Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА      НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Македонија > Новата BMW Серија 5 пристигна и во Македонија
 
Spodeli
02 март 2017, 10:06


Новата BMW Серија 5 пристигна и во Македонија BMW Серија 5 - 2017 *  Новата BMW Серија 5 пристигна и во Македонија
Еден од најочекуваните луксузни модели на автомобили за оваа година, сосема новиот BMW Серија 5 ја доживеа својата македонска премиера во Скопjе. ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Увозникот за BMW во Македонија и Косово, компанијата М Кар во својот продажно сервисен центар во Скопје, ја претстави седмата генерација на најпродаваната бизнис лимузина во својот сегмент, BMW Серија 5.
 
Присутните имаа можност да се уверат зошто седмата генерација BMW Серија 5 важи за еден од најиновативните и најпрогресивните автомобили во светот. Софистициран, лесен и аеродинамичен, со луксузен екстериер и ентериер, автомобил наменет за успешни,  деловни луѓе кои ја сакаат страста и динамичниот живот, со високи стандарди кои ретко кој друг автомобил во неговата класа може да ги задоволи. 
 
Благодарение на иновативниот пристап во констуирањето и многуте алуминиумски компоненти, новиот модел е полесен за 100 килограми. Понуда на мотори за почеток ќе бидат  530i и 540i со 252КС и 335КС соодветно, како и турбо дизели, 520ки и 530ки со 190КС и 265КС.
 
Во блиска иднина се очекуваат и 520d EfficientDynamics за кој се најавува минимална потрошувачка од само 3,9 литри, plug-in хибридот 530i ePerformance, за кој најавената минимална потрошувачка стигнува до неверојатни 2 литри. Колки и да сме биле сведоци на ефиаксни и штедливи мотори од BMW, овие бројки ќе бидат тешко достижни во реалноста. На понуда ќе биде и најмоќниот 8-цилиндерски 550i.
 
 
“Минатата година BMW прослави 100 години од своето постоење, најавувајќи притоа дека во следните 100 години ќе продолжи со иновациите, и ќе се труди во секоја класа постојано да ги подигнува стандардите. На наша голема радост веќе на почетокот на оваа година ја имаме седмата генерација на премиум бизнис седанот на BMW Серија 5, модел кој се наметнува со својата спортска но елегантна и стилска фигура. 
 
Иновативен, динамичен, со атлетска градба и софистициран бизнис изглед, создаден од најдобрите материјали за комодитет, новиот BMW Серија 5 уште повеќе го нагласува чувството на луксуз”, изјави Александар Ордевски на официјалната промоција.
 
Новиот BMW Серија 5  е најпрогресивниот премиум спортски бизнис седан. Токму затоа го нарекуваат вистински Бизнис Атлет. 
 
Седмата генерација BMW Серија 5 ги има сите алатки потребни да се продолжи со извонредниот успех постигнат со неговите претходници. 
 
Како изненадување, еден до друг паркирани сите претходни модели на автомобилот кој буди емоции и не враќа во минатото, кога секојпат BMW 5 беше најпосакуван.
 
 
 
Досега се продадени 7,6 милиони BMW Серија 5 автомобили, од првите шест генерации, а само предходната генерација F10, е продадена во импресивни 2,4 милиони автомобили, со што значително се одвојува од своите најголеми конкуренти. Новиот миленик, BMW Серија 5  има импресивна аеродинамика со коефициент на отпор на воздух од само 0,22, прецизен дизајн се до најмалите детали кои допринесуваат за динамичен изглед и спортски дух до совршенство. Во него се вградени  иновативни, дигитални можности кои го прават автомобилот мобилна канцеларија од висока класа. Има дисплеј со широк спектар на бои кои овозможува јасна прегледност и дефинирано задоволство при возењето со прогресивен Driver Assistance System за помош на возачот. 
 
Автомобилот располага со персонализирани содржини за динамична интеракција, преку екран на допир, гласовен асистент и сензор за препознавање на движењата. Во однос на неговиот предходник, автомобилот има намалена потрошувачка до 12%, фасцинатна моќност на моторот и намалена телесна тежина до 100 кг, за ултимативно атлетско движење што овозможува подобрено управување  и уште поголема агилност на патиштата. 
 
 
Го карактеризира дополнително зајакната динамика, непобедлив line-up систем за помош на возачот, неспоредлив степен на поврзаност и иновативен оперативен систем. Со интуитивна практичност и богата удобност, автомобилот има зголемена функционалност, безедност и бројни "Едноставно Умни" идеи кои овозможуваат напредна врска меѓу човекот, машината и животната средина.
 
Новиот BMW серија 5 веќе од февруари 2017 е во продажба низ светот и во Македонија.
Достапни се моделите BMW 530i и BMW 540i со нови бензински мотори, BMW 520d и BMW 530d со нови дизел мотори како и 530е, М550i. Ги карактеризира исклучително ниска емисија на CO2.
 

BMW Серија 5 - 2017 *
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Македонија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил