираниот  амбиент и големината на внатрешниот простор“
 
ŠKODA KODIAQ ги нуди сите предности на брендот: добро обмислена функционалност, супериорен внатрешен простор и одлична вредност за парите. Најголем багажник во однос на конкуренцијата и опционален трет ред на седишта го прават новиот SUV идеален придружник кој ги задоволува секојдневните барања.  ŠKODA KODIAQ е супериорен и кога станува збор за системите за помош на возачот, информативно забавниот систем и поврзувањето, моделот докажува дека Škoda има многу иновативни решенија, нудејќи технологија својствена за повисоката класа на возила, затоа KODIAQ е на врвот во својот сегмент. ŠKODA KODIAQ, го пренесува новиот дизајнерски јазик во SUV сегментот, а со тоа ја засилува емотивната моќ на брендот. 
 
Теренецот е погоден за бизнис патувања, но и за семејни дружења во слободното време, тој со леснотија вози надвор од патот.  LED светлата доаѓаат како стандард во задниот дел и ја имаат карактеристичната C - форма типична за ŠKODA. Моделот достапен е во 14 бои - четири стандардни и десет металик бои. Опремата варира во зависност од трите нивоа на опременост –Active, Ambition и Style. ŠKODA KODIAQ е долг 4.697 mm, широк 1.882 mm и 1.676 мм висок, меѓуоскиното растојание изнесува 2.791 mm. KODIAQ се базира на MQB платформата, а лесната конструкција игра важна улога. Јасниот надворешен дизајн е пренесен и во внатрешноста: двојните линии, со нивниот тридимензионален изглед ја истакнуваат инструмент таблата. 
 
 
Бројни новитети овозможуваат дополнителна удобност, на пример кај предните седишта предвидено е загревање, вентилирање и електронско прилагодување,  опција која вклучува и мемориска функција. Задните седишта на ŠKODA KODIAQ, исто така, нудат разновидни опции на преклопување и овозможуваат транспорт на предмети долги до 2,80 m.   Уште две седишта во третиот ред се на располагање како опција – со што ŠKODA KODIAQ е првиот модел од поновата историја на брендот со 7 седишта. Кога станува збор за пространоста тука ŠKODA поставува стандарди, багажниот простор кај ŠKODA KODIAQ изнесува 720 l, а може да се зголеми до 2,065 l. KODIAQ го нуди најголемиот багажник во својата класа.
 
Новите "Simply Clever" решенија кои се достапни со ŠKODA KODIAQ се уште еден доказ дека ŠKODA секогаш нуди автомобил кој вреди малку повеќе во однос на неговата цена – со системи за практичен и удобен секојдневен живот, типично за брендот. Ново „Simply Clever" решение е заштитата од рабовите на вратите, кое се активира автоматски при отворање на вратата на автомобилот и спречува контакт со ѕидот на гаражата или соседните автомобили. Кога вратата се затвора, пластичните амортизери сами се повлекуваат. Со ова "Simply Clever" решение ќе ги спречите ударите и гребнатинките на вашиот автомобил, како и оние на останатите паркирани возила. 
 
Иновациите продолжуваат и кај системите за помош на возачот тука се системот за влечење приколка, камери со приказ на просторот околу возилото, ретровизори со широк агол, Front Assist систем кој внимава на возилата и пешаците пред возилото, со систем за итно сопирање во градски услови, адаптивен темпомат, систем за движење во лента, систем за откривање на возилата во мртвиот агол, ŠKODA Connect Google Earth™ топографскиот преглед како и Google Street View™ .




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Македонија



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил