Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Маркет / Бизнис > Аферата Дизелгејт добива епилог - Volkswagen и официјално призна дека свесно мамел
 
Spodeli
14 март 2017, 00:32


Аферата Дизелгејт добива епилог - Volkswagen и официјално призна дека свесно мамел Volkswagen Passat Аферата Дизелгејт добива епилог - Volkswagen и официјално призна дека свесно мамел
Како што јавуваат одредени новински агенции од САД, Volkswagena вчера и официјално ја призна кривицата во врска со лажливиот софтвер. Ако се сеќавате, се работи за подесување на софтвер на начин што се мамат еколошките прописи, а со тоа и бројките за емисија на штетни гасови, па со тоа и потрошувач...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

На тој начин, со таков софтвер, според некои неофицијални пресметки, продадени се преку 600.000 возила.

 
Volkswagen се согласи да плати вкупен износ од 4,3 милијарди долари оштета. 
 
Ова е инаку најголема сума што американската влада ја има наплатено било кога од некој производител на автомобили. Штетите за Volkswagen не застануваат на оваа сума, проценката е дека вкупниот износ на штета изнесува околу 20 милијарди, главно заради поправки или откуп на возила со проблематичен софтвер. Тоа се бројки што може да се пресметаат. Она што потешко се пресметува е колкава загуба трпи компанијата заради загубен имиџ. Во Македонија не толку, од две причини - тука никој не се грижи за околината, особено не купувачите на Volkswagen, a уште побитно, во Македонија не е грев да се лаже нели, сите лажат и крадат, па никој не го зима тоа за зло. 
 
За разлика од тоа, во поразвиениот свет, каде свеста е на малку поинакво ниво, разочараноста од ваквиот однос на компанијата е голема, па со тоа и големи пасивни загуби заради нереализирани подоцнежни продажби.
 
Инаку, како што неколку пати пишувавме на Koli.com.mk, наивно би било да веруваме дека се работи за игра на добрите момци против лошите. Не е дека американските власти сега го откриле скандалот. За него се знаело, тој постоел, но имало начин и форма како да се скрие, секако, со солидно финансиско покритие на секој субјект што бил дел од целиот систем, процес што на кратко се вика мито и корупција. 
 
Играта е поголема од што изгледа првично. Сега на ред се електричните возила, луѓето треба да купуваат Tesla (американска компанија), па не се бира начин и средства како да се работи на PR, и на својот производ, но и негативен PR на конкурентот, особено што ерата на дизел автомобилите малку по малку го гледа својот крај. 
 

Volkswagen Passat
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Маркет / Бизнис



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил