Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Новиот Swift претставен на саемот во Женева
 
Spodeli
09 март 2017, 23:23


Новиот Swift претставен на саемот во Женева Suzuki Swift Новиот Swift претставен на саемот во Женева
На 87миот по ред авто саем во Женева, Suzuki го претстави целосно новиот Swift. Продажбата се очекува да започне во Април. ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Долго очекуваната следна генерација на Suzuki Swift ја имаше својата премиера во Јапонија минатата година, а сега во Женева го имаше и своето глобално деби. Четвртата генерација на мега успешниот Swift носи целосно нов карактер - го задржува Swift идентитетот, но има целосно нов дизајн, младалачки, онака како и што се однесува на пат - динамично и спортски. 

 
МОДЕРЕН ДИЗАЈН
 
Со целосна почит кон актуелната верзија на Swift и убавината што ја има, но впечаток е дека новиот модел има селосно нов стајлинг и е левел-ап во однос на претходникот. Носечкиот А столб го потенцира традиционалниот Suzuki изглед, додека новите LED светла носат истовремено спортски но и елегентен изглед. 
 
 
Новиот Swift доаѓа со понизок вентар на гравитација и подинамична форма. Напред доминираат широката масивна маска маска во форма на дијамант и LED светла, странично дизајнот останува Swift-овски, со интересен дизајн елемент на т.н. летечки кров. Ваквиот дизајн на кровот особено нуди прилика за различни варијанти и бои на кровот, а кваките за задните врати поставени на B столбот даваат дополнителна уникатност на автомобилот. Новиот Swift доаѓа со нов преден и заден браник, голем преден спојлер, но и спојлер на кровот во задниот дел. Во задниот дел има и светла за магла. 
 
"Претставена е новата напредна технологија преку новата генерација на Heartect платформата", SVHS хибридниот систем и новиот безбедносен систем, изјави Kanji Saito, генералниот менаџер на  Suzuki Motor Corporation за глобални операции.
 
 
НОВА ПЛАТФОРМА
 
Новата генерација на Swift е базирана на HEARTECT платформата, која е полесна и покрута од онаа на актуелната верзија. HEARTECT платформата е различна верзија на B платформата на која е базиран Baleno, што значи дека новиот Swift нема иста платформа, нити со Baleno, нити со Ignis, што е комплимент плус и доказ за правилниот пристап на компанијата во креирање на различни модели, со разчлични вредности. 
 
Новиот Swift e и за 5% поекономичен во однос на актуелната верзија, која ионака беше најекономичен автомобил во својата класа. Тоа е постигнато плагодарение на развојот на комплетно нова ултра лесна шасија, за целосно намалување на тежината на 840Kg, што е за 120 Kg помала маса од актуелнито модел. Бидејќи е полесен, новиот Swift ќе вози уште поагилно од претходникот. А, ако се знае дека актуелната верзија е најагилниот и најдинамичем автомобил во својата класа, она што би го очекувале е мал градски болид. 
 
 
 
НОВА ТЕХНОЛОГИЈА, ЗГОЛЕМЕНА БЕЗБЕДНОСТ
 
Како што и би очекувале од нов автомобил, наменет за помлади купувачи, новиот Swift е опремен со мноштво технологија. Кај новиот Swift за прв пат ќе биде претставен "Аdvanced Forward Detection System", кој комбинира камера и ласерски сензор за напредни безбедносни системи, вклучувајќи автоматско сопирање при итни случаи, предупредување за напуштање на лента, како и асистенција при користење на долго светло. 
 
Покрутата HEARTECT платформа кај новиот Swift дополнително носи и повеќе безбедност. Swift користи и радар базиран на милиметарски бранови за овозможување на системот "Adaptive Cruise Control".
 
 
СПОРТСКИ ЕНТЕРИЕР
 
Внатрешноста e поспортска и со помладешки изглед - конечно од Suzuki се решија за малку помодерен дизајн на ентериерот. Сосема различен од претходниот ентериер, со спортски округли дисјплеј елементи, внатрешноста е малку поспортска, со очигледно ергономски дизајн. Централно е поставен 4,2 инчниот колор ликвид кристал мулти-информативен дисплеј, осетлив на допир, кој носи едноставност во централнта конзола. Новиот Swift ќе биде опремен со Apple CarPlay и Android Auto. Она што не интересира и за што ќе треба да почекаме, е да видиме во кое ниво на опрема ќе бидат достапни.
 
 
 
НОВИ ЕКОНОМИЧНИ И МОЌНИ МОТОРИ
 
Се уште чекаме официјална потврда на моторизацијата, но за очекување се 1.0 литрен турбо Boosterjet бензинец со 100КС и 150Nm обртен момент, во комбинација со 6-степен автоматски менувач, потоа 1.2 литрен бензинец со 90 КС и обртен момент од 118Nm со нов 5-степен мануелен менувач и подобрен CVT, како и 1.3 литрен дизел. Конкрениот модел на Swift претставен во Женева, е опремен со SHVS - хиридниот систем кој го има и Baleno и кој веќе ги освои македонските купувачи.
 
Секако дека се очекува и најсилна, спортка изведба. Интересно, од компанијата најавуваат дека за различни пазари суспензијата ќе биде различно подесена, но во секој случај, за очекување е дека за сите пазари, Swift ќе остане повеќе спортски настроен. Маниелните менувачи ќе останат 5-степени. 
 
Димензиите се 2450 mm меѓиоскино растојание, 1695mm ширина, 3840mm должина и 1525mm висина.
 
Од лансирање на втората генерација во 2004та, како прв глобално стратешки модел, Swift е компаниски најпродаван модел, со продадени преку 5,4 милиони автомобили досега. 
 
Вреди да се напомене и фактот дека целосното производство е во Јапонија, што е само гаранција за квалитет и доказ зошто Suzuki автомобилите се супер доверливи и со високо ниво на завршан обработка.
 




Suzuki Swift
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил