Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Arteon е замената за Volkswagen CC
 
Spodeli
07 март 2017, 23:25


Arteon е замената за Volkswagen CC Volkswagen Passat CC Arteon е замената за Volkswagen CC
Volkswagen на женевскиот авто салон претстави модел со име Arteon кој треба да биде замена за досегашниот CC или Passat CC како што е популарен кај нас, што значи се работи за купе лимузина базирана на Passat. Официјално, од компанијата се најавува како премиум Gran Turismo модел. ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Ако во минатото Volkswagen беше досаден со дизајнот, последните години, со секој модел пријатно изненадува. Arteon e истовремено и спортски и секси, но и со свој идентитет. што значи дека дизајнерскиот идентитет што го носи Arteon се очекува да биде одредница на идните Volkswagen модели. Особено е впечатлив дизајнот на предниот дел на автомобилот, кој е дизајниран на начин да може да се имплементира кај различни модели. 

Arteon се телеми на модулартната MQB платформата, а меѓу-особинското растојание изнесува 2841 mm, со димензии 4862 x 1871 x 1427 mm, што значи дека е 10 cm подолг, 4 cm поширок и 3 cm понизок од Passat, но и со 5 mm подолго мегуосовинско растојание. Освен што наизглед личи поспортски сите овие бројки само дополнително го потврдуваат тоа. Вреди да се спомене и дека волуменот на багажникот изнесува 564 литри, т.е. 1557 со преклопени задни седишта.
 
Од понудата на мотори, ќе има по 3 бензиски и дизел изведби, почнувајти со 1,5 литрен TSI бензинец со 150 КС, и 2.0 TSI со 190 и 280 КС. Сите дизели ќе бидат 2.0 TDI, си 150, 190 и 240 КС соодветно, со 500 NM вртежен момент на најсилниот мотор во bi-turbo верзија. 
 
 
Основниот бензинец и двете послаби 2,0 дизел избедби ќе имаат 6-степен мануелен менувач, додека останатите мотори ќе бидат со 7-степен автоматски со две спојки. Најсилните изведби и на бензискиот и на дизел моторот ќе догаѓаат исклучиво со погон на сите 4 тркала, а како опција за погон на 4 тркала ќе има и кај средниот дизел мотор (тој со 190КС).
 
Внатрешноста е класична Volkswagen од поновото време - не нешто посебно креативна, но симпатича, прегледна и ергономична, што значи дека на патниците ќе им се понуди значителна понуда на простор, особено на задните седишта. Дека очекуваме висок квалитет на изработка нема потреба од сомнеж, а како што доликува на автомобил што е во врвот на понудата на Volkswagen, купувачите може да очекуваат богата опрема, напреден infotainment и многу системи за помош на возачот вклучувајќи го новиот Emergency Assist со кој автомобилот автоматски ќе забавува па дури и целосно ќе го сопре автомобилот во ситуација кога возачот нема да е способен за управување со возилото. 
 
 
Продажба во Европа ќе започне на средина на Јуни, што значи во Македонија го очекуваме на почетокот на есента. Од Volkswagen најавуваат и можност како стандардна каросериска верзија дополнително да се приклучи и уште еден практичен караван. Се уште нема најави за цени, но се очекува тие да бидат во рангот на сегашниот Passat CC. 
 


Volkswagen Passat CC
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил