Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ВОДИЧ ПРИ КУПУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛ              КОРИСНИ АВТО - СОВЕТИ        СОВЕТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ        ТОП 5
Насловна > Новости > Совети за безбедност > Опасност од испаѓање на тркало - Volkswagen повторно повикува возила на сервис
 
Spodeli
14 март 2017, 00:06


Опасност од испаѓање на тркало - Volkswagen повторно повикува возила на сервис Volkswagen Golf VII Опасност од испаѓање на тркало - Volkswagen повторно повикува возила на сервис
Како и многупати во изминатиот период, не само од Volkswagen, туку и од други автомобилски компании, се повикуваат возила во сервис заради технички проблем. Овој пат се работи за сериозен технички пропуст....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Причина за ваквиот повик во сервис, од официјално најголемата европска автомобилска групација, според RAPEX, e во фактот дека завртките за заклучување на тркалата не се затегнати според пропишаниот момент на сила, и тоа кај следните модели: Golf, Golf Variant, Scirocco, Passat, Tiguan, Touran, Sharan и Touareg, и тоа произведени во периодот од 8ми Септември до 22 Декември 2016 година. Во најкритичен евентуален случај, последиците од тоа би можело да биде испаѓање на тркало во возење. Да, добро прочитавте. Замислете, возите, и како на филм, си гледате тркало во ретровизор. 

Volkswagen сопствениците во Македонија не треба да се грижат, конкретно, се работи за модели само во Германија, Словачка и Шпанија, а како што знаеме, во Македонија не стигнуват исти производствени модели како во Германија на пример. 
 
Се поголемото масовно производство го зема својот замав. Колку повеќе различни модели и произведени автомобили воопшто, во згуснат временски интервал, толку помалку време за развој и тестирање, па затоа не е за чудење кога ќе добиеме ваква информација. 
 
Има една изрека, народна, мудра - Човекот можеби наоѓа решение за секаков проблев, но против времето едноставно не се може. 

Volkswagen Golf VII
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Совети за безбедност



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил